Сакам да е така, но си го знам бебето :/. Еве сами сме. Правам појадок он до мене во дубак, одам накај спална он веќе плаче по мене...ако некој го држи а јас излезам он плаче и не се смирува додека не дојдам. Неколку пати и го имам оставено заспан на свекврва ми, а јас излегувам, кога се буди плаче и не можат да го смират и излажат додека не го земам јас во раце.. си имам трчано дома поради тоа :/ не заспива со друг и не јаде ако го храни друг... Претерана приврзаност е во прашање и тоа ме плаши :/
Ќе мораш да го навикнуваш што поскоро со други. Мене ми беше грешка со првото така, нонстоп со мене до две години, тешко седеше со други. Еве, и сега, на седум години секаде го носам со мене, за било што, оти не седи со баба и дедо. Ни дење, ни ноќе. Освен кога сум на работа, тогаш знае дека сум на работа, и нема проблеми. Проблем е ако задоцнам, дури и 10-15 минути, одма крева узбуна, иако сега ептен ретко се случува тоа. Ама проблем е што на пример со мм не можеме сами да излеземе, мора секаде со него да одиме. А со второво, од само раѓање го оставав со баба и дедо, на час-два, скоро секој ден без исклучок. Откако почна да јаде цврста храна, му дозволував да има по една дремка кај нив. Лека полека детето се навикна. И твоето ќе се навикне, нема да има избор, ќе видиш. Ама почни уште од сега. Да пробувате различни начини на смирување, а да не те вклучуваат тебе. Нема да биде лесно, ама ќе мора да се обидувате.
Свекрва ми и свекорот живеат во друг град и затоа било тешко поредовно да го оставам со нив иако се слободни, а моите работат и немало баш кога да го чуваат и така настана оваа поврзаност си знам ама немаше начин. Мм секој ден го шета или го игра барем по еден час без да сум со нив ама тоа не е доволно. Кога се расплакува дека ме нема плаче со мижење на цел глас без да перцепира звуци или да погледне дека му покажуваш нешто за да го залажеш. Само плаче и подава раце нагоре демек за накај мене. Така додека не го земам јас...додека дојдам 20мин плачење без престан не е знак дека ќе се навикне... тешко ми е што е толку приврзан, жално е толку мало душиче само јас да сум му се...не наоѓа утеха во друг :/ Можам да пролонгирам одење на работа најмногу уште месец ама тоа не е решение ...
Секако дека не е решение, а уште помалку да напуштиш работа, сите знаеме колку е тешко да најдеш нешто солидно. Те сфаќам што е проблемот, кај мене со првото немаше кој да го чува на почеток, моите во друг град, свекорот и свекрвата работеа, сега се пензионери. И така до две години само со мене беше, фластер. Во вистинска смисла на зборот. А кој ќе го чува?
Свекрва ми ќе го чува. Ќе доаѓа преку недела и ќе си оди за викенди. Ќе дојде барем две недели пред да тргнам на работа за да се навикнуваме, моментално има обиди само преку викенд, одиме таму и демек одам во друга соба, но не успева залажувањето ни 5минути без да ме побара затоа ептен се плашам а сите викаа ќе се навикне :/ Сега си мисла во градинка да не биде полесно покрај деца? Вака кога го носам на места кај што си играат деца си седи и си ги гледа. Не ме бара веднаш... Тебе кој ти го чуваше поголемото после породилно?
Не работев тогаш, почнав кога имаше две и пол години. Затоа така бидна. Сами бевме по цел ден дома, плус мм почесто во странство отколку во Мк. Не сме во заедница, ама во ист двор куќи имаме, затоа ми беше полесно со второво. Свекрва ти ќе мора на подолго да дојде, барем месец дена. Машките мислам дека се поприврзани отколку девојчињата, ама можеби и до карактерот е. А за во градинка, не знам што да ти кажам. Искрено, јас и мислев моево да го пуштам да оди во градинка, ама старите сами ми предложија да го чуваат. А мало е пред година да оди таму. Да ни се градинките некои екстра, ич немам против, ама знаејќи ја ситуацијата, по минимум триесет деца во група, како ќе им се посветат на најмаливе? Моево е запишано за од септември, ќе има две полни, уште сега ми кажаа дека ќе бидат 33 деца :/
Уф, во право си. А ние го запишавме за од септември, тогаш ќе има година и месец, муабетот беше да го скокнеме летово па за од септември нека е запишан а дали ќе го носиме ќе беше дополнителен муабет...7 Тешко е и свекрва ми да ја ангажирам иако се нафаќа, постара е, не живеат во Скопје... фала ти за споделеното искуство, се надевам ќе се пренавикне побрзо од што мислам Инаку од две години веќе е друго, таман е за во градинка според мене. Па и дома им е досадно на дечиња што веќе се разбираат и се прељубопитни. Со лесно и на вас во градинка
Мамички ајде малце помош Од денес почнав на работа,но моето бебуле шише никако не сака да фати,во 6:30 ја надојовам и излегувам е сега малце совет како пред спиење дали да и се дава кашичка млечна или...секој совет ќе ми биде добредојден
Мајки вечерва пред да го бањам синко забележав дека папочето му е зацрвенето и дека има како малку течено веќе засушено беше, утре, дали некој има вакво искуство? Утре планирам сабајле да го однесам до лекар посекако да го види.
@Igle Ако ти е зa утеха полесно ќе е кога ќе го чува дома. На позната средина, со неговите ритуали, играчки. Друго е кога одевте кaј свекрвати сепак непозната средина. Ќе видиш ќе се навикне. Потешко ни е нас отколку нив. Само биди спремна за после работа да имаш лепенка Сега кога ќе се вратам нон стоп се тегни по мене. Неможам ни до вц да одам.
Мајки, дали може од плунката да ми кашла детето? Има ноќи која по неколку пати ќе се закашла во спиење и ќе се разбуди. Бевме на лекар се е добро, гради чисти, нема црвено грло, нос не тече. Докторката ми вика од тоа што вади заби и се собира плунка и кашла. Совет од вас?
Moze da. Potkreni go duseceto ili stavi na pernica da spie ama da e legnata od polovinata ne samo glavce
Моето синче исто се закашлува од плунката ,ама не во спиење вака преку ден се случува неколку пати да се закашла од плунка .
Кога се во процес на вадење заби се лачи поголемо количество плунка, самата плунка ја ублажува болката ( на гугле има за ова ). Еве го мојов од вчера почна со кашлање преку цел ден на моменти. Ова прв пат за 12мес. Никогаш не кашлал на вадење заби, но еве сега искачаат наеднаш 4ки и 3јки горе. Денес го однесов во Авицена крвна слика и ЦРП за да се видиме да не има нешто. Грло океј и све си е океј. Ја контактирав педијатарката ми го потврди она погоре што го пишав. Така да и кај вас е тоа чим останатото ви е океј. За да си раат ако немаш направено, напрај крвна слика и ЦРП.
На малата окото кај внатрешиот агол и е црвено, прснат капилар има, од што може да е ? Да ја носам ли на лекар?
Мами помагајте излудени сме со мм , малата е 11+ од вчера качува симнува темп до 38 сируп милум силум даваме , се водеше као некоја вироза , денес к.с леукоците доста покачени 10 е макс кај неа 18 , црп исто доста покачено нз точно ама и тоа мн рипнато .. освен антибиотик цефалекс мисл ништо др .. и ставам облози темп исто и игра сируп далерон давам а истуширав , де веселка де кенкава .. Најмногу не маче што уста не отвара ништо не јаде едвај некоа лажичка овошен јогурт што и спремив и тоа со сила , течности да не зборам од утрово до сега се на се 100мл да има испиено со маки борење .. { не цица , и не е ни на ад) Што да се прави , се плашам да не омалалкса или дехидр .. Совет @joy1 @Annath @Lolipop23 и секој останат би ви била благодарна , сами сме со мм луди млади и нервни
@Poppins т до 38 не е страшна и не се симнува со антипирептик.Ако веќе сакаш да даваш сируп а ти го плука тогаш имаш опција чепче.Инаку црп се качува и при вироза незначи секогаш дека е бактериски.А и леукоцитите до година мислам дека се нормални до 15.Тоа пак зависи од параметрите во различни лабаратории. веќе сте добила аб стрпи се сега да делува ден два.Мојата имаше 4 дена до 39 качуваше и покрај аб.После 4 тиот ден ко ново дете беше. водичка чајле оладено лажичка по лажичка.Супа,цитрони ,лесна храна.Колку јаде толку не ја форсирај може и грлото ја боли па не јаде.Давај и пробиотик заради аб
Овде у лаб така му навеле на мж ми јас не ги ни видов рез ,оти одма кај матична ги даде .. Проблем е чим виде јадење - лајче уста затвара и бега се врти , па дури и ќе спиште ако а форсирам .. Аб сега пред некој сат дадоме прв пат ( на 12ч треба ) далерон и дадоме два пати оти доста кенкава и темп оваа .. За грло ни наведе - малце црвенко , ама не било опасно , е како бе а знаеше да црка мора да јаде .. утре треба лепенка за урина да и ставам , како ќе успеам нз слушам комплицирано е . Каков пробиотик да и земиме оваа не ни даде ништо , претходно имам давано во комбинација со аб на др волз, како ли беше , прашоче е се раств со вода ..
јас линекс бејби давам на малата.Во вода го растварам и така пие.Знам има провен,пролајф ама немам искуство со нив.Кој и да земеш ке ви биде од корист. инаку ке почне да делува аб и ке и биде подобро ке видиш