@LanaDelR не можам да ти пишам лп кој ти беше краен термин? За да видам дали сте во скок. Едно сабајле излегов па мм сменил памперс. Утредента јас менувам мм ме гледа вика што му правиш зошто плаче? Викам па вчера ти како успеа. Вика епа така лежи не мрда и сменив. Ама ова на 11+ беше. Мислам дека ние сме мама и чека нешто друго од нас. На пр ако менуваме памперс а тоа сака да цица, ако му даваме вода а сака нов памперс, ако почнеме да го бањаме а е гладно... Ова само моја претпоставка. И кога го храни мм секогаш јаде а од мене не. Па откако откривме таа должност е на мм. Иако така прават нас најмногу не сакаат. @Igle од 3-4 месеци секој втор ден ама два пати се случи по една недела да не го бањам од што немав сили бев преморена. Според мене не треба секој ден но нашиот менталитет македонски ете таков е. Не е страшно ни секој ден ни еднаш неделно само е подобро да не е секој ден барем не во зима.
@Igle јас откако се стопли го бањам секој ден, се поти. Првиот месец бањав само секој ден, потоа на 2 дена и зимава заради сува кожа на 3 дена. Еуцерин користам од почеток (потоа сменивме адерма) , топла препорака да си купиш масло и млеко за тело и ти ќе си го користиш
Ми поминало времето за редактирање на претходниот пост. Веќе пишав еднаш дека детето ми е приврзано со мене мнпгу. @Annath фала на споделеното искуство и совети, но уште еднаш ми треба мислење од тебе и некој друг стручен или со навистина слично искуство. Во понеделник секако одам и на советување ао педијатар. Ме загрижува состојбата. Ни минута не седи во раце кај друг. Ни татко, ни дедо ни баба, ни под услов да сум во собата не седи, се подава накај мене ако не го земам се расплакува. Ако е кај друг а јас мијам садови он кенка, ако излезам од собата плаче...кога сме сами немам проблем, он си игра или лази јас работам низ дома и го занимавам со зборење од време на време... Со стегнато срце го пишувам ова верувајте, не делува нормално и здраво однесувањето и приврзаноста... а се друго си е супер со него, активен е, прати и разбира, се врти кога го викам по име....не знам како ќе се надмине ова...свекрва ми почна да седи кај нас демек на адаптација и нема никаков резултат. Сите викаат ќе плаче два дена и толку ама не е ова нормално
Нема зашто загриженост, едноставно некој деца се многу поврзани со мајките и со тек на растење ќе сменат. Ова од искуство на блиски ти го пишувам. Иначе јас сум 24/7 со мојов 13мес. Во 13мес го имам оставено 2 пати. Еднаш на 10мин зимово кога отидов до Зегин во комшии ми е ( имаше 6+мес ). А вториот пат бев на кафе во Капитол и само што го нарачавме кафето јас станав и се вратив, синко урлал зајдувал (10+ мес ). Од прв ден сама го бањам ( породена со царски ). Само јас го ранам и ден денес го дојам кога сака и колку сака. Освен јас друг го нема изнесено надвор. Кривицата е моја си признавам не дозволував на никој нит пелена да му смени нит да го бања. Пелена мм дали 5 пати му сменил ( не го бива за мењање и ради рефлуксот само ја мењам ) Со мене спие од 1виот ден. Периодот до некој 7-8мес идеше кај други во раце и немаше проблем. После тој период еве до ден денес он кај никој неиде и со никој неседи. Ако го земе некој или ме нема на видик почнува да плаче и да се треска од земја, како да го колат и без престан вика МАМА МАМА МАМА се дур не го земам. Ни кај мм не иде освен ако е е ептен разигран и во екот на еуфоријата сега кога веќе оди. Кога некој непознат или близок му се доближува да го погали или му прозбори, почнува да плаче и да вика МАМА МАМА и подава раце да го земам ( ако не ми е во раце ). Веќе 3мес ни у џампер ни у дубак седи ни 2мин. Дур му спремам јадење со една рака го држам седнат на судопер, во раце ми е и праам јадење на шпоред. Во спротивно зајдува и се ака од земја. Некогаш ми е убаво чувството на таа приврзаност, ама некогаш полудувам ме препотува од нервоза. Навечер ако се разбуди и го земе мм тоа е хаос којзнае шо мислат комшииве дека му праиме. Ама никогаш не го сметав нит сметам ова за загрижувачки. Такво е детето и 90% децата кој се 24/7 со мајките и се на доење се вакви. Ќе сменат со тек на време ( гледајќи ги децата кој биле вакви исти на другарките ). Зашто сметаш дека не е нормално ни здраво? Нема ништо зашто би била загрижена. Нормална појава е кај повеќето деца и со тек на време ќе сменат па ќе ти фали да е вака приврзан Никогаш не би го оставила да плаче и зајдува со намера да го навикнам/адаптирам да е без мене ( како што ме советуваат некој ). Кога ќе е спремен он тогаш. Уживај во периодов краток е. Кога ќе почнат да трчаат, дружат со деца, да идат во градинка и како растат нема да сака да е толку со тебе. Јас затоа искористувам сега дур можам и не сметам дека оволкавата болна приврзаност е нешто загрижувачки. Е напорно и само кога спие навечер имам малку раат, ам не би го мењала ова за ништо. Еве ја сестра ми е трудна со второ. Првово никогаш не беше приврзано со неа. Еве ја скоро секое гледање вика дека многу сака второво да е вака приврзано.
Сметам дека за емотивниот развој на бебето не е добро за него да постојам само јас како опција со која сака да поминува време. Велиш и твоето исто, а поголемо е барем 3 месеци од моево, значи веќе е во фаза кога уште повеќе разбира и сеуште така се однесува, искрено тоа не е добро. Не сакам сега на 9 месеци, ниту утре на 15 месеци да не постои друга личност која ќе го забавува и кон која ќе е накконет барем кратко. Мама секогаш се сака најмногу, и би било океј после 20минути активно занимавање од некој друг да му здосади и да почне да ме бара ама ни 2 секунди да не издржува кај друг не е убаво за него. Јас се ќе издржам, колку време и да е потребно нема да излегувам без него ниту ќе го оставам со друг, но траума му е секое мое исчезнување од видикот. За една недела тргам на работа. Знаеш колку ќе плаче? Сигурна сум дека уште не стигната на работа ќе треба да се вратам...не сакам детето да ми липта и да му се руши светот зошто ме нема. Очајно си барам решение иако знам нема освен да пробам да го оставам да се исплаче, а жал ми е и страв дека ќе му остави последици ако плаче еден или два часа без престан. Инаку и мојот е еднаш само чуван од мајка ми на два часа кога имаше 3 месеци, татко му си го чуваше по саат два без проблем до пред месец ипол и сега тоа се смени. Како разбира поприврзан е, не е обратно. И мене тоа ме плаши, ќе одам на педијатар во понеделник, може со глупа причина ама ако треба и детски психолог ќе барам за да ја разгледа ситуацијата. Секој знае најубаво за своето дете. Мене не ми е нормално сабајлево да станеме, да дојде татко му да легне до нас, да го земе на себе за да го поигра а он да плаче и да се тегне накај мене а јас сум залепена за нив...и кај мене да е се ок....што знам може претерувам ...
Приврзан и да се треска од земја? Не се сложувам и како Игле мислам дека не е ок тоа. Ај за пола саат да му се здосади, и мојата така прави. Ако ја држи некој што она не го знае повеќе од 10 мин ме бара одма мене, се врти дали сум тука. А еве кај мајка ми без проблем седи и сметам дека тоа е добро. Секако треба и јас да одам некаде сама да завршам некоја работа.
@Igle мислам дека сте отидени во крајност од приврзаност Се слагам со @sofi2107 дека речиси секое мало бебе/дете ја минува таа фаза на претерана приврзаност со мама, секако има исклучоци, во моја околина најразлични случаи сум сретнала, ама ова твоево ми е излезено од контрола. И не не е нормално, посебно што и со татко му не поседува ни минута. Но Софи е дома и уште е дома па фазата може да потрае па колку и да е слична/различна, но ти ќе тргнеш на работа па ситуацијата за брзо мора да се промени. Опција освен да се исплаче не знам дали има друга викаш свеки ти е на гости па оставај ги сами на некое време, можеби најдобро по некоја дремка за да не те гледа дека си одиш, он ќе заспие со тебе, кога ќе се разбуди освен свеки друг да нема, можеби и мт еветуално.. Ќе плаче ама ако свеки е упорна ќе игра, занимава, можеби твои слики да му покажува, видео со тебе снимете нека гледа, гласот да ти го слуша.. знаеш што најмногу го интересира па сподели со свеки, со труд ќе имате успех. Како ти го смируваш и го местиш во раце, така и она нека прави и да зборува, ќе вришти ама со едно, со друго ќе пробаат и со нешто ќе има ефект. А за плачење ќе плаче, за барање ќе те бара, нека го води и свеки во секоја соба да му објасни дека не си тука, разбира па нека те бараат, нека објаснува жената дека мама е на работа, дека ќе дојдеш.. Вака како што објаснуваш се однесуваше синчето на една другарка, таа напушти и работа, прво свеки да чува јок, па ај мајка и ни тоа, градинка бетер и напушти. До пред школо си го чуваше само она, секако со тек на време се осамостои детенцето, сега е голем е гајле нема, не би рекла дека има некакви последици. Но беше до голем многу приврзан, мама да го љуља, мама да вози кола, мама ова, она се со мама, ниту сам со детенце не сакаше да игра и мама мора. Ама за второто мислам дека од 1м го оставаше по баби и дедовци, пред 1год во градинка го прати
Види да се разбереме овде не станува збор дека малиов мој не седи со мм или мајка ми. Таман работа. Но, тоа не е ни приближно исто како пр. внук ми кој можеше и може со сати без сестрами и зетот. Јас сум 24/7 сама со малиот. Мм и на пат иде некад по некој ден. Тоа е премногу нормално за детето да е премногу приврзано со мајката. И да, не сум го оставила не зашто не сум можела туку зашто несакам. И не неми смета и не е воопшто ненормално да е бебе/дете толку приврзано за мајката. Не е своиствено и не е ок доколку станува збор за големо дете. А бебе или дете до 2г е сосема нормално. Доколку станува збор и за дете кое е на доење. Кога дете е на АД шишето може кој сака да го даде и не исто како и со начинот на доење. Ова го тврдам зашто најмалце 20 примери ми се во тесен круг на пријатели па и внук ми. Дома немам кој да го нарани со оброк освен јас еве 13мес. И? Како дете да јаде од друг неразборам. И лично јас мојот во градинка до 3г не го давам. Он со деца во парков па и со внук ми си игра секој ден. Но, едноставно нејќе кај непознати во раце нит кај некој кој не го знае. И да се треска од земја фигуративно. Таман работа да легне и да се мава од паркет/бетон. Трескање од земја е за поимот плаче и подава раце да го земеш или вика Мама. Сосема нормално во детскиот развој. Таа поврзаност се губи кога детето ќе се осеќа самостално, кога нема да зависи од држење за рака, кога се плаши или осеќа несигурен, кога го боли нешто и незнае да каже итн. Со самото растење негде после 18+мес и повеќе, самите деца почнуваат да се пуштаат од сигурноста на мајката. Т.е. немаат толку голема потреба како до тогаш. Го распознаваат светот, луѓето и своите способности и сакаат да се самостални зашто така се осеќаат демек големи. Јас секоја обврска од банка, пазарење, фризер, забар итн ја завршувам со него и задоволство ми е да е со мене. Ако е мм со нас он го дружи дур јас ја завршувам работата. Ете за тебе не е океј или за Игле, но за мене е сосема во ред и нормално оваква поврзаност. Можеби игра а можеби и не улога дека сепак моето е чекано точно 13г и поминати хорор патишта па верувај дека буквално не би можела ни 10мин да не ми е во видокруг. Може за некој ете не е нормално ама јас уживам во оваа приврзаност. Може ако даде Бог наредно ИВФ да е успешно моме нема да сум ваква со второто, но со ова е подруго. И како што кажа @emkaemka јас не работам ( напуштив ) па може и затоа не ни работам на тоа да детето го отргнам од оваа приврзаност. До 3г не го давам во градинка па за после отом потом.
Колку и да се оправдувате не е нормално ниту пак добро претераната приврзаност на детето со мајката до тој степен да не сака со друг да биде и да не седи со друг ниту секунда. Едноставно не е добро тоа. Врската и приврзаноста со мајката се градат првите 5 години од животот на детето, тие се најважни години. Меѓутоа потребни се и други луѓе околу детето за да остварува комуникација со нив. Не е исто кога комуницира со мама и со други. Мојава се смее на сите, во сите оде, не плаче по мене ако ја оставам, иако сме заедно по цел ден. И не ми е криво што е така. Точно дека мајката е најпотребна во првите години од живото, aма не и единствена личност. Каква комуникација ќе има со другите тоа дете ако по цел ден не се деле од мајка му?
Тоа си е твое мислење. Ама мене не ми е нормално. И нема врска доени недоени деца. Колку знам доени, па седат без проблем кај други луѓе. А замисли ете да мора на работа да одиш како Игле. А тоа може да му остане така и понатаму. И мојата спие со мене, по цели денови е со мене, јас ја ранам(адаптирано млеко сами јас и давам. Кај мм и мајка ми одвај пие, се врти дали сум тука) , шетам се. Може до самото дете е што знам.
@forumce потполно си во право, ама ако имаш таква можност да оставаш бебе со друг, да ти доаѓа, сум пишувала и претходно јас немам ништо од тоа, мм ако го проврти 1-2ч тоа е. Верувам и @Igle е/била со слична ситуација..
Мојот беше како на Софи. Мислев дека ќе е многу тешко кога ќе појдам на работа бидејќи ни 2 часа нема седено без мене. Од луѓе трпеше само мене татко и баба му. Никој друг. Од секој плачеше. Искрено многу лесно се навикна на мајка ми која го чуваше кога појдов на работа. Сега-скоро година подоцна не може да замисли ден без другарчињата од маало. Се во свое време. Ако Софи мисли дека е мал онда е мал. Мајка најубаво знае за своето дете. ..
@sofi2107 тоа што не го чекав син ми 13год не значи дека не го сакам и дека ми смета што е приврзан затоа што сакам да шетам без него. Ниту мислам дека има врска дека е приврзан зошто е доен. И бебиња на ад знаат да бидат приврзани за мајката. Веројатно има удел карактерот на бебето но и ситуацијата во која бевме( немаше кој да го чува освен јас, мм работи и хонорарно, моите исто, неговите во друг град живеат). И ете твоето поседува со татко му и мајка ти моето ни секунда. Има разлика. Луѓе ни секунда не претерувам. Еве сме сами. Работам ако сме во иста соба, а тргнам во друга се расплакува... Секогаш си помислувам, не дај боже да ми се случи нешто макар да е обична повреда да треба да прележам во болница, како тогаш ќе седи? Наеднаш да ме снема е траума за детето сигурно и сакам заѕоа полека да го поднаучам дека може и некој друг да седи со него. Да не збориме дека не сакам и не можам да не работам. Не е нормално да не може да го чува друг 8 часа како секое друго дете. И да и мене ми годи приврзаноста, и неговите подадени рачиња се најмилото нешто на светот но сеуште стојам на ставот до оваа мера дека не е добро за него и може да му остане и понатака ова како ппголемо дете може многу да смета во развојот.
@emkaemka Ако некој нема баба сервис да доаѓа и го чува одредено време, верувам дека има пријатели кои доаѓаат на гости и си играт со детето и го занимаваат. Барем ние имаме такви. Сигурно не се сами по цел ден и не остваруваат комуникација со други. Еден ќе го земе,друг ќе го земе и детето се опушта. И мојава ретко ја оставам со бабите, ама кога одиме на кафе,на гости постојано е со нас. Колку повеќе луѓе има толку и е поинтересно, па и ако некој друг ја земе е кефна ептен. Кога ја оставам некогаш и после си дојдам е ептен среќна што ме гледа, кога некој ја држе знае да ги подаде рацете кон мене. Ама тоа си е до детето. Да не сака да седи со татко и и да ме бара,плаче и пруже раце кон мене, а јас до неа, не е нормално тоа, освен ако не и се јаде. И јас мојата ја доам, само јас ја хранам, ја пресоблекувам (ретко кога мм), ја шетам и носам со мене, ама таква приврзаност немаме. А не сакам ни такво да ми е детето.
@forumce секој ден е шетан со луѓе, кафичи и игротеки, скоро секој ден гости а секој викенд кај двете баби по еден ден, кај моите и преку недела го носам дури и нема врска ете!
Јас искрено не знам како да ти помогнам, освен да ти кажам да го оставиш да се исплаче. Не е решение, ама не гледам друго чаре. Големиов мој е седум години, и не најдов начин да не е толку приврзан за мене, не само за мене, туку и за татко му. Не дека не седи со други, седи, оди секаде со други, оди без проблем во школо, одиме без проблем на работа, разбира дека тоа мора, ама кога треба да пазаруваме, да завршиме некоја обврска, одам или јас или мм, двајцата сами без него нема шанси. А не секогаш сакам да го малтретирам да доаѓа со нас, реално нема потреба, досадно му е. Си признава и самиот, ама упорно доаѓа со нас. Додека беше помал, за да излеземе сами го лажевме дека одиме на работа, и затоа најчесто преку ден излегувавме, ама сега веќе ни тоа не пали. Тешко е кога е детето приврзано, барем еве, со моево гледам. Како да има некој страв дека ќе го оставиме ако не го земеме со нас, до толку што почнува да вреска на секој мој предлог што да прави додека не сме ние дома. А нема да биде сам, ќе биде со баба му и дедо му, и секако брат му. Секогаш има што да прави дома, а со нас, навистина му е досадно и најчесто седи во кола и пека да си одиме побрзо и е нервозен. Малото нема мака од таа гледна точка, се навикна, кога не ме гледа не ме бара, ама кога сум му во видно поле, е тогаш е интересно. Ама во глобала, не прави проблеми. Не сака да оди кај луѓе кои не ги знае, што е нормално, ама брзо се опушта кога ќе се навикне на нивно присуство. А големиот до некаде пет години не сакаше ни муабет да прави со непознати. Сега нема гајле.
@forumce во овие 5.5м ние 2пати сме биле на гости, нас истите 4ри пати ни биле и уште едни други еднаш беа, се на се толку На повојница речиси никој не ни бил за да бебе ете и така се меша меѓу луѓе.. Плус зима, вируси, настинки па не ми ни требале
Може погрешно ме сфати со муабетот на чекано дете. Секое дете е сакано од својата мајка и таман работа да и смета на некоја мајка ако детето е приврзано со нејзе или дека помалку ќе го сака ако без мака родила. Може и погрешно се изразив,но немав намера да ме сфатиш на тој начин. Сакав само да ти доловам момент дека ете има мајки на кој им смета таква приврзаност, а ете ме една сум од тие која е посесивно приврзана за малиот. Секоја мајка си го сака чедото таман работа да не си го сака. Но, потенцирав за исчеканоста во смисла дека јас лично јас неможам и несакам да е поинаку од ова како што е сега. Можеби има моменти кога ми смета, но сепак тие се малку на број. Кај тебе е сосема поинаква ситуацијата. Ете викаш твоето неиде ни кај мм ни кај баба. Мојов еве во моментов се заспива со мм. Ако почне мама мама да вика тогаш се појавувам. Да имаш прилика да го видиш, он се радува највеќе на мајка ми. Со внукми се пола ден заедно. Во парков со дечињата исто. Но, кај непознати несака да иде. Ако сме на гости или имаме гости му треба време да се прилагоди и опушти со луѓето. Што е сосема нормално. Пробај заедно со мм и малиот гушкајте се, бакнувајте и збори му. Исто и со баба. Јас еве и ден денес го гушкам и бакнувам внукми и него во исто време и му зборам дека бато е умен и дека си го сакаме најмногу. Исто така и со баба му и со мм секој ден правиме. Па и со сестра ми и остали. Па откако ќе го напраиме ритѕалот он се заигрува и јас дур не почне да ме бара си зимам време за себеси. Ете ти ќе почнеш со работа и подруга е ситуацијата. Но, од искуства на други биле тешки првите неколку дена за бебе па после е песна. Бебињата забораваат и не се плаши никаква последица неможе да им остане ни траума. Сепак не е 2г па и повеќе. Ќе го разиграат, пуштат музика, цртани, од соба во соба итн и ќе се опушти. Секој ден оставајго по малку. Прво по пола час па зголемувај го времето на адаптација ( исто како во градинките што прават ). Све ќе биде супер кога ќе почнеш со работа колку и да ти е сега на мисла тоа како и што ќе биде. И престани ( знам си многу помала од мене и како на пријател ти каживам ) да мислиш дека е ненормална оваа ваша приврзаност и дека ќе остане така или дека нешто не е океј. Со кој сакаш психолог, педијатар, неонаталог збори ќе ти каже дека е сосема нормална фаза која набрзо ќе се смени со твоја помош се разбира ( помош во смисла да полека го адаптираш на други луѓе ). Земи го во предвид дека и кога вадат заби се некој деца такви. И не ское дете е исто како ни не секоја мајка која е иста. Ќе видиш дека колку и далечно да ти е сето ова, за некој месец ќе ти е смешно зашто си била волку загрижена кога дете ќе сака поеќе да седи со други и тебе ќе те турка дека нејќе да седи со тебе, дека повеќе сака да е со другарчињата, баба или со тато Имаш прекрасно дете кое сака нај ама најмногу да е со мама и само со мама. После ќе сака да е само со другарчињата.
Се надевам дека за месец ќе ви пишам дека за ништо сум се грижела Благодарам што се обиде да најдеш налин да ме советуваш и утешиш. Ти си во предност што седи со мт и баба му, моево да седеше со нив не ќе се потресував толку...како и да е ќе видиме што ќе биде за некоја недела.
Ќе се вмешам и јас во темата. И за мене не е здраво толкава приврзаност. Треба да се навикнува детето на други луѓе. Како што има детето потреба од мајка, татко има потреба и од баба, дедо, други луѓе и дечиња. И јас бев по цел ден со малата, си ја носев секаде со мене и сеуште ја носам ама има места каде што неможеш да ја однесеш. Не за нас дека е така подобро, туку за неа. Вистина дека не е невозможно да се заврши работата ама сигурно е подобро да седи со некој отколку да се влечка на 0, -5 по институции. Исто така според мене е здраво да си посветиме неколку часа одвреме на време со мм сами заедно, на кафе излезени. Осеќам грижа на совест кога ја оставам ради тоа, ама потребни ни се и такви моменти. Вистина не секој ја има таа можност да ја остави со баба, но доколку ја има мислам дека треба да се искористи. Иако сите ми велеја да ја навикнувам од помала, јас почнав накај 7 месеци и видов доста мака. Малата зајдуваше по мене. Главата си ја чукавме со мм. Како ќе почнам на работа, а немав опција да ја напуштам работата. Полека полека со упорност и трпение пред се, се среди. Срцето ме болеше кога седев во другата соба и ја слушав како плачи. Од сето ова едно заклучив. Самите сме си криви за се. Кога ќе се сетам кога ќе одев на гости кај мајками и ќе ми речеше дај јас ќе ја наранам, преслечам, заспијам, јас категорично и велев не.