Може само џумка да има. Не паднал на цеа глава, не се плаши. Па за брзо врме се јавуваат, поспаност, повраќање.. нека си легне не го држи будно
За паѓање да се пријавам и јас си се тешам јас "не не се врти не може да падне не се тркала" но ми докажа спротивно. Плачеше и мм ја заигра и пееше нешто, веднаш почна да се смее ко ништо да не било ја фаќав на главче не реагира џумка нема ноџињата си ги мрда ко вообичаено. Да не заборавам јас плачев повеќе од неа
Фала ти, среќа ни џумка нема, еве го игра писка, си ги јаде ноџињата сега не ни можам да го успијам. Истоооо.. Арно кажа @wannaBeMomma така растат децата, иако јас не можам да се помирам, да не беше масичката ќе паднеше доле врз кучето (барем на меко)
Мајка секое дете сакале мие или не, мора да падне и да се чукне, некогаш помалце некогаш повеќе. Ехеее чекај да проодат. Е тек тогаш ќе паничиме.
Знaеш кaкo велaт? Кoгa децaтa ке пaднaт, бoг им стaвa перничињa зa дa не се удрaт, прaти јa дa не имa реaкцијa сo пoврaќaње, и нaпиј се нештo.
Ангели нека ги пазат во оној дел од секундата кога ќе го свртиме погледот од нив. Добри сме мајки фала на грижата
Уф се надевам дека е од забите и кај нас. Уште нема ни 1 забче, а на последна контрола на 31ви кога го однесов ни кажаа дека само што не пробиле, но ете уште ги нема Ќе почекам уште некој ден, ако не испадне забче ќе го носам пак да го видат, вака само мисла ми е.
Баш сакав да прашам како сте. Среќа и моево е добро, да не се повтори, уште ми се плаче кога ќе се сетам.
Колку што успеав да слушнам од ѕверкава дома. Зборуваше за патувањето, ако е со кола да се прават почести одмори да се вади детето од седиштето, повеќе течности вода, цицање, лесна храна, внимателно со климата во кола да нема голема разлика од надворешната температура. Детето над 25 степени да биде облечено само по маичка по кратки и памперс без чорапчиња. Да се носи " домашна аптека" по препорака од педијатар. Нормално да не се изнесува детето кога е најтопло да биде соодветно заштитено и обавезно да се примаат пробиотици, недела пред одмор, за време на одмор и недела после одморот. Да се внимава ако детето повраќа често да се однесе на лекар. Тоа успеав да слушнам.
Мм си запишуваше на лист,сигурно ќе го изгуби за една година Зборуваше за патување со авион ама не го фативме убаво тој дел,знам дека ќе летате па прашај си го и за тој дел.
Па пиши тука скрин шот правам па во тефтер се ќе оди напишано Циркуз мајка ќе бидам,што ќе прашувам после, отвори тефтерот и готово
Мајки ве молам некоја со вакво искуство? Од цуцлата му се прави знам, ама неколку месеци е вака. Некогаш ќе се смири, за 2 дена пак вака. Мене ме боли кај шо го гледам, а тек него. И го чеша. Мачкав пантексол, адерма, еуцерин, миев со хиперманган, сега и природна маст од невен го мачкам и со ништо не поминува. Ми е страв да не му остане флека.