Скендер да пробате?! Дерматит да не е?? Доктор го видел?? Ако е од цуцето или учетесе без него или менувај фирма..
Мене девојчето ми имаше такво слично ама на стомакот, бевме во систина кај др. Демерџиева ни кажа дека е атопичен дерматит и дека треба да се избегуваат сите алергени и да не се користи омекнувач за алишта само течен прашок за осетлива кожа и да ср плават алиштата два пати, ми даде маст да мачкам но не и ставав, намалив со омекнувачот и редовно ја прскав со алое фрст и и помина, сега нема ништо.
Најдов една тоа пластичното свртено наопаку ама не ја сака. Цуцла бара само за спиење, некогаш спие со неа, некогаш ја плука, преку ден никогаш не ја бара така да цуца на празно. Да и матичната ми даде една крема не памтам како се викаше ама знам дека беше кортико и ми беше страв појќе да го мачкам, па и рокот помина. Имавме цуцла од нук, чико, бебедор и сега томи типи и исто од сите. Ќе пробам со една препорака па ќе видиме.
Јас мислам дека не е од цуцето, мене на дерматит ми личи, а од цуцето и лигите се доиритира.. Да видите и со дерматолог! Кремата Скендер наводно не е со кортико, ама човекот некажува кој е составот па е енигма, но нас само таа ни помогна, кој сака нека е составот лом беше Инаку мојов се исфрла од кравјо млеко, па ако доиш пробај смени исхрана, јас исфрлив и алергени и се па веќе некој период е под контрола..
На адаптирано е скоро од почеток. Вака почна од негде 4-ти месец, уште малце ќе е 9 и ми се чини се полошо е. За Скендер сум слушнала ама не сум од Ск и немав прилика да одам, ама и не беше до олку лошо па се надевав ќе помине со некој крем. Ама сега дефинитивно мора да го носам на лекар.
Majki nekoja iskustvo so Arnica zrnata?Ovde vo Ch mnogu gi koristat za decata.Se mislam dali da kupam.Ima i gel i zrnca.Jas gi imam koristeno za mene pred ivf, samo ne ovie so se za bebe
Незнам од каде си, ама човекот што ја прави колку што знам е од Битола. Тука колку што знам син му ја продава. На колешка моја на времето од таму и носеа, пред да почне тука да ја продаваат
Мами синко почна да не ми го пие ад млекото 10+ сме што да правам многу ми е страв да не се метни на мене јас сум израснала без млеко а се друго си јади што му правам
Мајки на 9м има скок во развој така? Не знам што и стана на малата таман некој ред со спиење си фати и мирно бебе си беше освен што не е спанка Ама деновиве плаче и по неколку пати на ден што е навистина чудно. Не е плачење липање ама плаче цимоли кенка, досаѓа или вреска се лути. Сака повеќе во раце, нејќе во количка, потешко заспива инаку стави ја во количка и одма ќе се заспие. Сега е нервозна, плачлива и не и се погодува Скок ли е? Заби? И приметив ја искасале комарци, што да и ставам како превентива против комарци, а што на веќе каснато? Спреј, крема за неа, нешто за дома? Затоа што тие места кај што е касната баш и се вцрвиле и големи крукчиња и се направиле
Има скок на 9 м. За прскање против комарци јас зедов од зегин едно во зелено пакување не знам како се вика ама е за бебиња над 6 м и прскав на околу мишките и на вратчето позади не на рачињата и ноџињата оти цело време и се во уста. Каснатото освен со пудра со цинк оксид (како онаа за сипаници) не знам со што друго би можела бебе да мачкаш
Мајки со "бесни" бебиња како им спремате ручек? Појадуваше сабајле и нон стоп активен, си реков покасно ќе сварам компирче, тиквица да не бидат стоени. Во меѓувреме цело време со него, сака занимации и ај некако успеав "да му избегам" да ставам да се варат.. Но не ги дочека и за побрзо му дадов млеко да пие.  Прашањето ми е колку предвреме го варите зеленчукот?
Ништо страшно, ако јаде кисело млеко, јогурт, сирење, доста му е тоа. Има спрејови за превентива, веќе ти пишале претходно, а за веќе каснато, да не се чеша, има едно спрејче во ДМ, на природна база е, јас го користам кај моиве, вака изгледа (ептен е малечко, ама ефикасно) На сликава има и гел и спреј, јас го имам спрејот, гелот го немаше во ДМ. Ама да знаеш, содржи алкохол. Затоа не се мачка/прска во големи количини. Јас од претходен ден имам варено. Ама не компир и слично. Инаку може да ги ставиш од сабајле, ќе бидат варени таман за ручек, само ќе ги испасираш.
Ти благодарам. Среќа е што те имаме на форумов, баш читам и стари постови за исхрана и слично, секогаш си тука да помогнеш на сите. Секоја чест.
Оф душа мила, син ми исто се направи и најпрво ни помогна мелемот на скендер, а после извесен период почна да не ни делува. Сега веќе кога ептен многу изби и почна да се повторува многу често направивме тест за алергија преку крв и испадна дека е алергичен на бета лактоглобулин ( кравјо млеко ). Го однесов во Систина кај Баџакова и ни кажа дека е егземска алергија ( атопичен дерматит ) . Ни даде терапија и се среди. Сега пак знае да се исфрли по телото но за 3-4 дена исчезнуваат па препишувам на вруќаници. Се надевам дека нема да се повтори истото. Не е од цуцлата и јас така мислев.. лигите и цицлата само дополнително ја влошуваат состојбата. Мој совет ти е да побараш мислење од некој стручен.
Малата има на внатрешната страна на усните и на врвот од јазикот бели наслаги и околу устата црвени точки. Дали се работи за кандида? Ќе ја носам на лекар после, затната е и има зелени мрсули, ама да слушнам и од вас искуство
@forumce Имавме ист случај, земи една газа натопена со камилица и помини преку јазичето ако се вади млекце е,ако не тогаш се работи за инфекција.Ништо опасно само мораш да одиш на док ке ви даде гел во нашиот случај тоа беше Daktarin. На два пати премачкување исчезна и од тогаш не се појавило пак.Само мораш брзо да делуваш бидејќи се шири и на гениталии.
Консултирај се со док тој ке ти каже најсигурно што и како е.Не паничи бидејќи ова се случува на децата што ставаат секакви предмети в уста играчки и слично.Сето тоа е прекриено со бактерии и одма ги фаќа.На моево од тоа му беше све што гледа мора да покуша в уста да стави.Обавезно оди на док ке ви даде нешто.Со лесно