Делува како кандида според пишаново, ама ништо страшно, намален е само имунитетот. Повеќе пати ние фативме зимата. Чистев само со сода бикарбона. Во филџанче растворав едно лажиче и со газа на прстот чистев устето. Од мое искуство, помагаше и содата ама си се чистеше повеќе самото со зајакнување на имунитетот. Да напоменам дека ни нистатин не помогна.
Нистатин и дадеа. Вчера бевме ама покасно,докторката до 16ч работела па сабајлево отидовме пак. Јас вчера ја премачкав со раствор од сода бикарбона и скоро го снема белото, малку само имаше. За дундето ми кажа дека повеќе личе на вруќници. Тоа што и е затнат носот, ја прегледа не и е црвено грлото, гради чисти па само физиолошки ќе и ставам во носот.
Кога им ги сменивте цуцлите лажалки за поголеми? Ние имаме 6+ ама некако големи ми изгледаат па уште користиме 0-6 месеци.
Ако му смета на носето тогаш голема му е. Ако не смета онда не. Јас сменив кога направи 7. На почеток и мене ми делуваше голема ама уствари таман си беше
Да, фала ти многу. Мм е убеден дека мешето го мачи, гасови... ама јас не сум раат. Ќе си проверам за секој случај. Само уште нешто. Битно ли е кога ќе се земе мокрачата и дали стандард се носи во Адриа лаб на пример.
Јас не успеав со кесичка да му земам никако, и го соблеков гол, му наредв играчки го занимавав, а друг чекаше со чашка кај курето така три пати му зедовме Ние во адриалаб носевме, со упат 14 денари е, без упат 200 денари. Зборам за уринарен статус, уринокултурата е поскапа.
15мес скоро секој месец проверуваме мокрача ( поради проширување на бубрежно каналче привентивно ). Ќе купиш 2-3 ќесички и 2 кутивчиња обавезно! Зашто.... зашто кога ќе ја ставиш ќесичката несмее повеќе од 30мин да е на него ( поради голема веројатбост да поже дека има нешто ) ти камувам од искуство зашто првиот пат незнаев шо и како и испадна ешеријаколи во Адриа лаб па испадна дека грешно сум земала примерок. Тасич од Детска клиника и Дафина специјалистот вака не советуваше ( па 15мес вака терам ) : Кога ќе стане од спиење ќе го однесеш во вц и доле ќе го измиеш убаво, машко имаш колку што разбрав и обавезно ќе му ја повлечеш кожичката и ќе ја измиеш и главичката на к..то. нема со пешкир да го бришеш, ќе го легнеш на спална и обавезноооо ти да си со чисти раце ( јас користам секогаш антибактериски гел ) ќе ја отвориш ќесичката....делот кој е жолт како П буквата ќе го свртиш обратно П и ќе го наместиш под ку..то П и ќе земеш вода дај да пие или да цица ( или АД незнам на што сте ). Му пуштам на моб песнички или цртани. Ќе го смееш, гулицаш и ќе се измочка. Пелена нема да ставаш значи ништо така голо со ќесичето. Кога ќе се измочка ( не повеќе од 40мин да стои ќесето, ако поминат 40мин пак миеш раце и ставаш нова ќесичка ) ќесето ќе го извадиш и ќе го свиткаш горниот дел да се залепи и ќесето ќе го ставиш во кутивчето ( кутивче за зинање мокрача ). Одма ја носите во лабораторија. Од мокрење до носење до лабораторија нетреба да помине 1ч да знаеш. Мој совет во Авицена да проверите. Мокрача со упат е беспари до 1г,а уринокултура е 350ден. Едит :ја обично во Авицена се јавувам и закажувам домашна посета ( за да не пафтам дете ) и доаѓаат ем му зимаат крв за крвна слика и уз пат им ја давам мокрачата.
Срц нас вака ни кажаа па и на секој сајт тој податок стои. Тасиќ и Дафина се специјалисти нефролози и го водат од раѓање. Па терам како што ни кажаа. Мокрачата објаснија дека не е убаво повеќе од 1ч да помине до носење во лабораторија за уринокултура. Зашто 80% во тие случаеви ќе даде невалиден резултат. http://avicenalab.com.mk/mk/Izvestuvanje/Kako-Da-Se-Podgotvite За бебе/дете несмее повеќе од 1ч да помине од зимање до носење до лабораторија поготово летно време. Зашто сепак бебе/дете не му се зима прва мокрача нит среден млаз. Затоа и за бебе/дете одма ја ставаат на анализа. Ова го кажувам зашто од ден на раѓање со ова се пафтаме секој специјалист кај кој сме го однеле на контрола/совет/мислење ни го кажаа ова и така терам. За нас возрасните е друго, па и некад после 2ч сум носела ако се запафтам по дома нешто. http://www.simptomi.rs/index.php/odojce/1233-uzimanje-urina-kod-bebe
Точно е тоа, и ние одма ја носевме не ја чувавме ич. А,за мене кога носам гледам до два часа да ја однесам. И ние бевме кај Тасиќ му правеше ехо оти имаше еритроцити во урината, супер доктор е Не искара зашто сме го малтретирале детето со мокраќи цело време, еритроцитите биле од кожичката на куренцето , не сакаше да го малтретира ни со ехо но на наше инсисистирање му направи..