Мајки малата ми е 10мес,ја запишав во градинка ама ќе почнува од септември кога ќе има 1год. Ја оставаме на чување кај нашите и тоа не многу до 4ч мах, и она таму е супер, јаде, пие, спие се шетаат. Но кога доагаме да ја земеме само што ќе не види плачки невидени се. Како ќе се навикне во градинка ако вака праи. Се мислам дали да почнам за викенди да ја оставам да спие кај моите? Само се плашам да не и е голем стрес
Мајки, дај кажете како ги занимавате бебушите. Малава е скоро 10 и само со играчки тропа, фрла, става во уста. Не ја интересира ништо. Дај и шише и нејасреќна е. Имам грижа на совест дека не ја анимирам доволно. Давајте идеи. Стварно не знам веќе што да правам со неа.
Тој период го учев на куклите кај е око,нос, уста. Па како цица бебето ( зимав поголема и помала кукла па демек цица бебето кај мама и дрн денрс се смееме коа ги гледаме клиповите што сум снимала ). Игравме " ѕе " он раце да става на очи или крпче и праевме " ѕе ". Па ај да пукне, здраво, чао итн. Редевме коцки кула па се радуваше кога ги буткавме. Највеќе се радуваше на " ринге ринге раја "на моментот кога ќе кажев " сите деца чуч "и он седнуваше. Му ги ставав чорапчињата ( секогаш ми се како во кругче спаковани во фјока ) во кутија и го учев како кога ќе ги извадиме да ги враќа едно по едно во кутија. Во безенот му ставав од топчињата ( од Џамбо купив 3 паковања некој 150 топчиња ) и внатре седеше и му беше најзабавно. Му имав земено и од она музикалното како синтизајзерче и на него имаш животни, како ги стиска испуштаат звук па учевме кое животно како прави ( ден денес му е забавно ). Исто и на моб апликацијата на Хип ја симнав еве и ден денес 15+ него му е забавно онаа со животните па као ги погаѓа (поима нема ) и со боите исто и таа му е забавна. Симни ја апликацијата на Хип и направи го моб на македонски за да е и апликацијата т.е. зборењето на македонски јазик. Супер апликација е за деца и учат преку неа.
Не ти го разбирам прашањево? Иста поента како кога ги учиме и како со лажица се рани па ги ранат куклите. Или тогаш што би било поентата кога се учат децата да си играат со кукли и шишиња па ги учиме да ги ранат со шише? Ете истата поента и со цицање - како цица бебето! Имаш за ова и на јутуб па и по сите портали на доење за ова. Не гледам ништо лошо па и не поучно да знае дете како цица бебе, куче, маче итн. Не е ниту безобразно, настрано ниту пак лошо едно дете да знае процес на цицање и да го покаже на кукла, играчка мече, куче итн. Сосема природен процес и не гледам да нема поента како и за све што ги учиме. Незнам зашто бодеше во очи тој дел зашто нетреба да знае како цица бебето или зашто е машко бебе/дете? Зашто многу дечиња во наше друштво знаат да покажат како цица бебето и машки и женски без разлика дали се доени или на Ад.
Пак не ми е јасно ама небитно. Цицањето е инстинкт не се учи. Па и да цицало или не. Што дека ќе го учиш на дете од 10м како да цица . Небитно. Мене ми е без врска. Во ред ми е ако гледа некој како цица да му објасниш, ама да покажуваш специјално не. Каква игра е тоа, не ми е јасно.
Ти дефинитивно не сфати па ја ќе ти објаснам! Каде пишав дека јас на 10+ сум го учела како да цица? Знае како се цица зашто цица скоро 16мес. Каква врска имаше инстиктот на цицање со дете да држи две кукли и да покажува цицање? Инстикт нема бебе/дете да покаже на кукли како е процес на доење/исхрана! Мајката го учи! Како што ги учиме све остало. Тоа е основа да знае дете све. Како што се учат и да ранат животни, процес дека малото маче цица од мајката мачка ( и остали животни ) , како што го учиш да држи салфетка и да си брише уста, дека дадите се гушкаат а не се тепаат, го учиш на гушкање и бакнување, го учиш да соблака кондури итн да не редам. Така да учењето на бебе кукла како цица/се рани од кукла мама е сосема нормален. За тебе ете е без врска исто како што за мене е без врска твоето размислување.
Смирено женска. Поучни игри има куп. Ќе научи се . Не мора баш да му покажуваш на 10м. И да без врска ми е! Интерактивни игри за веќе поголемки деца има колку сакаш.
За да не се вртиме во круг женска....јас не ја измислив играта! Играта е измислена од мајќи доилки, лактациски консултанти, психолози, педијатри итн. Имаш страни за доење светски најпознати на фб, на гугле имаш, сајтови, блогови итн. Таа " игра " ја измисли најпознатиот светски лактациски консултант, доктор и писател dr.Jack Newman! Па пиши му на него дека ти е без врска оваа психолошка игра кој он ја советува со децата до предшколска возраст. Па ќе ти објасни зашто и како делува таа игра на детскиот психолошки развој. Да ти признаам јас сум ептен смирена и кул, не сум женска туку жена од 38г Само иритантни се некој изјаснувања од поединци од ракав истресени без претходно да се прочита нешто и да се разбере зашто како и што се некој игри, битно е да се искоментира и да се правиме дека све знаеме! И пак не ми е јасно што толку боде очи учење на бебе/дете за процес на доење! Имај убав ден Овде ја завршувам разврскава. Dr.Jack Newman најубаво ќе ја објасни поентата на играта
Мајки ве молам за совет ,малиот ми се исфрли во неделата вечерта ситни бледи црвени точки ,на стапалата ,на препони меше и на вратчето ,бидејки вчера сеуште беше нафрлам го однесов на матичен да го види докторкава пошто имаше веќе затворено само го ѕирна во кола и рече дека најверојатно се работи за коксаки ,напоменав дека не оди во градинка и дека нема никаков друг симптом освен осипот ,напротив он си е супер ,активен, си јаде си игра весел си е ми рече да го следам ама дека она е сигурна дека е коксаки .Дома комшијата ни е доктор и беше надвор кога се враќавме го замолив и него за мислење рече дека осипот кој го има синчето нема врска со осипот на коксаки дека најверојатно станува збор за осип кој се јавува од премногу топло и сонце и дека ќе се повлече сам од себе .Немам памет што да правам дали да го однесам и на некое друго место да го прегледаат или не ?
Прати дали ќе му се направат на дланките и околу и во устата. Коксаки осипот се јавува на стапала, дланки и уста. Кај ќерка ми така беше, ама внук ми, целиот се исипа. А тт нема?
дефинитивно НЕ е коксаки. ова е од топло. Коксаки не се појавува на меше и врат. Стриктно дланки стапала и внатре во уста. Малиот мој го лежеше.
Коксаки оди со температура. Мислам дека не се работи кај вас за тоа. Ама за да бидеш начисто, направете крвна слика, ќе покаже вирусна инфекција ако се работи за коксаки. Ќерка ми кога имаше, прво нешто беше температурата која едвај спаѓаше и со блокмакс, а после изби осипот на стапалата и дланките и личи на варичела. Направи кс, ако е чиста, од жешкото му е дефинитивно.
Мајки бебе 3ти ден со висока тт. Малку намалува од далерон или блкмакс и пак се качува. Грло малку црвено, брз бриз за стрептокока негативен. Крвна слика ниски леукоцити (на долна граница) и ниски тромбоцити. Тоа што мр загрижува е што попладнево околу устето забележувам теи ситни бубулички/брунчиња и што бебе спие веќе трета дремка денес - воопшто несвојствено за него. Не е спанко а деновиве многу спие - ок си викав истоштен е....ама почна да ме јаде црв да не е коксаки? Како да детектирам рано? @LiliBoz мајка те молам сподели нешто, ептен се загрижив... Едит: ете слика, може ќе се смеете и врска нема со коксаки ова ама ја излудев
Ниски леукоцити обично укажуваат на вирусна инфекција. Прати дали ќе му се појават на стапалата и дланките. И да е коксаки, не можеш ништо да превземеш. Вирус е, само треба да помине, нема лекарства за тоа. Освен мачкање со некое средство за осипот, за да му олесни.
Сега и пратив на матичната слика на вибер, ми рече не може да потврди да го следам... електролити и течности и тоа е тоа...се надевам лесно минува ако е тоа...