Мајки ајде совет. За одмор имам земено за синко Зиртек за алергии Блокмакс за температуа Камагел Електролити Топломер Хидроген И нормално оние останати за сонце, комарци ислично. Дали ова е соодветно и доволно за бебе 12+ или нешто да менувам/да земам дополнително
Јас на сето ова би го додала пробиотикот(Линекс давав) и смекта( за повраќање), ентрофорил( за пролив)
Уф со оглед на неговата ситуација и при температура ќе палиме кола и назад, така да не дај боже да дојде до антибиотик ќе се прибираме сигурно. Фала на препорака во секој случај.
апсолутно. Се надевам се ќе помине во најдобар ред. прашав мислејки и вие мака со бактерии да не имате...
Фала имаме 39 тт Ние имаме тт39 со 5 не сака да се спушти бевме на доктор сируп ни даде и утре крвна слика да видиме дали е вирус
Нека мине! Ставај чорапчиња со оцет разреден со вода, туширај го почесто ако дозволува( без мокрење на главата), ќе мине.
@Ano ако дојде до пролив, не дај Боже, ентерофурил/фурал на своја рака немој. Исто како што не би давала друг тип на антибиотици, така ни овие немој. Јас се чудам како толку мајки ги даваат од ракав за обичен пролив, а се даваат само во строго индицирани случаи. Пробиотик ќе биде доволен и нема штета да го даваш секој ден поради промената на климата. Убав провод и опушти се!
Мене и двата педијатри не ми кажаа антибиотик. Не ни земав. Уствари тоа би било давање на своја рака. Од кај да знам ако се разболи вирус ли бактерија ли. Ако дојде до таму , недај боже, назад
Мене ми кажа. Без антибиотик не се оди на одмор, поготово не од каде што можеш во било кое време да се вратиш. Јас за жал и имав потреба од него.