Па нека се здрави тоа е важно Но, сепак малку ми е криво зошто по цел ден останувам во кујна откако почнавме со храна, и на крај стави само 160 гр. Но тоа е.
Ама чекај сеа. јаде ли? јаде. Што е проблемот? вагата ли? знаеш ли дека дебелината е виновна за 50% од болестите? патем за совршена моторика баш во овој период кога е не е потребно да има вишок. Само ќе го кочи.
Родена е 4400 гр. сега на 1 година стаса до 9400 гр . ,ни фалат 3800 гр . Од мај до сега има качено само нешто повеќе од 1 кг. Докторка ми вели супер напредува да не се секирам , дека била многу активна. Дали сите успевате да ја тродуплирате родилната тежина ?
Малава не. Веројатно покрупно родените бебиња не ја тродуплираат тежината на годинка. Па и женска е држи линија како мојава. На годинка околу 9 кила имаше а требаше 12 да има за да ја тродуплира. Значи 3 кг помалку.
Пишав погоре, 21 месец има синко и уште нема триплирано родилна. Се роди 3980, на годинка имаше околу 9500, сега е 10800. Ко што напредува ни на 2 години нема да триплира. Не се секирај, поголемите родени деца не растат со тој интензитет како малите, а твојата баш големка се родила, 4400 машала.
Мајки бебе е 8+ почна денес да му тече носето. Што да направам т.е дадам, некој совет ако можете? Педијатарот не ми крева на телефон да се консултирам
Јас би ставала само corine de farme физиолошки раствор. Така сме правеле и истекуваа мрсулчињата. По една капка неколку пати на ден.
Моментално дома имам капки Синомарин, да и ставам од тие и колку? До сега не сум ги користела не сме имале потреба. Гледам тече носе и одма паничам да не крене температура, сама сум дома вечерва и одма паника ме фаќа. Фала ти многу
Можеш синомаринот се супер ,јас конкретно ќ,користам синомарин не се секирај не е ништо страшно можеби само малце настинала ,можеби вади заби ќе следиш ќе видиш како ќе биде .
Мајки би ве замолила за помош, ќеркичката е 15+ и последниве 2дена се што јаде го чува во уста 10мин па после го мели па голта, еден оброк ни трае по саат ипол, дали било лепче дали месо дали јајце небитно го чува во уста иначе катниците се скоро до пола што може да биде? Фаза, нов заб, ... Да се смешам и јас во темата за килажа родени сме 3600 а на 15м имаме 9100
Дали е нормално бебе 11 месеци да кака по 5-6 пати, а еднаш и потечно? Кутрото лом е на газето црвено цело. Досега по 1-2 пати какал и сега чудно ми е, си викам да не јаде многу? Има 5 оброци од нив 2 млеко. Anyone?
Моето има 8 месеци и кака 3/4 пати на ден. И јас мислам од што може да биде;после храна одма кака.Но педијатарот ми вика дека е ОК.
Пред јадење, после јадење, некогаш само шо сум му сменала пелена пак се искакал, зато се мислам дали е нормално?
Тука во Германија Педијатарот ми кажа до 6 пати демек било нормално. И јас бев загрижена и мислам поради тоа не качува килажа. Сепак , ти си знаеш. Прашај го вашиот педијатар.
Мамички малата веќе 10 дена растечено/затнато носе. Апетит нула. Пролив 3 дена, а крвна слика уредна. Не спие по цели ноќи од носето. Ставав 3 дена оперил ама немаше подобрување. Инхалирам и аспирирам колку што ми дозволува. Како може со уредна крвна слика сега па и пролив?