За истово прашав и јас пред некое време . Период е, се навикнува на запчињата, само трпение. Кај нас две недели траеше . Јас лом бев, со крв по бодито само. Заспивањето кошмар. Ќе цицаше и на крај касни ме. Ми се плачеше ко ќе дојдеше време за спиење, едно од шо си играше со касање и незаспивање а друго од шо ме болеа и без цицање. Ама помина, фала му на Бога. Само трпение, како секој период и овој ќе поминит.
Лелееее ланолин се намачкав но боли пече ми се плаче...вака не ме болеа на почетокот кога се породив и кога почна да цица...страшно е...ах се надевам дека ќе пројде поскоро...со страв седнав да го дојам знаев дека пак ќе ме гриза а цуцлата од шишето не го гриза одма цуца пие...лажливка цуцла не сака од 3м... Фала мајка на одговор
@emkaemka какви се тие чорапчиња ? Баш не лизгаат или ? Имаме ние пивеќе со топчиња како од силикон ама пак се лизга . Гледав од бебе хоум ама 450 ден пар
@ada21 вчера на дете му купив и топлинчиња и вакви чорапчиња од х&м (ама исто скапички 540 ден се) , отсабајле гинпробавме и деф. со овие чорапчиња ќе останеме ем му држат топло и не лизгаат а и мекани се
Ako prasuvas za doma strogo boso, a za nadvor najubavo "running" model na patiki. Najubavo se vitkaat
Аа ова е друго, не се ич скапи за вакви тие од бебе хоум се баш обични чорапчиња и да земеш 5,6 пара за менување многу е . Значи вакви да земеме штом ги фалиш
Од Џамбо ги земам, на штандот на Ипанама, од лани им се намалени на 390ден, регулар 520ден ама немаат уште нови донесено. Во однос на лизгање ОК се, по ламинат иде мојов и колку толку му се сопира ноџето. Еве ги најновите @pile30 знам лани купи и ти едни како маче од Вајкики, каде ти се?? Јас баш ги најдов моиве сабајле, 19ка се, топ му се, ем меко тоа долу и не се лизга, ем нагоре како чорапче, па и штосни се и за искачање И овие на Ели не се лоши
Имам и јас ко на ели од ХМ.имам и од ваикики исти. Чорапчиња со гумички доле има секаде. И во ваикики има. 3 пара 150 денари. Дур пишувам ми текна дека имам подебели од ХМ кои ги кренав дека топло беше
@ada21 како на Ели земав од кај нас на центарот чорапарата. Ќе сликнам од дома. 200ден. И Сара Фешн има исто.
Има осило на каснатото?? Ако да мора да се извади со стискање се гледа, како црно оставаат.. Ако не замоткај во крпа мраз и држи на местото нека стои некое време, па потоа некое кремче за убоди намачкај. И следи да не е алергичен!
Излезени бевме и во парк го касна. Добар е сигурно нема алергија. Има црвена точка на местото на убодод, да му помини малку па ќе пробаме да го извадиме. Многу плачеше.
Се случува, без паники. Друг пат чим сте биле надвор одма трњајте со малку песок. Сега држете мраз, да нема оток и ќе мине, нека се смири па прегледајте дали има осило, обично многу ретко оставаат.
И мојов скоро го касна прв пат (на 3год, твојот мн мал го начекала ) кај една баба на пазар Освен оток ништо др немаше, отече така доста (на челото го касна) и за некое време си се повлече отокот и остана уште некој ден црвенко па помина, црна точка немаше барав и јас...