@mariz исто три дена, колку и температурата. Мојата имаше по цело тело, со тоа што најмногу на лицето и торзото, а на рацете и нозете помалку, ама сепак беше насекаде. Ќе исчезне одеднаш, брзо како што и се појавува
Ме чуди што во неделата сабајле и се појави (после трети ден темп), само на грб и меше, до препони, и малку на образите... ама надворешно како да е, рапаво на допир, повеќе на алергија ми личеше. Денес на нозе, стапала, од страна на стапалцата дури нови појавени... Знам синко кога имаше, осип одеднаш, до другиот ден изчезна...
@mariz исто беше и кај мојата, рапавко и прво на торзото и малку на лице и се појави, а веќе следниот ден и по нозе и раце. И на стапалата имаше. Не е алергија, розеола е, вирус само со темп и осип. Трае и до 6 дена, 3 темп и 3 осип. Ќе пројде
Ние во англија кога бевме исто вала ни се случи И докторката каде што го носевме рече дека е нормално и дека он уствари не осеќа ништо нит го боли нит чеша. И ни покажа за ранчиња кога има да ја лизгаме раката по кожа односно прстот ако исчезнуваат не е ништо страшно ако стојат кога ја теглеш кожата значи има нешто. Не знам колку ме свати Ама сметам дека не е ништо страшно.
Ќе пробам така, некако многу е рапавко и надворешно. Аама може така се манифестирало кај неа.. Еве како изглеа.. на нозе шанса нема да ја сликнам, мрда ептен. Сликава е од завчера, тука прво изби..
Исти имаше син ми и рапавки. Ама баш исти И за мене беше загрижувачки о бевме на врза помош дека изгледаше страшно а уствари не е ич. Тоа е осип од темп Исто скроз беше Без грижи.
Vi ja pustiv krvnata analiza plus CRP 28. Tri dena temperatura, nose rasteceno, zab izleze vtor. Kako e, spored vase mislenje??? Hemoglobinot nizok li e
Мислам треба антибиотик и лекови за хемоглобинот. Покачени црп и леукоцити, немоглобинот малку паднат, веројстно ради болеста. Јас би антибиотик да ти препишат. ПС. Кажи после, амоксицилин дека ти дале ))))
Hmgb na mali mu bese 110/111 i dr mi rece ako na covek 7 pati potezok od nego hmgb treba da e 135 sto ti ocekuvas kolku da mu bide na ova dete. Logika ima ili nema ne znam ama takov odg dobiv i produziv da davam se sto i prethodno bez terapija. Koga e okolu 90 tuka davaat sirup inaku jok.
Вироза е. ЦРП до 50 е вирус комбинирано со ваква кс. Ако беа леукоцитите покачени, тогаш да, ќе беше бактерија, ама вака вирус е. Хемоглобинот со храна ќе се оправи, немај гајле. Знам дека имаш мака со јадењето на малото, ама ќе пројаде.
Нема логика. Вкупните леукоцити се ниски, па и гранулоцитите се на долна граница како директен показател на присутна бактерија. Правевте брисеви, која бактерија се потврди?
Кај синот стрептокока во нос(трицеф 7дена), а малата имаше страшно воспаление на уво со секреција.( 4 дена беше со лендацин со инфузија и 7 дена со трицеф. Сајковски рече дека и кај двајцата почнало со вирус (кој ми го донесе другарка дома) и продолжило со бактерија. Малата инаку беше 7 дена со тт, на 4ти ден кмаше и осип а тт продолжи па на крај се јави увото. А синот исто имаше 3 дена тт, па по некој ден слаба тт, пиеше 7 дена панцеф по 24ч повторно тт и на брис стрептококата
Значи кс сте правеле додека бил активен вирусот. Бактериите после тоа се накалемени. Затоа не се прави кс при прв ден покачена температура, се прави покасно, после 24 часа најрано. Секаде кс се практикува дури после три дена константно покачена тт, само кај нас одма боцкаат.
Не боцкав одма. По два пати и двајцата ама не веднаш. Не сум паничар и не трчам одма по лекари, бев убедена дека е вирус и ќе мине. И стварно било вирус ама и нешто друго после. И после неколку дена даде таква кс. Се надевам зад нас е сето тоа, стресен период многу, поготово инфузиите. Си ќарив болки во желудник па ја викнав лунербата на помош