Ќе почне да јаде. Ќе огладне, ќе те нема тебе, ќе отвара уста на се. Пробајте некогаш со свекрвата, тебе да те нема, таа да го нарани. Ама гладно остај го, едно саат ипол-два да не е цицано, ни јадено претходно. Иначе и моево не јадеше, сега повеќе од други јаде, кај мене пак изведува бесни глисти.
Seriozno? Aj tt vcera nemase, ama stolicava ne se sreduva. Kako nedovarena hrana, topcinja..da ne opisuvam mn
Дури и чисто вода беше кај нас, го исцеди.. од многу напони и крв какаше, јас од памет се извадив па ајде испитување и фала богу се беше во ред. Од многу чести столици било. (по 10 пати на ден какаше проливче) и стого на диета... посебно млеко зошто бебе + само на банана, компир,ориз, оризова вода и тоа
@didisi И мојата има подочњачиња, наследни од мене Ние фамилијарно од страната на мајка ми сите имаме.
Мајки совет.. Син ми скоро 9 месеци има и штрајкува со јаденје Ни еден асален оброк немаме. Нит купечки ни домашни каши неќе се плука вади Живци немам веќе.. Бебивит витамини му давам но некое подобрување не гледам.. околу 8,650 кг има а 4300 роден Совет каде да го носам, што да правам ?? Ад никако не сака само сака на цице
Никаков. Упорност , ќе пројаде. Ист е и мојот. Пишував како никако ни оди јадењето. Има денови кога е арен ама и катастрофа. Ми личи периодот како само во висина да се должи како шпагето. А имаше бутки . Ама па и татко му , а и јас како дете сме биле нејадачи. Слаби , а високи. На братучетка ми малата до годинка беше 8300, не мрднуваше. Почна периодот на градинка и се препороди детето. Таму веројатно сите јадат па и неа и е слатко во друштво. Не дека не се нервирам за јадењето. Ама го гледам среќен, весел, не застанува. Полни пелени со каки по два пати. Значи не му фали ништо.
Леле ист случај како ние, слаби а високи. Значи гени И мојов почнал да се држи и да чекори, не застанува. Благодарам Дафи ме охрабри
Некој да ми сподели искуство како сте се одвикнале од ноќно млеко. Пиеше по еднаш, со забите почна по два пати сега две вечери така две вака. Плус и кога пие едно млеко (150 или 120 мл)другиот пат секако се буди и проаѓаме со вода. Ноќе морам пелена да му менувам, често пропуштила меѓу првото и второто млеко. Ако не е секако менувам зошто нема шанси да издржи до сабајле. Денес 10 месеци прави
Мајчиња, дајте некој совет и некој лек за искашлување. Срце ми се кине кога ја слушам. На лекар рекоа дека е горе, во нос и грло, на плуќа е чиста. Жална е ептен. Кашла се корне, дури воздух губи и на крај заплакува од што ја боли. Антибиотик и дадов, чистиме носе. Само ептен многу кашла. Ноќе е страшно. Некој од тие лековите со кромид, свинска маст, или нешто друго ако знаете, кажувајте.
Чај и капки од бел слез. Капки во носето, чајот за пиење. Или чај од лушпи од кромид, цело искршено оревче со се средишниот дел меѓу јатките и едно јаболко. Ќе помине.
Детево качува на 2 3 дена тт ноќе. Има пнеумокока во нос, матичната вика да не се лечи. Леукоцити во граница а црп покачено. Мене ова стварно не ми е јасно, да не и прави проблеми ајде ама вака?! Брат и е со пнеумокока и мораксела и пие аб моментално.
Леле и мојава веќе цела недела ќе фати, тт изгоре дете, воспаление на ушите, пишти вришти по цели ноќи и денови. Носот затнат, не може да дише, со тоа не може ни да спие. Кс уредна 48 часа по првата тт. Ради воспалението на ушите ни дадоа амоксиклав и оперил п за носето. Капки за во уши кои не ги ставам, ми рекоа дека била мн мала за дексаметазон неомицин. Од синоќа нема тт и подобро спие, ама цело време бара да е гушната во раце. Големава болки во грло, едвај голта, тт два дена, кс уредна, не и дадоа антибиотик, само прополис и лижавчиња за грлото. Ама па не поминува и јас на своја рака почнав од амоксиклавот на сестра и да и давам. Може згрешив ама еве две дози и и се смири болката. Почна зимата.
Баш вчера со колешка зборевме. Исто две недели по ред на 2,3 дена температура. На брисот стрептокока пнеумоние во носе. Кај Станка во систина ја носи, и рекла антибиотик не. Она на своја рака реши да даде. И јас би дала ... Славица ти рече не за аб? Она ептен е против !