ме загрижува тоа што треба на 6 д ја има дуплирано, а веќе 7полмк сме сп почнат 8 а нема дупла тежина
И мене тоа ме загрижуваше. Др. Марина од Ремедика ми кажа дека не мора да се дуплира родилната тежина. Индивидуално е. Инаку, се друго е во ред?
@AudreyH Земи Носефрида аспиратор, влечи мрсули со него, за ден два ќе се исчисти и нема да хрчи. Ние прележавме бронхит, после инхалациите кои траеја 4 дена уште хрчкаше од секретот,и го купив аспираторов, ми се прероди бебе. И најгустите мрсули кои требало да се слеат надолу и ги извадив, и престана да ми кашла така влажно како што кашлаше. Пиеше Зинат,Вентолин и Бисолвон капки, ги повраќаше само првите два дена шлајмовите ..
Нема лек мајче. Има заби? Мојата пројаде некаде кон 9ти месец, па пак се откажа кога почна заби да вади и до сега фала-богу ккнстантна е. Мислам дека ако не и понудам да јаде, нема да побара. Да ја видиш ко топче е. Нит е стврна, нит бута нешто екстра. 200гр макс оброк. На 1 годинка скоро 11кг беше.
Има две запчиња. Кога почнаа да растат, три недели ништо не сакаше, ниту тие 2-3 лажички што ги јадеше. Деновиве почна повторно по 2-3 лажички и потоа врти глава. Мојава расте во должина, но малку качува килажа (последниот месец само 100 г., но се тешам и и’ го припишувам на вадењето заби, а и настината беше). Да не одев на работа, немаше да се грижам толку. Кога пројаде, тогаш. Но, загрижена сум главно поради моето враќање на работа. Цел ден ќе биде гладна, без цицање? Ти како се справи со ова кога тргна на работа? Пројаде пред да тргнеш на работа или отпосле?
@Mimmi39 немој повеќе никогаш да нудиш оброк во чашка, мора да ја засака лажицата, ќе си направиш поголем проблем! Ќе пројаде, мислам твојата и линија држи, па ако е весела, спие, полни пелени супер си е. Се надевам барем 150г качува месечно?! Тоа е најдолна граница, уствари матичнава рече и 100г да качи поради Х дешавки во месецот, заби, болест е ОК. Мораш да најдеш цака како да пројаде. И јас сум против цртани, но ете така го научив, па и од сам старт само така отвара уста. И тоа не на сите цртани, туку да некои од нив, па хранам и изигравам диџеј, значи и тоа мораш да погодиш. Исто и времето на оброк, да не е прегладнета, нервозна, текстура на каши, пробај и пасирано, со парчиња, залчиња, ако приметиш некој вкус да и е омилен тој нека преовладува во кашите. Воведи какао, маџун, цимет, кокос ако не си, обично бебињата ги сакаат. Путер во зеленчуковите, не ставај многу месо, маскирај со цвекло, тиква, брокула, имаат специфичен вкус па тоа нека преовладува. Компирот дава ,,посебна,, структура па може само така би и одговарало, па ставај во секој ручек компир.. Ова само набројав, мора да има некоја цака која ќе ја натера да пројаде, ти битно смирено и упорно пристапувај. А да и не мењај место на хранилка, каде сакаш да јаде таму секојпат седнувај. И така
Можеш да пробаш да свариш црвен кромид цел со се лушпа исечен на неколку парчиња, да се вари околу 5 минути па да се процеди и да даваш цел ден по една лажица на определени интервали на 15 мин да речеме. Моето одма кака шлајм од овој природен лек. Не мора да ја дуплира. Некое ако се роди 5 кила нема логика на 6 месеци да има 10 кила. А твоето се родило со добра тежина. Моето се роди 3740 и крај на 7ми месец мислам ја дуплираше. А на годинка не ја тродуплираше. Дури сега на две години ќе ја тродуплира мислам, не е мерено одамна.
Ти благодарам многу на советите. Се трудам, упорна сум, ама некогаш ме вади од такт. Имам уште 2 месеци време да пројаде. Качуваше по 400-450, ама последниов месец само 100 г, но беше болна и вадеше заби. Барем вода и јогурт сака (денес и вчера и дадов и голтна 3-4 пати јогурт). И јогурт да не нудам со чашка?
Првин Среќни Божиќни празници. Треба ли да се загрижувам што џивџи не сака да пие никаква друга течност освен млеко? Му нудам секојдневно (по над 10 пати на ден) вода, само со оброците знае едвај по 3-4 голтки/лажички да испие. Пробав и сок и чај меѓу оброци, јок нема шанси, одма мрчи и трга глава. Пробав и од шише и чашка и 3 различни вида чашки со клунче, ни тоа не бива. Пие 3 пати млеко по 150мл, и јаде доручек, ручек и вечера, конечно пројаде малку повеќе по ~150-160гр. на оброк, пу пу да не го урочам
Не треба. Бебе мое пропи вода после година, нудев и јас упорно, но без ефект. Проблем со столица никат немал, полни пелени колку сакаш. Ама нели и млекото 90% е вода па.. Јас чај некоку пати понудив, за сок стојам зад ставот дека нема потреба, па не сум ни понудила.
Не. И мојот не пие ништо. А ни млеко. Му остана само вечерното,150мл и уште еднаш во текот на ноќта 90мл. Некогаш знае и кон 6 да стане па така го презаспивам ама некогаш само 30 испива. И тоа е се од течности. Вода по 2 голтки пие. @Mimmi39 мојот е нејадач. И те разбирам до збор. Во денови кога не јаде не го интересира ни цртан , ни играчки додека седи на хранилка. А ни млеко не сака. Се нервирам многу ама и се помирив. Јас никогаш не пројадов и тоа е. Уште знам да седам на еден оброк во еден. Мене не ме теши утехата оти ќе прејаде еден ден, јас не прејадов и уште сум прибирлива. Тиква не сака многу, ни цвекло, ни кокос, ни цимет. Од цимет му се доаѓаат нагони за повраќање. Ете денес е на ноќна Хип само. Се друго не сакаше. Ни леб, кој обично го јаде. Леб и кисело сака мојот, па тоа некако минува. Со палента е скарен официјално. Секој ден спремам, а повеќе фрлам. Ама весел, не застанува, се смее игра. Значи не е гладен едноставно.
А како јаде? Ја седнуваш и нудиш? Јас на почеток така правев, се дур не сфатив дека дури не и дадам занимација не јаде. Значи нудам шишиња, капачиња, се што ќе ми дојде на рака. Ја чекам да пројави интерес за нешто (значи да го фати нештото со нејзини раце) и отвора без проблем. Година и кусур е и пак вака ја ранам. Сега и давам тегла полна со кики бомбони и прво ги вади, па ги става внатре. Се дур е "ангажирана" со ова без проблем си јаде. Знам ретко и цртан да пуштам. Најчесто кога сме надвор. Има премногу стимуланси од сите страни кои и го одвлекуваат вниманието, па ми "треба" да гледа за да јаде. Ко што кажа @emkaemka вртам се дур не пројави интерес и јаде. Ако почне да вика дека не го сака, престанува да јаде, па вртам пак јово на ново. Пробувај. Нешто ќе упали К.млекце палеше кај мојава. Кокос и цимет нит сакаше, нит сака. Сега ми текна дека "ми пројаде" кога почнав бисквитки да и ставам во кашичките. Ми даде таков совет Станка и реков ај ќе пробам. И некои 10 дена ставав во кашичките по малку мелени бисквитки. Пс. Мојава не отвора уста. Ја ставаш лажицата до уста и она усисава само. Некогаш малку ќе ја "подотворам" со лажицата.
Мајки @kukla21 @emkaemka @duffi ви благодарам многу на советите. И те како ми се добредојдени. Верувајте ми, секако сум пробала. Во хранилка со играчки пред неа (сака да држи лажичка во рака, од тие нејзините, си ја врти, си игра со неа), со цртани, со песнички.... но, подобро е кога нема ништо пред неа, бидејќи и го одвлекува вниманието и лажицата не сака ни да ја види. Седната со нас на маса (во хранилка) кога ручаме, пројавува интерес, но знае и уста да не отвори. Сум пробала и во скут да ја држам, или седната на кревет, со пуштен тв....HBO и е најинтересно, но и тоа кратко трае. Нејадачка е дефинитивно. На почетокот кога давав одмолзено млеко, не пиеше повеќе од 50 ml, а препораките беа за 90ml. Еве и сега со цврстата храна е исто. Додуша, и јас сум била слична, нејадачка и пребирлива, па може на мене е бебево. Ќе пробувам комбинации, нови намирници и ќе бидам упорна (иако, искрено многу е тешко). Се тешам, бар јогурт сака. Фала ви уште еднаш.
@Mimmi39 колку ќе дозволиш, толку ќе те манипулира бебе Оти ја рашетуваш со седење за време на хранење? Мислам и тоа ја нервира, бебиња сакаат рутина. Како што кажав намести хранилката до маса и таму нека биде ритуалот, мењање места нема, како бе да ја учиш на кревет да јаде, а кој ќе ја одучи?! Мојов ја сака хранилката и знае дека таму се јаде, со мерак си седнува, му стои принесена на маса и никогаш не сум му сменила ниту страна од масата, јас ништо не ни давам да јаде подалеку од неа, освен смоки и вода. Нека биде мирно, тишина, ти и цртаните, јас дури хранам не зборувам, не му се обраќам и тоа му одвлекува внимание.
Мојот вришто од хранилката ако не му дадам нешто во раце додека го седнувам да му привлече внимание. Јаде секогаш во неа- колку ќе изеде толку. Ако го извадам сме завршиле со јадењето. Ама едноставно некогаш ништо не го интересира и е сконцентриран да ја држи устата затворена. Нема цака! Па и стој на раце да направам. Има и вакви деца и тоа е тоа.
Не знам што придонесе да пројаде повеќе малиот, и тоа сам отвара муце, чудо, дај боже така да остане, може вечера што воведов, ама сменив и неколку работи: - веќе со цртани јадење не, требаше да го одвикнам неколку дена, зошто забегава се губи кога се загледува и дефектолог кажа што помалку тв - го префлив во хранилка, со перниче позади грб, ако уште не седи самостојно - му земав нови лажички, јадеше со силиконски, сега со пластични томи типи околу 120-130 денари 6 лажички беа - при крај веќе му е смачено од седење, па ги пуштам на мобилен да ги слуша истите неколку песни со кои мм млеко го рани (евергрини ) дали Павлов рефлекс му се активира од нив па продолжува да јаде којзнае хаха - ептен кога ќе почне да мрчи му ги пуштам песничките од babytv што ги гледаше порано на тв, да ги слуша и гледа на мобилен (у една рака мобилен држам, друга лажичка )
Не е ништо страшно секако ти со стапче за уши ќе изчистиш во ушето т. е ќе собереш остатокот од хидрогенот. Со првото дете одкако се роди се до 1 годинка само со проблеми со ушиња имаше, нас ни помагаше секогаш Аугментин, хидроген 3% и едни мрсни капки не памтам точно како се викаа па со памукче се затвараа ушињата и така спиеше со капките во ушиња. Денес има 5 години и според тоа што му се случуваше со ушињата сега ги чистам на сите тројца со хидроген еднаш во месецот.