Дали ги седнувате бебињата во дубак, ама најискрено. Првото дете го седнав во дубак на точно 6 месеци по неколку мин денот го оставав и немаше никаков проблем. Сега за второво незз шо да прам. Не се препорачува дубак од здравствени илу безбедносни причини?
Од двете причини не се препорачува Јас го ставав ама подоцна накај 7,8 месец ,планирав по десетина минути ама бебе не го сакаше, чисто нов ми стои
Јас не користам дубак нит бев со намера да купам. Сеа сме 7+ и си лазит, па од лежечка во седечка сама, се факат на троседиве се исправат. Од 5 месеци и постеливме коцки на под и уживат си играт до сега еве.
Првото од 5 месеци во дубаче го ставив и трчкаше и стоеше додека не му здосади претежно половина саат или саат два пати во денот си сакаше, второто дете исто и третово исто. Инаку на 10 ипол месеци проодеа двајцата, за третово рано е уште.
Немој дубак, нема никаква корист, само штета можеш да му направиш на дете. Ако е способно тоа да се ослонува на тие кревки ноџиња тогаш природно ќе беше да проодуваме на 6 месеци. Ставај дете на под и тоа самото ќе се исправи кога ќе биде спремно.
Мајки син ми баш ми беше болен од грло, еве после недела дена малце се опорави Цела недела освен цицање и по малце вода нема ништо јадено. Дури сирупите ги повраќа па го излечив со лој од гуска А најголем скептик бев но мака се ќе те натера. Проблем е што детето вришти чим лажица ќе види а камоли да му дадам да јаде. Пукнав од нервоза незнам што да правам а вака сам си јаде мандарина, банана ги грицка а каша никако. Совет ?
Брзо да пројде и овој период Ако сака вака да гицка тогаш не му давај каши некој ден пробај со обарен зеленчук ситно исецкан послужи пред него со рачиња сам да си зима и сам ќе става во усте да ручка, интересно ќе му биде исто и со овошје така, има и од HIPP кашите оние што се за шмукање како во кесиња така можеш да пробаш. Не знам како другше, немам идеја.
Фала тии многу Веќе пробавме со тие на шмукање Хиппис ништо Ќе пробам со парченца дур помине периодов..
Стручно прашање Кога обувки (патичиња/кондурчиња) им стававте на бебушките? Мојава почна да се исправат, ама носи чорапчиња па да опитам дал требит обувка
Само за надвор облакам чевли, низ дома секогаш е бос (со чорапи), совет од ортопед е дека треба бос и да прооди
@Sandrin4 јас добив совет од ортопед дека кондурчиња треба откако бебе ќе почне да ме држи за прст и ќе оди. Мојава сега е во таа фаза, па и земав за проодување на Кеги, многу се меки и се со патент целосен околу петата. Ги носи мојава, гледам прави по некој чекор со нив. Само, јас и ги облекувам час-два во денот кога си играме и кога оди највеќе, инаку по чорапи си е. Некако за по дома ми нема логика да е во кондурчиња по цел ден. За надвор имам исто на Кеги, подруг модел, ама исто за проодување.
Мајки, бебе е 7 месеци и првпат е болно. Вчера отвараше уста за лажичка и пиеше млеко. Денес само што ќе види лажичка и шише се врати и ја запечатува устата. А морам да и давам електролити. Има шанси вака да прави проблеми постојано или вака се однесува додека е болна?