Како мајка на две деца, срамота е да пишувам вакви глупости ама стварно имаме проблем со исхраната. Ќерка ми има точно 8 месеци и мислам дека правам некоја грешка која ја доведува до прејаденост, несоница, многу ждригање и обилно повраќање. Сум се обидела да прашам одоколу, ама не знам ни јас како да го формулирам прашањето. Денеска кога размислив, малку подлабоко сватив дека стварно ова прераснува во сериозен проблем. Ќе се обидам да ви објаснам што се случува па очекувам некој корисен совет: Станува во 7 часот и пие 60-100 мл млеко. Во 9 заспива повторно со 50-70мл млеко. Се буди за 20 минути и тоа недонаспана, со црвени очиња и кога ќе ја кренам следи огромно ждригање. Без разлика колку ја држам исправена откако ќе заспие со млекото, таа повторно го прави истото. Околу 10ч и давам доручек (прописно бебешка ни е храната). Во 12 ја заспивам со 50-70 гр млеко. Пак станува за 15-тина минути со причина - ждригање. Околу 13ч ни следи ручекот па во 15 заспивање со минимална количина млеко. Крајна ни е вечерата околу 18,30. Од 20 ч ни започнува ноќната мора. Плаче за спиење, пие млеко и упорно се турка да се исправи, ждригање, па повраќање и се така до полноќ. Па ќе заспие, па ќе се разбуди со плачење и со триење на очите. Не може да ме види а упорно се турка да се исправи. Ќе се трие од мене се додека не се расони. Откако ќе седне - повторно ждригање и повраќање. Па наново заспивање, па будење... Ова го прави веќе 2 месеци - откако воведовме редовна цврста храна, доручек, ручек и вечера. На ни една храна не реагира посебно туку на се. Мислам дека не пие многу млеко па да биде прејадена ама се укажува на тоа. Дали можеби јас ја форсирам. Килажата и е големка па се си мислам дека треба да намалам во исхраната ама искрено не знам што треба да скратам. Преку ноќ не станува за млеко.
Анина не знам дали и даваш глутен, ова да не е нетолеранција на глутен или некоја храна, или на млекото што го пие? Значи не алергија. Не ми личи на прејаденост, мојата уште нема 8 месеци јаде три оброка и цица нон стоп ( значи како вас сме со јадењето). Обавезно посетете педијатар. Ако кај каката нема промени може и стварно да е прејаденост.
И мене не ми делува на прејаденост зошто колку и да се малечки имаат рецептори и ако не е гладно бебето нема ни да јаде. За жал и јас мислам дека станува збор за нетолерантност на храна и освен детален преглед на педијатар не знам што би те советувала.
Чист морков, тиква и пашканат јас давам пред да комбинирам по 3 дена да помине а потоа комбинација со други што сме ги поминале, морковот не го јадеше ама му ставив мое млекце и го изеде.
Со прашок Персил сензитиве, на 90 с во машина, а потоа повторно на палвење, од 5 месец кристам и ленор сензитив омекнувач и пак на плавење. На рака со прашок персил сензитив откако ќе откиснат, ги перам со бебешки сапун покакани и повратени алишта кои се во боја, црни и шарени. Ги плавам во 4 води пред да ги прушам да се сушат, а потоа се пеглам.
Бевме со малечката денес кај педијатар и долго разговаравме. Заклучивме дека целиот проблем е во тоа што ќерка ми спие на многу малечко перниче а некои деца, заради враќање на млекото, мора да спијат на висока перница. Поради тоа се буди и спие по многу малку па и оброците и идат на помало растојание. Некогаш лекот е пет пари ама не го знаеш. Денес спиевме два пати по 1,5 час (прв пат откако е родена), на огромна перница од бато
воведовте ли тетрапак млеко или сте на адаптирано? и ако давате, какво тетрапак млеко давате? битолско, алпско, здравје радово.....
Со првото до 16-17 месеци користев нестле јуниор после преминав на тетрапак но не го сакаше и до ден денес не го пие.Внимавајте кога земате битолско ,гледајте на долната страна дали пишува 1,2,3 или 4.Секогаш купувајте со 1 или 2.Тоа значи колку обработки претрпело млекото.Ако пишува на пр.3, значи дека три пати е вратено во млекара на обработка и наново вратено на рафт во дукан.
а која бројка се гледа на дното на битолското млеко? има една бројка со црвена боја и една бројка вдлабната
Искрено Леона, не. Синоќа малата заспа дури во 01,30. Катастрофа сме. Не преспа од 16,00 воопшто. Денеска ја носев пак кај еден приватен педијатар па баш би сакала да ви го објаснам неговото размислување за работите. Искрено прв пат одам кај човеков а јатрва ми нон стоп ги носи децата таму. Ми рече дека јаде повеќе храна а воедно и потешка храна за нејзина воздраст. Не ме осуди за храната туку ми кажа дека треба да и го прекинам млекото или да пие, максимално, по 200 мл млеко во текот на денот. Друга варијанта ми предложи да не давам храна после 16,00 часот, односно да имаме само доручек (овошје) и ручек (зеленчук и месо). Исто така ми препиша Летизен. Беше малку скептичен дека станува збор за било каква алергија, ама го замисли чешањето на носот. Патем деца кои реагирале на млеко и млечни производи, воопшто не напредувале, спиеле многу и имале нон стоп проливче. Се тоа е обратно на она кое го имаме ние. Така да, денеска, последно јадевме во 16,30 и млеко во 21,00 па си заспа. До сега не се разбудила и се надевам дека ќе спие цела ноќ.
Послушај го, па видете како ќе биде, ама ако заспива во 21 можеш и до 18 да даваш храна. Ако и вака спие цела ноќ супер.