Мајки, дали сирупот Панцеф може да предизвика мека и многу честа столица? Таман почна да си јаде ко шо треба ама ништо не и се задржува, цело време кака
Да, секој ден. 3 часа пред антибиотикот. Се мислам дали да го прекинам, се што јаде непреработено го исфрла
Ми треба совет, @kukla21 памтам ти пишуваше за нешто слично, па може ќе знаеш да ме советуваш. Имено, ја приметувам бебка дека се противи на заспивање, навечер особено. Штом ја носам накај спална, плаче и кенка кога ќе види темница. Ако ја легнам за успивање, одма се буни и плаче, а штом земам да ја шетам во раце, се смирува. И така со шетање заспиваме, и мора некое светло да има од некаде бар малку да свети. До пред некој ден без проблем си заспиваше во темно и легната на мене. Воедно, денес ми стигна нотификација од Wonder Weeks дека влегува во осмиот скок. Ова ли е тоа и колку трае? Добредојдени се сите совети како полесно да се заспиваме периодов (пошто се надевам дека е период ). Бебе за 2 недели годинка ќе полни инаку, ова првпат се случува.
Немам совет Ја носам во спална и се ококорува. Скока, вика, цицнува и така во круг. По 30+ мин ја заспиваме. Ја шетаме по дневна со некое светло, тв запалено и ќе си заспие откако душа веќе ќе немаш да ја носиш во раце. Скока, се трти во раце ( тогаш е најтешка за носење) дур не фати поза што и одговара. А 11+кг е. Раце ни попаѓаа. Мене и желудник почнува да ме жежи. Немам толку сила да ја носам. Најчесто и мм ја заспива ради тоа. Само прашувам по луѓе да дадат чаре. Никој нема совет
Ако може јас да се вмешам. Кај моето 7ми скок инаше иста манифестација. Кога ќе го пикнев во спална врескаше додека го држи глас. Неколку ноќи баш врескајќи го заспивав. После си најдовме друг метод. Го успивам во дневна, со вклучен Тв, и да го гушка мечето. Некогаш прифаќа седејќи ама сега е преразмазен и мора да го шетане. Значи кај него едвај го држам, па и мечето, кое е поголемо од мене. Па он се навалува на мечето. Мој совет е најди некој друг концепт на успивање. Гледам тој период сите се противат. На моето очите му паѓаат ама никако не ги затвараше додека не се умори од цикање.
А да. Ме потсети. Имаме еден лемур и тој ни е за заспивање. Го зема него во рака и така ја шетаме. 2 дена бара еден огромен зајак да држи. Мм се нервира. Вика не ти е жал волкав зајак да ми наместиш да шетам. Ем она тешка, ем зајаков. Неа да ја држам или зајаков. Оти ако падне зајко ја буди т.е. ја ресетира ако пп малку тргнала накај заспивање и јово на ново
@kukla21 Сакаш да ми кажеш дека уште трае??? Тешко мене значи. Исто се трти и мојава додека ја носам и најтешка ми е тогаш, мислам ќе ми рипне од раце. Рацеве ми попаѓаа веќе, 10 ипол кила е. И со мене и со мм исто прави, ама ме чуди што одеднаш почна, пред некоја ноќ, додека претходната скроз нормално си ја заспав ко и секогаш. @duffi пробав и со омилениот зајак и ќебенце, ма фрла во нервоза и урла. Очи црвени, и паѓаат, ама не се предава. По 40+ минути се успиваме. А капак, мислам дека и двојките горе и растат и тоа дополнително ја нервира. Кукла и ние имаме огромен зајак, уште тој ми фалеше во животов
Мене едното синче ми правеше така па викање и по два часа не заспиваше и му најдов чаре , го вртам нанапред да гледа и го шетам во полутемна просторија и полека го навалувам надоле во период од 20-30 мин , толку полека и заспива така и нели добропро нема викање и не трае два часа.
Леле исти сме скоро цел месец само со шетање во раце заспива и строго во познат простор -дома зошто нешто ако е различно одма е интересно па неможе да спие.
дали некој имал случај на алергија на брокула? бебе му кажаа атопичен дерматит, бидејки забележувам секој ден што јаде забележав ко јаде брокула има црвени дамки..
Мене педијатарот ми рече дека алергија е само ако има црвенила што шетаат по цело тело. Се друго како брунчиња околу уста не е алергија. Каде му се црвените дамки на твојот бебуш?
Кога има скок во 8 месец ? Не можам да верувам како ми се смени и кенкав и лут и нејќе да спие а му се спие ..
па има големи кругови, рапави на лакти, нозе и вратчето, и поцрвенуваат на момент, а ко се ок обелуваат, не се класичнк брумчиња, туку дамки големи, рапави
Да не е случајност со брокулата? По ова што опишуваш дерматит е, мачкај обавезно со нешто, суво, црвено ти мачкај, со Мустела стелатопија на пример или што и да ви посочиле, ако нема ефект па мењај.
Малата, 6,5 месеци вчера ми крена тем до 38. Си јадеше си цицаше се со ред ама сношти не спеше се будеше нон стоп. Денеска се искака течно и покрај цврстите оброци а непцата долу и се потечени. Може да се заби? Др нема нисто ни кашла ни мрсули ништо нема.