Важно е бебето да може да си го држи само главчето, значи од 4+, но јас лично би најмалце од 5/5 И пол
Дали смеам да и давам зденка со леб? ( 11 месеци) Обожава леб смеам не смеам леб и давам инаку не ми ги јади зеленчуковите кашички. И од кога треба да и ставам перниче? Имам од она што е за бебиња ниско многу, ама не го употребувам зошто се врти
Смеело не смеело и јас и давам. Ако нема леб во раце, уста не отвара и така се мамиме. 11 месеси ќе прави за неколку дена. Зденка еднаш или два пати и имам ставено во палента. А перниче јас одамна и ставам, не паметам колку месеци имаше.
Да знаеш од што се прави зденка, никогаш не би дала. Моиве не јадат тоа, додуша никој не јадеме. Ако сакаш дај, ама искрено, подобар избор ти е сирење. Не ми е јасно, оти од млечни производи сирењето да е несолено, ама зденка да може? А отров солена е. АБЦ крем сирење може да дадеш со лебот. Давај си леб слободно, зошто да не смееш? Перница кога ќе посака, инаку барем до година пожелно е на рамно да спијат. Јас перница на моиве им ставив кога посакаа самите да спијат на неа, а големиот и ден денес знае да спие на рамно.
8ипол месеци сме, преку ден спиеме убаво, но навечер ни бебе ни ние не спиеме, се врти на секои 15 мин, како да има некој немир, не може да најде положба, не знам што е.. трае ова веќе подолго време. Некој нешто слично дали има проживеано?
И ние поминуваме низ истото скоро цел месец сега е 8 месеци, не само шо се врти туку се разбудува и плаче. Единствено спие цела вечер ако ја држам в раце
Колку пати ви преспиваат преку ден на 7+месеци ? Ние стануваме околу 9, спие во 12, во 15 и во 18 часот, како да е скратам една дремка?
Моето трипати спиеше, ама првата дремка од саат и пол беше во 9, втората од саат во 13, третата околу 17, пола саат. Да ти станува порано, нема потреба да кратиш дремка.
И ние сме 7+ и преспива три пати дневно. Станува во 8 па спие во 11 па во 13 и во 17 часот. Навечер си легнува во 20 часот. Не знам зошто би и скратила една дремка, ако не е наспана ми кенка цело време. Мислам дека сами ќе покажат кога треба да се скрати дремката ваљда ќе спијат еднаш-два пати по неколку часа а не вака расцепкано
Истото и на нас ни се случува перодов, исто 8 месеци е. Педијатарот ми кажа дека го мачат забите нема до сега извадено забче и плус веќе сонува го преживува денот Исто три дневни дремки има. Првата ни е во 10 спие 40-60 мин. втора во 13:30 спие 1 саат и третата во 16:30-17 часот 30 мин.
Дали е нормално бебе да сака повеќе зеленчукови каши, а сега еве на 10 и пол месеци има неколку дена нема шанси ута да отвори ако види дека е зеченчук. Некој совет?
Имам неколку прашања. *За еден месец воведов два оброка. На 5 и пол месеци имаше доручек, на 6 и ручек. Дали треба следниот т.е третиот оброк да и го одложам до 8ми месец,дека овие некако набрзо едно по друго и ги воведов? *Дали на 9месеци веќе имаат ужинка од типот на овошен јогурт, било што уствари што ќе биде млечно за да ја држи сита додека не сум дома? Бидејќи: За два месеца почнувам на работа. Работам во две смени, 8-14 и 14-21. Бебе не прифаќа ад,нит измолзено, мислам вооошто цуцла и шише неќе, пробав и со клунче и со лажиче.. не и не. Што ќе пие и како ќе издржува додека не сум дома? Почнува инат да прави, не јаде ако не ја ранам јас и вришти урла дома Утрово ја оствив на свекрва ми за да завршам на забар, не јадела воопшто, а беше гладна, беа поминале 2 и кусур саати од последното доење. За ручекот бев дома,јас ја ранев и јадеше. Дали да нудам ад уште сега и да форсирам шишето или има некој начин и за овој проблем?
Имам еден проблем. Едново бебе ( а гледам и другово) почна да ми го откажува ад млекото. Имав воведено доручек и ручек, ама кога почна да не пие накај 20:00 млеко, воведов вечера да не е гладно. Без проблем јаде каши, ама млеко никако. Останав на 2 оброка млеко (90мл насабајле едвај и 150мл пред спиење со тешки маки од саат ипол молење). Имав и кај 17:00 млеко и ако испие 30мл по грешка... Совет? Дал да сменам млеко? 8+ се и ја се тешам со заби да не искачаат... мн се мали да ми откажат.