Мојата почна да го откажува на 4+, така да не се мали.. Не се секирај. Ако јадат др млечни произвоиди, јогурт, кисело млеко, сирење.. Немаш потреба од АД. Јас ги сменив сите млека ад, цуцли, шишиња, положби. И џабе. Сега успевам навечер во спиење да и дадам, еднаш до два пати по 150мл и тоа цврсто заспана, 10+ е малата. И толку. Така да не се секирај
Да пробаш во спиење да даваш млеко? Ние сабајле во 6 и навечер во 23 во спиење даваме со мм и тогаш испива 140-150 без проблем, а преку ден кога е буден за третото млеко се молиме, мрчи, претка, јас и со мобилен му висам песнички пуштам за да испие.
Јас и ти слично тераме. Шише, цуцла исто не прифаќа и не знам што и како ќе се прави. Јас вечера ќе воведам на 7 месеци. Некако многу ми е до 8, си има апетит. Во однос на идењето на работа, ќе мора да пројаде од други ... Бар така викаат. Сигурно нема гладна да седи од 2 до 9 вечер. А проба да и даваш од чашка?
Мајки на нокшир од кога ги учите бебињата. Ми донесоа на подарок и рекоа дека е време штом седат да се учат на нокшир.
@TeddyGrey Да,пие од обична чаша, но сум понудила само вода до сега. Епа, не ми текнало млекце да и дадам така.. До душа,она се гадеше од ад и од цуцлата на шишето и сама си ги откажа, а цели 3 месеци ја дохранував така. Преку ноќ, заборави се. Среќа сум блиску со работата, би можела да дојдам да ја надојам во меѓувреме, ама и тоа не ми изгледа како решение. Ќе се бунам, да не одам до 9, барем до кај 7 да завршувам.. И не е еднаш ова да не јаде кога друг ја храни.Дури и се лути, па после нема шанси да и доближеш лажиче. Којзнае како ќе бидеме..
со какво млеко?на ад сме како да нсправам со гриз пример? на почетокот на спиење дававме, ама сеа и тоа не пали веќе. цуцла сака, давам шише и се буни и на спиење
Со ад. Ќе го свариш гризот со вода, ќе го тргнеш од рингла и додека е топол додади една мерница ад. Ете ти млечен оброк.
Житарици има Хип, Холе кои може да се прават со АД. Имаш чисти овес, спелта, пченка или мешани жита. Има и млечни каши, ноќни каши кои со вода се прават, веќе АД има во нив. Палента, овес, гриз со кисело млеко додадено.
~рано и набрзина ти е воведен ручекот ама нема опасност , почекај за вечера , она се воведува околу 8-9м . ~за ужинка е рано на 9м , ако и дадат тоа фактички и оброк ќе и дојде па др нема да сака , евентуално со бискотка или беби смоки да и нудиш да се учи и да грицка и се , ама тоа не е решение , мора да се свикните овие два месеца и др да а рани , со песни со цртани со нова лажичка ,тањирче , биди и ти до нив , ќе пројади не се секирај сите вриштеле , периоди им се , ќе огладни ќе видиш како ќе јаде , повеќе ќе е активна ќе се троши , само без форсирање ~ давајте и од чаша , купи и магична чашка ќе и биде занимлива , незасладен сок , чајче , вода нека и дават Рано е мила 7м за вечера , од еден оброк до следен бар месец ипол треба да мине при воведување , ќе а исфорсираш има мн намирници што може да и даваш штом си ручка убаво , намирена ќе си е
еве ги , супер се за да си се научи од чашка да пие , плус не се истураат , колку и да ги фрлаат , трескаат , некапечки си се ги има во сите подобро снабдени аптеки и низ дм исто ги има
Ставам гриз 2 лажици и 150 мл вода си се вари тоа 4 минути и после на тоа ставам лажичка ад со 30 мл вода ,таман е поретко
Кај мојот минува Гриз , ад , какао и банана Гриз , ад , банана и вишна Можеш Ориз, ад и некоја овошка или Ориз со Ад и цимет ( како сутлијач) Пченични/ овесни, ад и некоја овошка Некогаш правам пире со ад и путер, поретко оти и така компирот ни е често за ручек. Тоа моментално ми паѓа на памет.
7+ месеци по колку грама ви јадат на оброк? Мојава 180гр со сласт ги јаде, ми е страв да не претерувам???
Мајка јас тука сум пишувала баш пред година и кусур за проблемот Мојот буквално исто откако почна со цврста храна лека полека ми го откажуваше ад млекото фрлав фрлав и фрлав Де ќе испие де нема руски рулет беше Од некои 8 9 месеци не го сакаше воопшто јас купував и правев и фрлав На крај после годинка се откажав Од тогаш нит пие некакво млеко нит ништо Ма и пред годинката се сеќавам дека го откажавме скоро целото После годинка крајот беше А сакав да му давам до големо Ама тоа е Иначе му го ставав во оброците