Форумџика на годината

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    И моот јадеше така ако не и повеќе
    Беше лакомо дете
    За са од кај година ипол скроз се откаже од љубовта кон храната
    И сега најнејадач
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    И што даваше на 9 месеци место млеко?
    Јас не знам што ќе правам кога ќе тргнам на работа.
     
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Оброци со ад млеко измеѓу главен оброк од зеленчук
    А пиеше и пие само вода

    Јас мислев моето дете со млеко ќе порасне а он не сака да го види

    На пример често јадеше банана авокадо бисквит и ад млеко
    Тоа му беше омилено

    Правев и аптамилски каши со аптамил млеко оние што се од ккесичка а бидејки не ги сакаше многу му ставав у тие кашите и овошје внатре така ги јадеше
     
    На Bibi30, LiliBoz и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  4. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    42
    Оф, мене ми е страв да не претерувам со храна. Колку да и дадам толку си јаде. Не сме биле на педијатар во скоро време заради вирусиве па да прашам колку е нормално да јаде според нејзината возраст
     
  5. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.733
    Пол:
    Женски
    Ако нема маки со меше значи не и смета 180гр. да јаде. Моево му имам нудено повеќе ама прави фацки на гадење, или ако случајно се занесе со цртанине и изеде повеќе после го стега стомаче или ќе бљуцне.
    Сега за сега во просек јаде 160гр.
    Може не е само возраста туку и тежината, помала снага помалку каша :D , ние сме ~7.7 кила (скоро 11 месеци реална, 8.5 корегирана возраст и јаде 3 оброка)
     
    На karak и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    И мојот јадеше по 180 200 колку дадам јадеше затоа ми откажа ад кога почнав со дохрана брзо се прилагоди.
    Не е страшно...
    Еве го сега мојот ништо не јаде :)
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Мајки ги носите ли бебушките на контрола?
    Сакам да ја однесам за кс и мерење, да видам како напредува, ако е се ок, да ја вакцинирам со таа што е по ред.
    Од 4 месеци не сме биле на контрола, а веќе сме 6+. Ја мерам само дома на вага. Качува. Ама пак шубе ми е. Дури и во здрави деца ми е шубе да одам.
    А не ми е по ќеиф ни 2 месеци доктор што не ја видел.
    Има ли други ко нас што си седат дома?
     
    На Monche24 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    42
    И мојава е во фаза на откажување на ад. Се бориме некако, само кога спие можам да и дадам млеко. Не знам кога да воведам вечера, сеуште сме на два оброци.
     
  9. oli18

    oli18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    42
    Трет месец веќе не сме биле на контрола. Јас не би ја носела додека не поминат вирусиве и сипанициве. Трн во здрава нога не си ставам
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey и ние 2 месеци немавме отидено на контрола. Дури и крв за вакцина викнав дома да и земат. Денес ја носевме во Идадија на боцкање, па таму ја мереа и должина и тежина. Ако ти е само за редовна контрола, ќе ти ја измерат на вакцина, не ја носи посебно само за тоа.
     
    На duffi и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    И јас така ќе направам. Ќе ги викнам дома за кс. Фала ти.
    А едно мало шубе имам и за чекалната кај вакцините... Колку ли се здрави сега сите ги носат е знак прашалник.
    А ја чекам и @DuchessAnn да каже што и рекле во амбулантата, зашто сакам за редовна вакцина да ја носам, а не за МРП. Да не ме убедуваат, кој ќе се расправа.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Здрави деца се носат на вакцина, не се секирај. Носе да му тече па родителиве одлагаат, за тоа барем мислам сите родители пазат. Никој не носи болно за вакцина.

    Оди порано, ние бевме уште пред 8 саат и имаше само едно детенце пред нас. После кога завршувавме чекалната се преполни, гужва се направи. Ова во Идадија.

    За крв, од Адриа Лаб дојдоа. Се јавив дента, утредента дојдоа, на закажано време.
     
    На NarCis@ и duffi им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Мојот почна да ми го откажува млекото после многу брзо време откако почна да јаде цврста храна
    Малку по малку за да стигнеме до степен на направи и фрли
    После видов дека категорично ме сака па почнав кашите со млеко да ги правам..
     
  14. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.733
    Пол:
    Женски
    Баш сега ми се јави мм слободен е па го пуштив да пазари ама првин да оди во Ѓорче:

    *За нас и матичната и на вакцини му рекле наредната вакцина во март место 6валентна препорачливо е МРП и онака ќе бил скоро годинка, ако е предвреме родено. Значи препорачливо, што си е сигурно сигурно работата.

    *Му реков да праша и за што ако дојде 7 месечно бебе за редовна, му рекле ако си дојдат на редовна вакцина ќе си ја прими, ако не сакаат МРП ќе си кажат дека не сакаат, дојдени си се на редовна, сепак било одлука на родителите.
     
    На karak, TeddyGrey, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Фала ти за инфово.
    Малце ми олесни.
     
    На DuchessAnn му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
    Мајки каква вода користите при подготовка на ад млеко и кашички ? Јас користам Горска и ја зовривам. Ја претурам во стаклено шише и по потреба ја топлам. Можам ли да го прекинам тоа зовривање да и давам незовриена?
     
  17. Majjja

    Majjja Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Јас прекинав да и зовривам на 9 месеци.. Нема никаков проблем
     
    На Mama993 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kate2025

    Kate2025 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2018
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Мајки, од кога почнаа вашите бебушки да спијат без ноќен оброк? Ние сме 9 полни и бара по 2 пати навечер млеко, па продолжува со спиење. Нели е ова многу? Како што читам на таа возраст треба да спие цела вечер без будење или само со еден оброк.
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е многу и е повеќе навика отколку потреба за храна, посебно ако има три оброци во денот, малата е 7 ипол месеци и спие цела вечер, некогаш знае да се разбуди за цицање околу 4 и толку.
     
    На Sandrin4 и Zebricka им се допаѓа ова.
  20. Kate2025

    Kate2025 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2018
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Оф што убаво, не знам како да го одвикнам..