Јас сменив сега 3 дена му давам од Хумана житарици ама мешани се а се до сега му давам по 3 дена. Млечна кашичка со гриз и ванила, а и ориз има. А пробај со благ компир корисен и го прифаќаат одлично.
Цацувче вие одма со глутен почнавте? Јас уште ништо со глутен не сум дала, ама здравје после 8 месеци, што е за некој ден.
Дека прочитав гриз- со глутен е, претходно мислам овесни снегулки имаше дадено. Ај кога веќе пишувам, што прво да дадам глутенско? Плазма или хип бисквитчиња ( во каша овошна) или гриз?
Она си знае. Јас давав три дена по едно бисквитче на Хип, правев три дена пауза и после пак три дена по две бисквитчиња и пауза од три дена. После тоа не внимавав на паузите зошто немаше реакција. Ама и сега со 10 месеци глутен внесува еднаш неделно.
НЕ е со глутен има известување на него. А ова ни е прва житарица пред тоа само овошни и зеленчукови каши.
Има пченичен и пченкарен гриз. Ако пишува дека е без глутен тогаш е без, барем за тоа не смеат да лажат на опаковките.
Има уште овошја и зеленчуци што сакам да ги дадам а потоа има табела кое со што иде за да комбинирам за потоа да почнам со друго има мнооогу време.
Извини може јас нешто сум се смешала....се мислам дека и овесни снегулки некаде прочитав ама не е важно. имаш слика од кашата со гриз и ванила? Нас нешто тешко ни оди со млечните кашички.
Леона плазма бисквитите прочитав дека имаат мед во составот, а џиџи бебе има јајца. И мене ме интересира какви бисквити да му дадам на синко за недела - две, зошто и јас планирам да воведам глутен. Препорака? Нова, Хип бисквитите имаат ли нешто такво во составот? Прашувам бидејќи немам воведено ниту јајца, ниту мед па малку ми е страв да експериментирам, поготово кога е во прашање медот иако немаме историја на семејни алергии од тој тип.
Знам и за јајцето во џиџи бебе и за медот во плазмата. Мислам дека се само трагови. На првото давав, среќа ок беше. Ги имам купено и хип, че прочитам па ќе пишам.
Јас дадов овесни снегулки во 6 месец, значи воведов глутен. Првиот ден помала количина (половина мало лажиче) вториот ден поголема количина и за понатака веќе ставав по една лажица во кашичките со овошје. Прашував и овде на форумот и по други поискусни мамици, па одлучив да подранам. Немаме некои не сакани реакции а и малата ги сака. Овој период планирам и бисквити да и спремам да проба и гриз исто така. Туку сакав да ве прашам, дали им давате на малите да лизнат од она што вие го јадете. Не зборувам за бебешки оброк од вашиот ручек ,да не бидам погешно сфатена,туку ронка од сиренцето или компирчето и сл. Кога некој јаде,мојата бебушка не тргнува поглед од него, ја вртам на другата страна ама она упорно се врти кон масата . Дури жалничка ми е .
Не немој да и даваш ич, не биди како мајка ми и ред други стари жени кои имаат застарени сфаќања и им даваат се на бебињата. Мајка ми си игра со моето бебе и на 1 ипол месец му давала вишни и јагоди и не кажува а панталончињата со црвено офарбани и на крај призна и и викам не си играј бебе е треба се по ред а од тоа излегуваат алергии и не сфаќа сеуште. Ми направи и проблеми со маж ми.И пак не сфаќа гледало детето греота било, Е КАКО НЕ ТОА НЕ РАЗБИРА ШТО Е ТОА ЗА ДА МУ ПАДНЕ КУ*ЕТО а и дали досега на некое бебе му паднало?
Се согласувам со CACUVCHE немој да му даваш па макар и малку да е.Да се надоврзам на муабетот и мојата свекрва сакаше да му даде торта на син ми кога беше 1 месец. Срека со сопругот ја спречивме и тоа пред нас се случи,ни прашува ни ништо, право залетана со лажичката накај него. Страв да ти е да го оставиш на чување незнаеш се што може да му даде
Мајки дали и кај вас е исто како и кај мене, многу ми паѓа косата по пораѓајот, се плашам оти имам долга коса а маж ми вика дека не ми е веќе густа како што ми била пред бременоста, а јас си се тешам дека е промена на времиња и обично тогаш се менува влакното но?
И ќерка ми исто, многу сака да седи на маса со луѓе тогаш е најмирна и гледа во оној кој зборува исто и кога јадеме не гледа и се оближува. Избегнувам да и давам од нашето јадење иако има веќе 9 месеци, секогаш гледам нејзиниот оброк да се совпаѓа со нашиот. Сите јадат па и таа
@Cacuvche косата паѓа сега зошто не паѓала за време на бременоста, нема врска со доењето. Колку и да ти се чини дека е страшно, е нормално. Подоцна ќе ти се појават бебешки влакна.