Малиов преку ден на аголната спиеше, и тоа спуштена како спална и опкружено со перници и се, ама доби сила, почна да се подисправа и се пентари преку перници. Пред некој ден во рок од 2 минути дур бев на кујна, се разбуди, се испентари преку огромни перници до клуб масичката и се "нурна" по папучи да фати на под, среќа се стрчав и во лет го фатив па повеќе се исплаши. Се мислев за монтажно креветче да земам, таман за понатака со дедо доле кога ќе се чуваат ќе има, и за одмори. Тие до 3 годинки беа? Треба плус душече да се зима, нели? Војничко ползење како лазење се рачуна? И тоа почна. Коцките веќе не му се доволни хахаха. Ламинатот му лизга убаво, плива на суво низ дневна. А ладен ламинатот, што да му правам? Да го облакам подебело? Или нема гајле? По боди, тренерчиња и чорапчиња е.
И мојата паркетот го мазни и плочките ги топли хахахаха јас и ставам плус хулахопчиња пошто нон стоп е на под, и секогаш камен ладна беше во нозете. Монѕажно ти е супер, плус душече земи си да може малиот да преспива преку ден да му е удобно
Скоро па 7 ќе сме, бебе ич не сака вода да пие. Кога му давам од лажиче некако пие 2 3 лажички ма да и тие ги плука, а од шишето ич, само си игра со цуцла. Чајчиња му давам по потреба ради шеќерите, а искрено и сокчиња, во план сум да купам соковник па да му цедам домашно. Треба ли да почнам со паника што не пие течност ич освен млекото иако тоа го аметам за храна? Колку течност внесуваат вашите малечки?
Ако ти е креветчето само за играње тогаш немаш потреба од плус душече. Си има тоа негово душече само што е тврдо. А за играње и проодување баш тврдо и треба да биде. Креветчето е за деца до 15 кила. Има и оградици монтажни. Ти се квадратни во обликот и имаат рачки за исправање на нив. Војчичко ползење се рачуња за лазење.
Како што му лизга ламинатот деновиве само побрз станува во "пливањево", може нема ни да сака да се исправи Сабајлево се пикна под трпезариска маса и после плачеше зошто не можеше да се снајде за да се врати назад под столиците. Јас сеир терав малку, епа мами како си влегол, така да си излезеш. @JoyJoy Па и за дневни дремки го мислам, може некое ќебе/јорганче одоздола додека спие, па да тргам после за да "вежба"?
Ме изнасмеа, и мојата плачеше кога ќе стигнеше под маса. Не знаеше да се врати после Инаку, прилично долго „се влечеше“ мојата по под, се исправи на колена да лази тек после 4 месеци отприлика. А со влечење почна уште од 4-5 месеци, ама мојава е нетипично „живо“ дете, црвци има во газот Уште не оди сега ко што треба, ама моторче има вклучено 24/7 За креветче, да си земеш обавезно. Мојава и до ден денес дневни дремки тера во него, еве ја 13 месеци скоро. Ние имаме душече, одеше гратис со креветчето, промоција имаше. Но и да не беше така, јас ќе купев душек обавезно, не би да спие на подлогата цело време. Со ќебе/јорганче ајде некогаш, ама не секој ден. Креветчето наше е на Safety First, некаде околу 5.000 беше во Бебе Хоум тогаш. Провери да не има некоја промоција слична и сега После за вежбање можеш да го тргаш душекот, мада јас никогаш го немам тргнато. Кога не спие, знам некогаш да ја седнам внатре да си игра, утепува по пола саат
Во чаша си пробала? Јас не давам чаеви и сокови, само вода. И купив едно лонче,од него си пие, и од чашки за ракија. Уствари во било каква чашка пие. Нудам водичка после оброк, сака да пие Не многу, ама 50мл дневно сигурно.Мислам доволно и е.
Моево (11+) ич вода не сакаше ни капка, само фацки на гадење правеше. Па ни чај, ни сок. А нудам цело време. Конеееечно почна пред некој ден да пие по јадење малку и некоја голтка преку ден, се од чашка за ракија (пробани беа неколку шишиња со клунче и сл. ) и пак е малку 30-40мл на ден, ама боље ишта него ништа.
Мајки смеам ли бебе да го мачкам со свинска маст? Малце беше настинат вчера и денес, па превентивно да го измасирам да се испоти. Нема температура, само кашла и кива. 7м сме
Јас вчера го земав тој на Холе и место каша мене ептен водлест ми испадна, а го следев упатството :/ бидејќи бебе е веќе 7м, се мислам и јас за обичен понатака. Како го вариш? 1 спрема 3?