Цртани пуштено обв за време на јадење,кога гледа кога не,играчка фрла у секунда,пск давам,фрла и се у круг,ама џабеее. Се молиме еден саат,и ако не ми е проблем тоа,мука ми е кога и после еден саат ќе изеде 130-140,препишувам на запче,се надевам ќе помине.
Мамички да ве прашам дали некоја друга мајка има исто искуство како мене. Малата ми е 7 месеци преку ден се си е ок и со спиење и со цицање. Е сеа навечер пошто си спиеме заедно кога се буди за цицање ги тресе рачињата и се бута у мене и кога и давам да цица се си е најнормално пак. Е сеа тоа ми е малку шубе шо ги тресе рачињата дали е некој рефлекс или не знам што е. Искуство некое?
Знам зезнато е, што да правиш. Колку толку битно јадел, млекце убаво ако пие добро е. Мојов по толку јадеше долго време, дури на 10 месеца почна по 150-60гр. да јаде, на 11 месеца 170-80, сега на 12 по 200гр. Не е некој јадач се со молење, па и со млеко ме зеза. И напамет научив цртани и песнички, некогаш по цел ден ми се мота во глава некоја, а и 2-3 пати сум ги сонувала хахахаха
Кај мене маката е шо си јадеше 150-180,сега зависи,јаде некад 200 некад едвај 130-150,млеко само во сон (еден месец е вака) Пробав намлив млеко,ај викам ќе јаде повеќе,ама не исто е,се надевам да пркне запче,па да де врати на нормала
очиња , ушиња , носе чешање , се тоа поврзано е , по тоа секогаш а приметувам и јас , и нормал главното по нервозна е
Значи дефинитивно запче ќе вади,нервозен не е,ама бојкотира со јадење.... Приметив ушето си го влече и очиња чеша,не му се црвени не му солзат,зт не се загрижив. Фала на инфо
Мамички помош. Утре полне бебето 7 месеци и 2 ноќи по ред с3 буде плачејќи и врискајќи. Не сака во тој момент ни да цица. Има извадено 2 заба пред една недела
Колку милилитри млеко ви пијат бебињата на 10 месеци? Моето пие 2 пати еднаш пред заспивање и еднаш во текот на ноќта по 180мл. Дали е тоа малку? Имаме 3 оброка во текот на денот.
Бебето ми е 8 месеци, дали е можно уште да има грчеви?? Можеби гасови...Секоја вечер заспива кај 22ч но обавезно се буди со плачење по еден час, се витка, ги собира ножињата. Му го масирам стомачето со кружни движења, му ставам термофор, ко кревам да подждригне ... се смирува по еден час. Му давам биогаиа секоја вечер пред спиење кај 21ч. Има два оброци и си цица. До кога вака? Нема прескокнато, секоја вечер истото е.
Бебе ќе вади нови запчиња горе, набабренко и е, и не знам дали е поврзано со тоа, многу си ги тегне ушињата навнатре, по цел ден. Ја испипав убаво да видам да не ја боли некаде, не ми изреагира. И ги чистев со чепкалки за да не случајно ја чешаат па прави така, многу жолтило има, по 4-5 чепкалки трошам за едно уво. Не плаче, само ги тегне .. Искуства?
Избегавај чепкалки , чисти со влажна крпа или тетра и помини и го нежно увцето и после капење така . Чепкалките се лоши колку поеќе чепкаш поеќе се лачи плус наталожуваш со нив . Чим не реагира на болка од забчињата е ,мачкај гелче , давај осанит , глодалки ладни давај и ќе помине за некоа ден
На едното бебе му солзи окото. Приметив десното солзи, капка чат пат ќе видам. На левото уште не сум забележала. 10 + е. До пон ако не сопре го носам на педијатар. Од што може да е? Совет? Со камилица да му го поминам или не?
Да прашам и тука, оти во соодветната тема не добив одговор. Каде можам да најдам сет за хранење за деца? Кажете некоја ФБ страна...