Се користат само ако детето има воспаление на уво. Олесни и го вадењето на забите со гелчиња, ладни глодалки и ладна храна. Така можеби помалку ќе ги тегне ушите? И моево лом беше во ушите, па не ставав ништо. Ако детето е прегледано и востановено дека нема воспаление, нема потреба да ги користиш. Оти кога ќе треба навистина, нема да помогнат.
Здраво. На керка ми и воведов прв оброк на полни 4 месеци по препорака на педијатар бидејки беше на адаптирано млеко. Е сега на 6ипол и внесов и втор оброк. Наутро и давам овошје или пудинг нешто по леко, после 3 часа и давам млеко, после три часа од млекото и спремам оброк (морков компир ориз спанаќ месо....). Навечер станува еднаш за млеко. е сега проблемот веке неколку дена ни е што после овошјето што го јаде наутро таа ни после 3 ипол - 4 часа не сака млеко да пие. По ручекот исто. Дали е нормално толку многу ја да држи оброкот и да го намалува млекото?
Мами до кога трае фазата страв од непознати луѓе? Малиов буквално не дозволува никој да му се приближи освен јас и уште 4-5 луѓе кои ги гледа често. Надвор кога некој ќе му пријде почнува да плаче едвај се смирува и цело време сака да е кај мене во раце. Сте се соочиле со вакво нешто и како стр се справиле?
Јас. Пред две недели почнав да ја носам во гужва, да ја држат тетки, комшикии, баби иколку и да плачеше не ја зимав одма. И сега веке маки си нема. Денес баш ми дојде другарка со мајка и и прв пат ги гледа и ја земаа глас не пушти. И се смее, си кроти ич маки нема
Баш ќе те послушам ќе пробам така и јас планирав од утре постојано надвор да го мешам цело време со луѓе. Неможе вака вчера кај комшика само што влеговме се расписка ко којзнае кај да сум го однела, прееска во продавница уште само што влеговме почна да плаче Инаку колку месеци сте вие, малиов е 7ипол месеци?
И јас не можев од дома да мрднам со народ да се збркам или пак некој да ми дојде немаше шанси. Јас прво кај баба ми појдов ја оставив и отидов во друга соба да не ме гледа си плачеше и после некое времњ виде не виде се смири. Така 2-3 пати и се навикна. За една недела 7 ке полни.
Мајки ај една мала дискусија ако може како го поминувате денот со вашите бебушки? Како го исполнувате своето а и нивното време да ги занимавате, играте? Какви игри играте, какви песнички слушате, пеете? Еве на пр. ја имам бебуш (скоро 8 месеци) кој што е буквално мал црвец, само што ќе почнеме да си играме нешто него брзо му се здосадува па ајде преминуваме на друга игра и така цел ден...
На под постилам ќебе и истурам играчки пред неа,јас и ги редам коцките а она ги растура, се занимава. Во меѓувреме пуштам некој цртан филм, најмногу по 15мин гледа, и го гасам Кога ќе и здосади ја ставам во дубак колку за да завршам нешто по дома, она доаѓа по мене си се вози и бмрчи Кога ќе и здосади и тоа пееме рингејаја, тапшин танана, колку да ја учам да плеска со рачињата. Кога и ова ќе и здосади се облекуваме и одиме надвор во двор, да не фати воздух. Ќе поигра уште малку со играчки во количка и дошло време за јадење. Јаде па спие, и кога ќе стане пак одново со игрите Монотоно ни станува, ни требаат нови занимации! Мајки, споделувајте идеи!
Здраво мајки, Не знам дали постов е за оваа трма, ама ми треба совет. Малава е 12 месеци и уште не џвака. Има запчиња ама храната ја голта, се дави ако е парченце. Два пати од памет ме има извадено. Како да ја научам да почне сама да џвака и да јаде со лажича? Уште блендаме...
Кога ќе престанеш со блендирање ќе се научи. Таа е навикната на мазни каши, лапни голтни, затоа се дави кога и даваш парчиња, оти директно голта. Затоа од сам старт се дава храна со текстура, значи пасирано, а не блендирано, децата се учат да џвакаат со непцата, а после забите само ќе си ја преземат улогата. Почни да пасираш, да не биде јадењето сосем мазно, туку да има и по некое парче. Дај му на детето во раче помеко овошје или варен зеленчук, да почне да гризе. Ако си блендирала ориз, тарана и палента, престани да го правиш тоа, дај и да осети дека јадењето не е мазно. Ќе се научи со тек на време.
Вчера мајка ми и дала на малата пандишпан од колач кој го правев за нас (мачмало) додека бев да пазарам. Се вратив и што да видам си седи таа на хранилката цела замачкана мајка ми и бута ли бута во уста тровчиња од пандишпанот малата си шлапка и гуга со полна уста ммммммм. Ќе се шлогирав. Досега секој оброк и го блендирав. Во пандишпанот имаше и жолчки и какао. Да сметам дека жолчката е воведена? Незнам колку изела мајка ми вели една супена лажица. Штом вели така сигурно е повеќе. Да се немало доверба во родител кога го оставаш детето на чување!
А што кога се дави? Денес и дадов банана онака со виљушка пасирана и од првото лажиче добива нагони за повраќање (еднаш ми има повратено од грутка прашок неубаво сум ја измешала ноќната каша) Мојава има скоро 10м а нема ни едно запче. Сакам да ја научам да јаде пасирано ама голем страв имам
Ќе даваш мали залаци, пола од мало лажиче. Мора да сфати дека храната има текстура. Дај сама нека јаде, парчиња во рака. Ако јаде смоки и бисквити, може и каши. Ќе се научи, само нека биде цело време под надзор.
Пробав и дадов да јадр ќифличка. Не дека јадеше ама се трудеше дс грицка. Повеќето го плукаше, ама ќе се научи ваљда. Страв ми е многу дека се дави и мене ми се деси да поврати. Ако и дадам пример овошје да грицка, можно ли е да гризне преголемо парче, да и се заглави .?Многу глупо прашање знам,, ама се испаничив шо се давеше...
Можно е секако, затоа реков под надзор да биде додека јаде само. Мало е уште, ќе се научи со тек на време.
Мами што правите сега како прогласија епидемија? Шетате,се мешате со деца? Изолација? Дали планирате предвремено вакцинирање?
Кј нас немат заболени, ама гледам само да не се движам во затворено. Шетаме на отворено. Мојава е 10+ и немам намера да вакцинирам во епидемијава.
Јас од како се појавија морбиливе не ја мешам со деца, рипнавме и рутински педијатриски прегледи, инаку шетаме секој ден по совет од педијатар слободно може да се шета на отворено.. За предвремено вакцинирање и јас сум на два ума, за 2 недели ќе прави 10 месеци. Ако продолжи вака за месец, два може да ја вакцинирам, само да издржиме, секако не можам во скоро дека пред 2 недели примаше втора доза дтпр. @Sandrin4 тоа дека нема заболени е релативно, сеа за Велигден кога ќе ви навалат скопјаништата.
И ја чекам време од втора доза дитепер да помине,до тогаш у размислување сум(11 м ќе биде тогаш). Баш му реков на педијатаров додека чекаме може ќе стивне,ама тешко изгледа ... Исто ми рече педијатар на отворено,ама пак ми е мисла,у зграда сум,влагаме у лифт,мм со народ цел ден(да не бидеме преносители) Ти си опкружена со доктори,шо те советуваат.
Денес постигнав мал успех. За доручек и дадов палента со кисело млеко и жолчка. Ставив палента од онаа обичната не од бебешкава што е како прашок. Кога и давав досега од обичнава палента ја блендирав а денес не ја изблендирав. Првите 5-6 лажички имаше нагони за повраќање зошто мојава не знае да плука храна. После почна полека да голта. Се храневме еден саат, јас се препотив неколку пати ама на крај цело тањирче си изеде. За ручек ќе продолжам со пасиран компир а вечер банана. И палентава е сепак некаков успех