Мајки на женски бебиња, просветлете ме како да и земам урина! Пробав да залепам од кесине, не успеав. Не знам како правилно се става. Ја носам денес на систематски а без урина сум, ми напоменаа задолжително е да носам.
Не знам во што грешиш. Јас со такво и земам еве веќе 2 пати. Знаеш дека има посебно за машко и женско така? Иначе само ја лепиш ќесичката и чекаш. Јас пуштам и чешма да течи за да ја исоровоцира звукот.
Да, земав за женско. “Залепив” и после еден саат да проверам, глеам она ја наполнина пелената а кесата празна
Ама дур чекам јас гола ја оставм на долу без памперс. Таман затоплувам за капење 25 степени, ја капам и лепам. Може да ја покријам со пелена. И проверувам на секое да не се измрстило или одлепило. Штом се измочка веднаш претурам во стерилна чаша и носам примерок во лабараторија. Минатиот пат и се прицица, па замотав бебе во ќебенце и си ја доев. Само се молев да не ме искака.
Ааа.. Како не прашав на време, да не се брукам Се става директно или има нешто за одлепување прво? не памтам како беше а не е оддамна. Многу заборавам. Сега успат ќе земам баш.
Има за одлепување дел. Можеби ти исправно си правиш и може и така. Ама јас на 2 пати успеав еве на овој начин да соберам, па појма немам како е исправно.
Давате ли д3 во јуни? Мене последната капсула ми е за утре да и ја дадам, мислам да не купувам веќе. Во извештајот од ортопед пишува до јуни да давам, па пауза па од октомври повторно.
Јас до 18 месеци давав кај двајцава, без прекин. После тоа, од април до октомври правам пауза. Ама така бев советувана, од ортопед и од педијатар.
Ortoped mene mi rece do 15 mesci sekoj den po 2 kapki vigantol... Pedijatar juli i avgust da davam po 1 samo... Na ad sme... Neznam sto da pravam
Sto davate za dorucek so ovosjeto.. Mislam samo ovosje ili mesate so nesto... I za vecera... Za 7 meseci.. Neznam. Sto da davam.. Od baby first corn se isfrla celata na lice.. Sto da davam... Pomognete.. Neznam vekje...
Од житарки просо, амарант, ориз можеш. Некои и киноа даваат и таа е безглутенска. Јас најчесто мешам овошје со житарки. Еве на пр денес дадов просо со банана и слива и мн и се допадна. Ако планирам за ручек да давам комбинација со житарка, најчесто ориз, тогаш давам само овошје, ама не ми ја заситува некако така. А за ручек давам или со тиква, сладок компир или компир и тоа секако ја држи сита. Вечера немаме и мислам рано е на 7 м. Ние сме скоро 7 и тек сега и воведувам ручек.
На 7м вечера? Овошје ни беше доручек, чисто овошје, додека не воведов комплет оброци на 9м, тогаш почнав да ставам гриз, ориз, палента, киноа, амарант и просо во вечерата или доручекот, максимум 3 пати неделно. Така до 12м. После 12м воглавно ни беше доручек житарка со овошје или млечни, вечера скоро секогаш ни беше житарка со млечни, избегавав овошје. Избегавај ги тие инстант каши, златна палента, мелен ориз (мада и обичниот е сосем ок), зошто инстант оброк. Вечера според мене ти е рано, ама ако веќе си дала гледај да е полесна и поедноставна, да не му тежи на мешето.
Од дневната соба кон предсобјето кое е со плочки имаме како скаличка и стално пазам кога син ми е во дубак вратата да биде затворена,ама денеска несвесно сум ја бутнала само и некако од промаја се отворила..додека бев во тоалет 2 мин..и само слушнав плачење одма истрчав он лежеше на плочките,а дубакот врз него,го земав одма и од прилика саат време плачеше преплашен,7 месеци е,го соблеков,го фаќав сегде не реагираше нигде како да го боли и нема нигде ни модро ни изгребано ништо..2 саати не му дадов да спие и го шетав се си е нормално весел,се смее,си јаде,пие..можно ли е да има некој проблем како внатрешно крварење или нешто друго..?ве молам за совет не можам да се смирам од кога се случи воа.цела се тресам од страв и грижа на совест
Исплашен е, затоа плаче. Штом не реагира на допир ваљда не осеќа болка. Од што мислиш да има внатрешно крварење? Многу високо е скалата? На глава падна?
Син ми зимоска падна од метар и дваесет висина, на глава директно, немаше никакво крварење, се беше добро, ако има крварење внатрешно се гледа одма, не е така едноставно. Децата немаат толкава тежина да направат таква повреда.