Абе и јас когистев дубалца еден месец , за да се олабавам некогаш , да одам до веце а да не доаѓаат по мене или да се сигурни кај што се , да можам да јадам на раат ... две бебиња имам ... ама после што мака видов , одеа со телата нанапред наместо прави, мислеа дека во секој момент можат да клекнат и да се потпрат на нешто , мислеа дека ќе летаат како што правеа со дубалцата и не правеа нормални чекори а се буткаа како со дубалцата.
Ви благодарам за совет. Проодувалката ретко ја користи, некако паника само ме фаќа зашто ми е прво дете и мислам дека касни со проодување гледајќи ги другите.
Немој да споредуваш со други бебенца секое си е индивидуа за себе.Ќе си прооди само кога ќе си е спремно, може се исплашило му треба време не се секирај..
Ќерка ми еве веќе неколку дена сака само во раце да ми спие, плачлива е и вознемирена ако се обидам да ја прелегнам. На апликацијата пишува дека врви низ иритирачки период во кој осознава за мобилноста на мама. Значи не е скок, туку период таков. Ама мн е исцрпувачки. И на вечер ми спие во раце. Не можам ни д спијам, ни неш да сработам. Дали има некој искуство со ова?
Мајки кои користите Аптамил 3, на самата амбалажа пишува до 2 дози во 24 часа, но моето бебе пие околу 3 некогаш и 4 пати. Штетно ли е да се дава повеќе од препорачаното? Ве поздравувам.
Дали сте ја бричеле косата на вашето бебе? Сите ми зборат како би требала тоа да го направам пред да наполни годинка за побрзо да и растела косата и да и била густа. Дали навистина бричењето допринесува за погуста коса или ова се само бабини приказни?
Јас како бебе сум немала ич, ама ич коса, сите и викале на мајка ми дека требала да ме избричи за да ми порасне. Нормално дека не направила така, нема врска тоа е ген. Еве ме денес со долга густа коса за извоз ))) уживај ке и порасне со време
Боже зар уште веруваат во тоа? Досега сто пати му е исшишана со машинка на кец и пак му е ретка. Нема благе везе. Нема врска дека ќе се згусне, се зависи од гени.
Баба ми ме отече со тоа да ја ишишам скроз да и се згусне. Јас секако не го правам тоа, не верувам во тие бабини деветини.
Дечки, На малава и се вцрвени дундето. Не знам дали од антибиотикот што го пиеше или од што имаше поретка столица и почеста па ја печело дур ја приметиме. Ја мачкам со Бепантен. Ја измивам на менување пелена. Не знам дали ја боли, ама кога идеме да менуваме пелена вришти уште само што ќе ја легнам... Што да направам нешто да и олеснам? Сабајле сме секако на доктор и ќе ја види ама до сабајле??? А не исклучувам и да е до пелените, ма да не сме имале проблем до сега од пелени. Како да знам од што и е? Иако мислам дека и е од кака. Мм ја оставил подолго со несменета пелена, а какана била, еден ден кога ја чуваше. Од тогаш е вака.
Може и од антибиотикот. Обично е габично, но да не претпоставуваме, лекарот ќе каже. Ако имаш крем со цинк оксид, намачкај вечерва.
И моите ептен запнаа со тоа а мене ми е жал несакам па реков да прашам дали е морално,мислам дали имало врска густината со бричењето ама супер штом нема ,нема да ја бричам! Фала ви мајки многу,фала богу што постои форумов!
Мамички нас ни е рано да коментираме во темата ама мислам дека вашето искуство е најрелевантно со оглед дека прашањето ми е за 6+. Бебчо ќе ми наполно 6 месеци во ноември и до следна сезона на овошја ќе има само цитрусни и јаболки, кришки, банана. Јас сакам да замрзнам нешто од сезонскиве како кајсии, праски, црешки а понатака и сливи, диња и сл. Може ли да ми споделите како вие сте се подготвувале и дали свежи или варени, компоти и др сте давале кога сте биле во овој период.
Сливи, вишни, цреши може да замрзнеш, од кајсии и праски направи компот. Диња и лубеница ќе оставиш за следна година. Може да замрзнеш и домати и пиперки од летово, да бидат баш сезонски, а не пластичните што ги има на зима.
Кога да го дуваме базенот за во двор? Може да се шлапа нели? Од четврток викаат и до 36 степени за Скопје.