Мами бебињава многу помалку течности пијат последнава недела. Во меѓувреме прејдов на клунчиња ама па и од клунчињата добро пиеја . Пробав да ги вратам на претходните цуцли ама немаат желба исто така како и од клунчињата . Кога ќе видат шише вртат глава или евентуално две три голтки да испијат
Да пробаш со чашка? Или од шише ние како што пиеме. Моево така пие. Нас не гледа така и не сака цуцле.
Веќе го полневме малото базентче, петокот и саботата се бањаше на тераса, овие денови ќе го наполниме и поголемиот за во двор.
Не мора шеќер, а може и лажица да ставиш. Јас не правам компоти, за тоа баба и дедо се задолжени. Ги полнат теглите со чистено овошје, во нивните ставаат пола лажица шеќер, а овие за децата ги прават без шеќер. Дотураат вода во теглите до врв, убаво ги затвораат и ги ставаат во голем лонец со вода да зовријат еднаш. После ги оставаат така да се изладат и правец во подрум, спремно за зима.
Sabajle i bese 37.3 posle na rucek37.5 pa i padna na 37.3 pa sega 37.9 kenkava e place nz nosot malku i cedi
Пази да не ти дехидрира ако не цица. Ем со температура ем на жешково. Прти боја на урина и ако не пие млеко барем водичка или чај да пие.
Колку мало бебенце? Секако дека може, дури и поубаво е, пошто дома кога правиш, знаеш што ставаш во него. А во домашните компоти секако нема ништо посебно, овошка и вода. Шеќер навистина не мора, оти кајсиите и праските се доволно слатки.
И ние стигнавме во оваа група, 6-12, уште се мачиме со забите, уште не спиеме ноќе ама затоа па дење си спие ко мече, нормално ли е на жешково повеќе да спијат преку ден? Откако се затопли на 2 часа си дремнува. Иначе многу поинтересен е сега, дека почна да разбира некои работи, душа е последно што прави е да повторува, еве вака на пр. Свекрва ми кашлаше многу и тој почна по неа да кашла и ко ќе ја види кашла хаха иначе не
Еве сум и јас во оваа група, бебо мој во понеделникот наполни 6м. Па да ве прашам за совет, како да го научам да ги јаде зеленчуковите каши? Почнав со дохрана на 5м и 10дена, првите 10-12 дена јадеше само зеленчук, после откако проба и овошни каши никако не јаде од овие другите. Од овошните јаде по цело мало тегленце без проблем, дури и уште бара. Ама од зеленчуковите му се гади, прави фаци, плука, затвора уста и крај. Правам разни комбинации, додавам и мое млеко, некогаш и маслиново масло, кромид, пашканат, демек да се смени малку вкусот и се е џабе. Еве денес последно додадов готова каша од јаболко и морков на домашната од компир, брокула и тиквица и едвај изеде 70гр. Потоа кенкаше, беше гладен и му дадов да цица. Дремна еден саат, цицаше ептен малку и исповрати се во неколку млазови, и од кашата и млеко. Не знам дали многу му дојде, и млеко и каша, или желудникот не му вари нешто (втор пат се случува да повраќа после каша во која има компир и тиквица). А можеби е само случајност. Реферат напишав, ама очајна сум. Матичната ми вика да му ставам кисело млеко во зелен. каши, ама си мислам да не е рано? Прво бебе ми е, за се му се потресувам ептен. Се грижам да не му е малку само моето млеко, дека веќе треба да јаде и други работи за да му се задоволат потребите за правилен раст и развој. А како ќе стигнеме вака до ручек.... Па и треба да ми дојде деновиве, се исплакав убаво сега, хормоните вријат. Извинете за прикаската, само барам совети и мислења