Не давај да цица одма после каша, млеко (мајчиното е сладуњаво) и брокула кај иде. Додавај јаболче во зеленчуковите, ќе видиш разлика. И прави ги потечни. Гледај да мешаш пример поедноставни намирници, ти ко за 6м многу намирници си измешала. Компир, морков и јаболче, компир, тиквица и јаболче, 2-3 намирници нека се. За кисело млеко е прерано. Путер, маслиново ти е ок. Дури и мајчино во зеленчукови не би ставала.
Да направам тука сефте, на 9ти малата наполни 6 месеци, денес бев на советувалиште примаше вакцина ја измерија систематски му доаѓало ма 6тиот месец 7500гр и 70цм долга, правевме и крвна слика хемоглобинот 12 на долна граница ама во ред било. Е сега останав запрепастана од советите за дохраната, во седмиот месец како што сфатив тоа е овој период да почнам со воведување на месо, кисело млеко и потоа и жолчка. И бидејќи веќе месец дена има еден оброк да воведам втор, значи сабајле да давам овошје со житарки и ручек зеленчук со месо па со жолчка, палента со кисело млеко.. Многу јадење ми се гледа тоа за толку мало желудниче.. Не сум паметна дали да се водам по овие совети кои да напоменам се поклопуваат со тие на матичниот педијатар или да барам трето мислење?
Нам од прв до втор оброк ни помина рамно 2м. Докторот ни го објасни тоа така, до вчера било на течна храна, сега воведуваш каши и наеднаш треба да го бомбардираш со тешка храна па и повеќе од пола од денот да го помине на цврста храна. Од ручек до вечера поминаа 1м. Јас би ти рекла да почекаш, нема потреба од брзање, супер напредува, примени ги советиве следен месец.
И јас така се мислам да направам со синко втор воведов на полни 8 месеци заедно со месото а подоцна и жолчката, за право почнав со дохрана тогаш на 6 полни, сепак ќе почекам за втор оброк до полни 7 или да давам за доручек исклучиво овошје со житарки, а околу пладне по некоја лажичка зеленчук и така многу работи имам за воведување?
На дете кое се развива и има потреба од поголема количина железо потребни му се и жолчка и месо. Таман се советите. Не знам кои се границите во лабараторија ама 12ка хмг е одлично.
Јас би почнала. Одлуката е твоја. Месо дадов крај на 6ти . Жолка почнав да воведувам на 8м , со овој памет сега би почнала многу порано. Се што е над 10 кај толкаво дете е сосем океј.
Ние заедно почнавме со пробување, јас со втор оброк почнав пред 5-6 дена, засега е успешно, моево па повеќе ги сака зеленчуковите каши од овошните. Жолчка планирам деновиве да воведам имам баба и дедо на село имаат кокошки и сакам домашно јајце да му дадам, за месо незнам 7 ќе чекам, моево е 10+ кила
Е да баш сакав да те означам ама несакаше телефонов кочеше. Значи веќе почнавте со втор. А колку грамажа јаде на оброк?
Јас правам од прилика но секогаш го турам во тегличе од купечка каша и му давам по 1 тегле на оброк значи 130 г толку берат теглињата. Овошјето кон 11ч го јади и секогаш остава малку, а зеленчук кон 5ч попладне и цело тегле го јади
Исто и јас и ги претурам кашите во мало тегле и најчесто цело го јаде во 10 11 зависи како ќе стане и кога го пие млекото. И секогаш после каша заспива и нема шанса млеко да се напие порано од два три саати по оброк
Дали намален апетит на бебе да препишам на горештиниве? Едвај по 5-6 лажички ми јаде, само вода пие и цица Ни овошје,ни зеленчук ни месо сака..
Баш и јас ќе прашував истото. На сила 100 грама каша и бутам, со 300 лажења. А чудно па вода не сака ни капка деновиве да пие. Цица повеќе од вообичаено, па ваљда така гаси жед. Пелените и се утоп. Дури и поголем број купив, од што на вечер ни пропуштаат.
Ма какви 100грама, мојата ни 30 не јаде Само вода вода вода Почна и да не мочка навечер,суви барут пелените
Ние имаме ЗАБЧЕ се пофаливме и во старата тема. Колку било возбудливо солзи пуштив свекрвами го најде, тропка со железно лајче Иначе и моето повеќе цица деновиве и помалку јади. Цела тегличка јадеше сега остава колку 1 прст на дното. Можеби и забчето го мачеше.
И ние сме со посуви пелени насабајле. Знам нашите се 10тина дена разлика и исто како што кажуваш. Е оваа јаде ама да е ладна храната. Кисело млеко и е посластица. И татко и сладолед и даде, збесна од убавина.