И јас сакав да прашам за посувите пелени деновиве. Моето и многу се поти, особено навечер. Еве сега скоро сува ја извадив пелената. Ама никако не сака вода да пие, ни од шише да фати, ни со лажичка - само ја плука. А цица скоро исто ко и претходно. Како да пропие вода? Едит: Лаки, честито првото запче, нека ги реди бели ко бисери
Ко што кажа Ангел се потат и затоа не мочкаат толку. Оние бебиња што почнале со јадење нудете ги почесто со вода, оние што уште цицаат нудете им почесто града. Син ми кога беше бебе овој период ми дехидрираше. Пазете на пелената, ако забележите портокалово/црвенишкави траги тоа се урати и се првиот знак на дехидратација.
Фала Хепи со лесно да ги вадите и вие Баш посуви пелениве, од 8 до 8 една пелена и не скоз полна, ама и мојов поти многу. Вода пие ама не мн количински, цица денски повеќе.
Арно ми кажа. Вчера во една пелена забележав портокалови траги и баш ми беше чудно што може да е тоа. Се загрижив ептен сега. А да му дадам чај, можеби него ќе го пие, барем некаква течност покрај доењето да прима? Имам на Ден чај од морач.
Ми помина времето за редактирање. Додека сум тука пак да прашам, со што да го мачкам на образите? Многу лигави, рацете нон стоп му се во уста и се трла насекаде по лицето со нив, па кожата му е ептен сува, црвена и иритирана. Матичната ми рече да го мачкам со крема на Уриаж, за пери-орална нега, ама нема никакво подобрување. А баш пишува на неа дека е за бебиња кои лигават Како го решивте ова вие?
Еве вака изгледа, сува пелена со портокалови траги. Обично знае да се случи кај бебиња кои се во скок на развој и слабо цицаат или кај бебиња кои се на почеток на дохрана 7ми, 8ми месец кога млечните оброци се заменети со цврста храна, а навиката за пиење вода не е уште стекната. Можеш да даваш било какви незасладени течности, ама сепак вода е најдобро.
Исто беше и моево и уште е но не многу сега, го мачкам од германската павловичева со невен таа најмногу ни помогна, исто и ланолин што го користев јас за брадавиците и тоа мн беше добро. Пробај
Јас завчера решив да не пуштам клима ,појма немам зошто така решив , и ручекот и вечерата ми останаа, две теи лажички ќе каснеа и толку. Денес , вчера и другите денови сме со клима цел ден и ноќ и нема проблеми со јадење.
У лето мрсна крема не, хидратантна само. За дехидрирањето може и електолити да растворите. Јас се плашам многу од дехидрирање, оти го кркавме на само 2 недели старост и ми се плаче кога ќе ми текне само.
Со клима сме по цел ден.. Денес ете јадела малку, се надевам ќе се опорави. Битно вода и цицање форсирам, на жештиниве барем течности да прима.
Мајки малово има 9ипол месеци ама многу слабо пие вода, можам ли место вода да му правам компот или чајче барем на некој начин да внесува повеќе течности, многу ми е страв од дехидрација, приметувам дека многу се поти а пелените не се толку полни како што беа
Мајки каква вода давате на бебињата? Купечка или од чешма? Јас уште му немам дадено вода дека цица, ама веке почнавме и со втор оброк полека деновиве, и иако докторот вика дека не мора вода, јас сум на мисла да му дадам. @lackygirl честитки за забчето, со лесно да ви пораснат сите бисерчиња
Фала Дина Вода му давам откако почнавме со вкусови, пие по малку, давај му штом сте почнале да јадите, јас Ладна му давам, невријана. Пред тоа дури беше само на доење не ни сакаше вода и не давав.
Јас на почетокот кога почнав со дохрана му давав Бебелан вода, а сега превриена од чешма нудам. Ама моето ни голтка не пие се уште. Гледам скоро сите од генерацијата сте почнале и со 2 оброк. Јас се мислам кога да му го воведам и него? Почнав со дохрана на 5м и 10дена, после недела дена веќе јадеше оброк бебо. Моето се буди околу 9ч наутро, цица, спие околу 11ч, и појадокот му го давам дури околу 12:30. Не знам кога да му дадам ручек? Треба да има еден подој измеѓу доручек и ручек нели? Ако е така, тогаш бебо би ручал околу 17ч. Да не е касно?
Ваков исип од топлото ли е, јес да цело време сме само по боди ? Како да разликувам од алергиски исип?
Што давате кога бебе не сака да пие вода? Го форсирам ама џабе повеќе ја плука него ли што голта...го ставам почесто на цице ама мислам дека тоа му е малку течност... на ова топло време не знам што да правам за да не дојде до дехидрација. Инаку бебе е 9ипол месеци
Од што пие? Шише со цуцла? Шише сл клунче? Со лажиче, чашка? Си пробала од сето ова? Моето е 10 и пол и вода пие мноооооогу. По цел ден туку крева на шишето. Сокови,компоти и чаеви не давам, ниту сум во план, само вода.
Со се имам пробано и обично шише и со клунче и со голема чаша и со чаша од ракија, со капаче пробав буквално со се ...он ја пробува и чим осетии дека е вода ја плука...инаку браво за вас само вода да си продолжи да пие така треба на ова време
И мојот има сличен ред,вчера пробав да му дадам ручек во 4 часот и ми го одби такада за втор оброк ќе почекаме.