Како сте со спиење прку ден? Мојов вчера касно заспа во 11 стана во 6 едно цицање и одма продолжи да спие во 9 ипол јас го разбудив. Сега заспа пак и ќе видиме колку ќе тера ама овие три дена како во транс е само дреме.
Здраво до сите.Јас сум мајка на две близначиња кои се 7 ипол месеци.Дали ќе може да ми кажете која урда и кое сирење го купувате.
Можам ли да дадам пробиотик 4 часа пред антибиотик? Ќе почнувам вечер накај 8 со антибиотикот дека е на 12ч. А ќе спие за отпосле да и го дадам.
Мајки,ќерка ми има кандида во устето, ни дадоа нистатин капки 3 пати на ден по 10 капки,7дена.но кај нас поминаа 7 дена,а устето уште бело..?совет,искуство? Утре ќе одам кај матичната ама сум загрижена што не е помината.
Не знам како ги ставаш, но пред да ги ставиш капките треба прво со стерилна газа намотана на прст да ги отстраниш белите наслаги колку можеш и на јазичето и обравчињата од внатре.Потоа се капнуваат капките по доза наведена во упатството или по препорака од педијатар.
Фала ти многу мајка..жими се не ми кажа педијатарот дека вака треба да исчистам прво еве сега направив како што ми кажа ти,па после ќе одиме на контрола
Плаче коа ќе се одалечиш од нејзе/него. Им станува јасно дека мајката може да ги напушти и коа ќе излезеш од соба одма вриштење Душички, не сфаќаат дека до вц и се враќам одма си мисли готово, го оставив Го учат поимот далечина. Инаку не ми се виде страшен скокот. Коа сме си заедно се си беше супер. Плачки имавме коа ќе идам раци да измијам, да земам пелена, да идам до вц и така...0
4 недели. Почнува полека од 23та и ударната е 26та недела. Значи некаде почеток на 6ти месец (според термин)
Го поминавме скокот и уште знае некогаш така да реагира, ама подобро е сега. И оставам отворена врата ме гледа и си се заигрува.
Мајки дали некоја од вас дава АД само навечер за спиење? 6+ е малиот, до сега само цица и има два оброка на ден, сабајле овошје,поручек зеленчук, ама сакам за спиење да пробам да му дадам АД за да врзи некој саат повеке, уште се буди на 2-3 саати. Еве сега сум у план да му дадам 60мл да видам дали ке го пие, ама не знам за навечер колку да му спремам.
Барав по соодветна тема за прашењево но не најдов.. Од колку месеци ги возите вашите малечки во трицикли? Можам ли да возам 8 месечно бебе или се уште е мало? Разгледував некои имаат безбедносни каивчиња,а некои не..
Имаат безбедносни каиши ама пак треба цврсто да седи. Да не биде како колбаса внатре, нема да му е удобно. За таа возраст летна количка подобро. Ова не се ни спушта, ако заспие, седечки не може да спие.
Мало е уште на 8 месеци, јас би ти рекла од годинка натаму. Мојата првпат ја седнав после првиот роденден. Безбедносни каиши инаку сите имаат, мора да имаат. Не знам какви се тие трицикли без, зарем има и такви И ко што ти рекла @duffi , може и да ти заспие, а нема како да го легнеш, само седечка позиција се. Почекај
Јас не сум дала Ад, ама баш вчера со јатрва ми го зборев ова. Малиот е 8 месеца со 2 воведени оброка, почна да му дава ад дека уште малце ќе тргне на работа. Малиот станува 2-3 пати ноќе, сега и со вештачкото исто станува, не видела некоја промена дека спие повеќе од вештачко млеко.