Кај мене е 8 месеци и не пие ноќе млеко и да и понудам нејќе,и давам чајче оти е жешко сега и може е жедна,а ако нејќе чај си ја зимам во раце и си гушкам,галам додека не си заспие цврсто.. Бебето треба да се осеќа сакано и сигорно,а не да плаче 45 мин преплашено и да заспие од премора. Кога го прочитав овоа толку нервоза и лутина добив тоа чудо.какви се родители постојат леле...ептен ме изреволтира тренингов.
Дали е океј, јас лично сум одлучила заради мислењето на стручни лица кои ја напишале книгата. Како и за се друго, разни педијатри имаат разни мислења, ама не го измислив јас, книгата ја открив барајќи стручен совет од соодветно лице. Кога имаше грчеви давав капки и ставав термофор, ако имала мака сум гледала да и помогнам, и по цел ден ја играм и шетам и гушкам. Според мене ноќта е за спиење и сите навики се создаваат од најмала возраст. На никого не сум рекла дека треба да прави како мене, ама кога ќе кажам дека имам начин како бебе да спие цела ноќ, сите ме прашале како. Само споделувам што фукционирало за мене, ако некој сака нека проба, ако не постојат милион други начини и методи, па има и мајки што дојат сред ноќ и на година ипол. Јас не сум и не сакам да бидам од тие. И ова е начин на кој го постигнав тоа. Мене ми функционира и скроз ми има смисла. @cvekence123 жал ми е што ти предизвикувам револт. Ама не ми е жал што имам дете кое вкупно 5 пати плачела во подолги интервали во нејзините 5ипол месеца, а повеќе од 2 месеца спие по 12 саата навечер. Имам здраво, весело и зборлесто бебе и јас сум и максимално посветена во будните саати. Се на се, сум мајката што сакав да бидам.
Zosto sekogas mora tako osuduvacki da se pisuva? Za se! Dava li neko voda, caj... ostava li deteto da place ili go guska.. ne morate sekogas da osuduvate. Sekoja majka znae najdobro.
И тоа е во ред. Не е тоа потребно и неопходно. Само е еден од многуте методи на sleep training. Ако не сакаш, можеш и ниеден метод да бе применуваш. И тоа е опција, feed on demand и baby led weaning, каде детето цица кога сака и колку сака додека самото не се одбие. Не го избрав овој начин туку така. Убаво истражував што се постои и се што се препорачува, и едноставно го избрав овој метод. И јас не верувам дека ќе дојам дете на 8 месеца кое има заби, 3 пати во 2 саата како последното бебе што ми беше на гости. Ете за мене тоа е неприфатливо. Ама за неговата мајка тоа е во ред. Секоја мајка е најмајка за своето дете.
Моето немаше заби до 11 месеци. Забите не ми се репер за ништо искрено кажано. Секога за се го оставав како што тој сака. Првата год ми беше најлесна од секој аспект. Втората откако прободе нормално потешка.. За мене едно правило важеше само. Како сака така ќе биде. Ништо на сила. Тоа е дете.
Јас сум стоматолог. И те како ми се репер забите. Не можам ни да објаснам колку деца на 3 години сум видела со детски кариес од ноќни шишиња млеко/сок или од ноќни подои.
Јас неможам да ве разберам тука осудувате вода зашто се давало ,правите тренинзи мислиш куче чуваме а не бебе. А во другана тема одобрувате патлиџан,џиџи бебе и ред сите не соодветни јадења за возраста на бебето. Да му се одмили на човек више да пише било што.
Тие се веќе поголеми деца. Поентата беше ти на 2 недели новороденче не си му давала за ред да добие ко што сфатив
Не си ме сфатила. На 5 недели почнав со 10 минути смирување пред цицање, а сосема да не давам почнав на 4ипол месеца зошто од 3ипол спиеше цела ноќ и тогаш почна да се буди. Значи од 5 до 15 недели полека намали од 3-4 подоја на ниеден. Кога ја оставав да плаче веќе бев сигурна дека не станува ноќе од глад. Претпоставувам беше некој скок. Не можам во неколку поста да доловам се од една цела книга, и има еден куп други детали настрана од плачењето. Тоа е последно. И во книгата е објаснето дека ако целата комплетна рутина не се запази, џабе ќе го оставиш детето да плаче. Не функционира така. Се трудам сево ова да го објаснам зошто не е само дискусијата за тоа дали бебето ќе јаде ноќе или не. Јас ова го применувам за да детето има убава рутина, знае кога станува, кога легнува, кога јаде и кога си игра. Се тоа е дел од комплетното воспитување. И можеби грешам, можеби моето дете е исклучокот од правилото и ова не би функционирало со ниедно друго бебе. Јас само ова бебе го имам и само ова (успешно) искуство го имам. Само го споделувам. Книгата си ја купив и ќе ја дадам на секој кој е заинтересиран зошто јас не можам да објаснам се како функционира овде.
Почнувам со работа кај и да е, и имаме ваков ред: Станува околу 7ипол 8 Доручек во 9 Околу 12-13 часот цица Околу 16 часот ручек, после до вечер цицање. Е сеа на работа сум од 6 до 14 часот, ова цицање во 12 како да го замениме.? Секој предлог е добредојден. Пробав со адаптирано, нејќе да го помириса (пробав со хипп, не знам дали да пробам со некое друго или џабе ќе е? )
Пробав, не можам толку да измолзам за да има за секој ден, едвај тече кога молзам. Он цица 3 пати дневно така да каде каде ми е намалена лактацијата.
Не е осудувачки да се даде свое мислење. Јас не викам дека е лоша само викам дека не е океј според мене да се препорачува таква метода.
Колкаво е бебето? Ако е над 7 месеци можеш кисело млеко да даваш како ужинка ако јаде чисто, или да ставиш некоја овошка како овошен јогурт.
Молзи почесто и собирај го. Чувај во фрижидер. Ќе ти се зголеми лактацијата со почесто молзење.. Пробај.. Или пак замени го млекото со оброк.
Еве една статија на темава за тренинг за бебиња: https://pedijatar.mk/prim-d-r-lilan...da-go-distsiplinirate-tuku-ponudete-mu-uteha/ Сите бебиња ќе научат да спијат и да презаспиваат, јас сум давала да цица кога и да се разбуди и сум нишкала и пеела, еве веќе си спие по цела ноќ не правев тренинзи сама си покажа кога е време. Дека имало бесони ноќи имало ама моево воглавно после 3 месеци почна да врзува по неколку саати, не сум тренирала бебе она мене ме тренира, си ја следиме рутината секој ден за јадење, шетање, дремки, бањање.. ама кога и да заплаче не се мислам да ја земам и да ја утешам, дур цицаше дури и сакав да има ноќни подои затоа што се важни за бебето.
Будев и јас првите 2 месеци, ама и после знаев да ја земам да цица а можев да и ставам цуцла и да продолжи, околу 10 месеци почна да ми се одбива и толку инсистирав бар ноќе дури е поспана ама џабе беше.
Е баш поради тие работи јас се помалце се пуштам на форумов.. Немам време да пишувам,отварам само да читам ама кога ќе прочитам нешто што ми нема воопшто логика а се почесто читам такви ствари, одма Гасам форум