Бебе од 6+ месеци што може да 'користи' против комарци ? Се заборавам да прашам во аптека. Ќе одиме за Кочани а таму врие од комарци
Ima vo aptekite na Eurofarm sprej protiv komarci i drugi insekti i e od 6 meseci.Efikasen e nemame ubod do sega.
https://www.lactonline.com/spavanje-beba-zasto-se-bebe-bude-nocu-i-zasto-je-to-dobro/ Mене лично текстов ми го смени мислењето дека треба да ги навикнуваме нашите бебиња да ја преспиваат цела ноќ и тие се добри а лоши се оние кој се будат .
Ве молам некоја што користела боледување заради болест на бебе да ми каже дали боледувањето го дава мојот матичен или матичниот доктор на бебето?
Мајки ве молам за помош. Малиот има 10 месеци и последниов период забележувам дека знае да се загледа во една точка на 30 сек или минута и како да се исклучува тогаш, последнива два дена па почна јазичето чат пат да го испружува на страна и кога цица пред да заспие со нозете се гура наназад и главата наназад ја зафрла ама тоа само пред да заспие...почна од памет да ме вади дали ова му е нешто ново што го научил па изведува сега или е нешто друго не знам. Ја секако утре на педијатар ќе го носам ама сакав да слушнам и ваши мислења дали сте се соочиле со вакво нешто
Капки физиолошки раствор и со аспиратор за нос почесто во денот, има и спреј од 0 месеци Марисимо ,ефикасен е ,ама кога прска како туш нежно и се прочистува и е со поголемо дејство .
Бебето до кај 9+ месеци мисли дека е едно со мајката. Нема чувство за индивидуалност. Мислев "cry it out" е метода која никој веќе не ја користи заради докажаната суровоат и како се одразува на психата на децата подоцна. И ете тука прочитав грешка сум била. Се будеше мојата се дур цицаше па и 2 месеци после. Дури сега почна цела ноќ да ја спие. 19 полни месеци. И цицаше со 12 заби по 100 пати во 1ч. Не дека влечеше, туку бараше гушкање, посебно кога ќе дојдев од работа. Многу очекувања од мали бебиња. Природно е да се будат навечер.
На моето кога му зарипнат гласот од многу плачење (на 3 месеци чинам беше), го мачкав Фитобалм на градите и грбот по совет од педијатарот. Не знам дали и колку му помагаше искрено, ама после 2-3 дена се оправи.
Генерацијо, каде сте? Се префрливме во темава и не снема Бебо не стои во едно место повеќе, цело време се врти, пред 2-3 недели го усоврши и вртењето од стомак на грб, па сега само се превртува на сите страни. На земја е скоро цел ден, освен кога спие, и се поткрева на нозете па се влече со газот и главата. Ќе го оставам на едниот крај на подлогата, за 5мин е веќе на другиот. Веројатно се учи да лази. Подвижен е ептен. Уште се учи да јаде зеленчукови каши, со месо кога се ги ручка цели, а посни нема шанси Деновиве е бааги понервозен, многу е кенкав, а го заврши скокот. Ама мислам дека му се набавени долните кецови, па можеби е заради забите. Или заради жешково, иако пуштам клима дома за разладување. Вие како сте? Бебушите добри ли се?
Како е легнат коа го прави овоа? Мојот се врти и кога е легнаат на грб го подига газот и со нозете се бута на назад и вака може многу бргу да се иструка од еден до друг крај. И прави кругови на сите страни. Ама коа е на меше не може да мрдне ни напред ни назад и да подигне меше. Само дига глава и гради и се врти на грб. Незнам кои се почетните фази за лазење. Дали ова на грб се рачуна
Месар ќе биде бебе твое Мојот е ист се превртува како терориста го викам јас Ако може и главечки ќе стои цел гз го крева и на глава се исправа. Спие на стомак па на страна,и во 10 сабајле едвај го будам како да бил цела ноќ на журка Се врти на името и е прав пејач посебно во маркет кога ќе влеземе,сите во нас гледаат Си јаде се што ќе му понудам од внесенето во исхраната,до сега не ми одбил храна освен блитва,ама мислам не ја направив убава и затоа Утре се спремаме за вакцина па вечер на крвна слика да видиме како стоиме. Мене времево ме уби,се ме тера на спиење и прееска бев немајка го заспав за да поспијам оти ќе паднев.
Мојава од 5 ипол месеци се влечка по цела подлога, сега ма 7 си лази потрпена на колена и рачиња. Мир нема ни кога спие. Цело креветче го ровари. Хит и е сега да се прпела едно 5 пати без престан да се врти. Почна и да сд исправа на ноџиња кога се држи на нешто. Така да допрва ве чека интересното. А исто почна и фиоки да ми отвара, па кај да е се ќе треба да врзам. Веќе шета на секаде со лазење. Ми порасна бебето.
Легнат е на стомак, и се поткрева првин на колената па на стапалата и се бутка нанапред, се влече со газот и главата Не можам да прикачам клип, многу ми е смешен, а него му е интересно дека се движи. Во спиење исто, се врти на страна и на меше да спие, не сака многу на грб да лежи. @monik55 и моето не сака блитва, спанаќ, брокула и карфиол. Веројатно мирисот му е грд. И мене ми се грозни тие каши искрено.