Моево 7 месеци утре прави, само странично се врти, уште не се има сам свртено на меше а за седење експерт е, седи се витка напред си зема играчки се враќа назад, го ставам и во дубаче по 5 - 10 мин во денот, се движи секаде низ соба, се фаќа, турка, кажува и некое зборче, Ајде, деде...и си зборува по негово нешто таму брчи, јачи Кога да му воведам 3 оброк? Втор на 6 му воведов, секој ден има по 2 оброци и цица кога сака.
Моето утре прави 7м, и спие насекаде Во сон се врти на страна, на меше. Секогаш во различна позиција го наоѓам.
Мојава е експрт во лазење. Прво се влечкаше на меше, а веќе од7 ипол лази на шаки и колена и е мн брза. Прво се радував, а сега ме нервира што лази зошто ни 1 мин не можам ни на под да ја оставам. Веднаш ја наоѓам кај шо не треба. Отвора фиоки Порано на некоја страна н фб ми излегуваа едни за фиоки, ама не ми текнува каде. Да не ги има некој скоро видено. Налет страв ми е ќе си ги потфати прстите.
Воведувај. Мојата е 6 месеци и матичната ми кажа да воведувам 3 оброк. Ама јас ќе почекам 2-3 недели.
И уште едно глупо прашање, ама стварно внимавам на се' и се плашам за глупости. Се надевам некој ќе ми одговори. Земав Хипп храна од една аптека и дома видов дека е од старите дистрибутери (тие веќе не работат со Хипп). Рокот е до Октомври. Дали да дадам или да купам нова?
Дистрибутерите немаат врска со производството на храната, не гледам зошто да не ја дадеш ако си има добар рок.
Се префрлам тука . Дали нашиве мајки заборавиле па сме биле најумни на цел свет и сме спиеле на едно место како што ќе не легнеле... Ова денес биле чудо од деца Нека се здрави и живи, како сакаат нека спијат, нека лазат, ние 10 очи отворени, многу трпение и љубов. Растат додека трепнеш, така ми викаа ама вистина било. Не дека е многу голем, ама какво глувче беше...
Вчера го носевме бебо на редовна месечна контрола и матичната сакаше да му го отвори к*рето. Ме фати неспремна психички и реков ај друг пат. Ме убедуваше дека подобро е да му се отвори додека е помал, нема толку да го боли, и додека е посвежо времето. Дека ќе плаче еден ден, да давам Парацетамол. Како се вашите машки бебиња на оваа тема? На моето му го отварам на секое капење, ама доста затворено му е. Исто да ве прашам, што давате за појадок, што за вечера? Јас обично насабајле му давам житарка со овошје, ама педијатарот ми вика дека житарките биле само за навечер. Ако давам само овошје сабајле не го држи. 7+ е од вчера инаку.
Јас препуштив на маж. На 5+ се среди се отвори. Сега само јас оддржувам после бањање. Не се секирај не ги боли. Иначе подоцна пр. на 2,3 год е поболно.
Подобро додека е помал да му се отвори. За доручек на таа возраст само овошје му давав, а за вечера житарки и малку овошје му ставав за вкус. Од 8+ почнав и за доручек житарки да му ставам во овошјето.
А тоа отварањето како е? Само ќе ја повлече кожичката до 'главата' или зафат со сецнување е? Многу се плашам, ама јас паничарка сум :/
Не знам како е, мислам дека ќе му ја повлечат кожичката. И јас се спремам да го носам да му го отворат дека дома некако тешко ни оди.
Јас нема да сум присутна во ординацијата додека му го прават тоа, не можам да гледам, мислам дека многу ќе го боли Ќе го оставам мм да гледа, а јас во ходникот. Вчера докторката му го отвори малку, и баш му се вцрви, па кога викна да плаче едвај го смирив.
Женски помагајте Веќе 2-3 дена има доле на дунде црвени точки како бубулички Денес се многу изразени и црвени жар Се спурува најверојатно од жешко и плус ја држиме во раце цело време и уште толку и се загрева Мењам пелени цело време Памперс користам, и ја мијам многу често ја оставам колку што можам гола да седи ама ништо не се менува Како да и помогнам мнг се нервирам Вака нема она некакви реакции од неа не плаче не се чеша...
Јас од 2 месеци пробував на секое капење да го отворам и само ми велеа (свекор ми и една баба) немој мал е, остај го, а мене патронажната ми рече да си пробувам после 2 месеци и јас упорна, на маж ми му го сечеле на 4,5 год од така што се плашеле, тој ми велеше цело време пробувај, отварај...и вчера го капевме со мајками и јас се запнав, пробував посилно и наеднаш ОП излезе главчето ко топче јас рипнав наназад се уплашив дека прв пат, мајками вели така треба, тоа е отворањето внатре бело беше, денес ќе ја прашам и матичната како да го чистам, сварив камилица јас и го намачкав на затворено и сега ќе го отварам на секое капење. Значи 5 месеци пробував по малку и конечно се отвори на 7.
Јадат ли бебињата ваши на жешково,моето многу тешко,6 мес е ,не знам дали од забите се мачи веќе 3 месеци а нема запче,дали да дадам витамини за апетит или искуства?инаку на адаптирано сме
Можно е да е габична. Нека ја види педијатар, може ќе треба да мачкате некоја маст. И одете што побрзо, неверојатно брзо се шири ако е габична инфекција.