Задолжително не е. Ама се препорачува за да се види дали сите праметри се во нормала. Кај бебе многу бргу може да варира. Посебно после 6ти месец паѓа железо.... Па да си бидеш на чисто дека се друго е во ред коа ќе ја прими
Во Јане Сандански бараат крвна слика за секоја вакцина. Валда зависи кај вакцинираш. Ние денес ја примивме таа на 6 месеци.
И моето 7+ почна да се исправа. Остај го,само придржувај го секогаш. Иначе не е мало,така се почнува,чим самото сака.
Мајки има ли некоја од вас искуство со дијагноза од кожно молускум контагиозум? Бебе е 7ипол месеци и има на цело тело и на лице некои ситни како бубулички. Терапија препишана е витамин ц, бетадине, адвантан и контрола за 10 дена. Инаку ми напомена дека нема брзо да му се исчистат.
Здраво мајки 10 ипол месеци сме, морам да ве прашам псеќам дечкпто денес му течат позеленки мрсулчиња и малце е потечна столицата, имајки на ум дека татко му е веќе настинат, дали да превземам нешто да дадам витамин ц нешто за имунитет, не ми се иде по педијатрииве топло болни дечиња кашлаат страв ми е стварно да не се разболи...
Мајки, бебето ми е 6 месеци. Пред некое време и се појави на лицето нешто црвенко, што подоцна стана бледо со мали лушпички и веќе скоро го снема. Мачкав мрсни креми, Павловичева, креми кои содржат пантенол. Е сега исти такви и се појавија на рачињата. Што може да е ова? Другарка ми кажа дека личи на лишај и нејзината ќерка имала. Ме загрижи некако....
Може да е дерматит и кај нас така беше на обравчињата, се изгуби со крема и купка, среќа не користевме со кортико. Оди да ја види педијатар.
Кај мене така прави кога претходно била во гужва и ја задевале. Или може да е скок или меше? Се грчи ли или само така писка.
6месеци е нели? Интензивен скок и моето знаеше врескајќо да стане. Сонува и станува свесев за околината, го преживува денот во сон.
7 месеци е. Го носев сега на контрола за пред одмор супер сие се,ни пиша лекови што да носиме. Само ме загрижи што за месец ипол качил само 150 грама ама во висина е извишен 74 см е роден е 51. Докторката вика нормално е да стагнира.
Не се коси за тежината. Можеш да воведеш и втор оброк. А врискањето и кај нас се случува само кај нас е навечер од кога ќе се успие.
Мајки ај да прашам и јас. Малата е 6м. денес правевме кс и хемоглобинот и е 111. Таму педијатарот ме советува при крај на 6 месец да сум воведела месо секакво(освен свинско). Не е месото од 8+? И мислам дека не и е толку низок хемоглобинот. Исто ме советува да и давам веќе два оброка а ние не сме ни на еден цел оброк.Цела сум прашалници. Килажа е родилна 3180 сега е 8300.
Нема врска што не е низок хмг. Сега допрва ќе расте интензивно и резервите се трошат. Јас дадов крај на 6ти месо. За колку оброци да даваш следи го детето.