На бебо мој Хгб му беше 109 кога матичната ми рече да почнам со телешко месо. Почнав да му давам на 6ипол месеци 3-4 пати неделно. Исто, воведов и жолчка постепено. Сега за некое време. Треба да му проверам пак кс.
По кои табели е од 8+? Јас давам од 6 и пол месеци, прво водата како супа со зеленчук, после месо. Телешко и домашно пилешко на почеток. Инаку, очекувај дека хгб може и да падне, тоа е физиолошка анемија, затоа и се воведува цврста храна на 6 месеци, за да се зајакне.
Една табела ја најдов на фб, а друга од бебе готвач. Во ред, докторката е нова и малку имав сомнеж во неа (не ни е матична), но чим потврдувате еве и вие со ваши искуства ќе ја послушам. Фала ви.
Бебе готвач и не е нешто меродавен. За рецепти и идеи е ок. За друго слушај си лекар. Баш дека е нова, младите повеќе истражуваат и се чекор со медицината. Ги пратам, постарите педијатри како да не сакат да применат ништо од новото. Бебе готвач ги носи во толкава заблуда мајките што има прашања во групата дали на дете над годинка смее да дава пиперка жива.
Ние користевме Биодерма-Атодерм. Најверојатно педијатарот си ги рекламира нив. Прескапо ги плативме и и помина, но пред некое време ја прашав Биодевојка кажа дека се преагресивни. Сепак избери нешто по нежно.
И ние имавме тој период низок хг но никако не почнавме со месо што е најтешко нешто за едно 6 месечно бебе каде уште пробува лесна храна. Наместо тоа ние почнавме со неглутенски житарки просото е полно со железо витамини минерали и е многу лесно за дигестивниот систем. Следи по бебе готвач многу го користат и се супер за кога се воведуваат правилно намирниците, педијатарот мој ми кажа на 5 месеци телешко ја на 9 почнав значи пред да воведеш нешто информирај се на повеќе места. Поздрав
Од каде па вакви дезинформации шириш? Бебе готвач и групата на фб здрава храна здрави деца е најмеродавна... не дека нема некои мајки што залутале и прашуваат бзвз прашања,но е најверодостојна од сите други. Имаш доктори и нутриционисти кои даваат совети и искусни мајки плус.
Едно меродавна... Што се админките и авторките на бебе готвач? Нутрициуонисти? Педијатри? Ништо од ова.
Каква најмеродавна жити се Одма плукаат ако пишеш дека даваш нешто од готовите каши од кутија, или не дај Боже чоколино си дала или пудинг, како отров да си дала Ако не е жива пиперка, грисини од хељда или палачинки од овес, не се важи и не чини Одамна излегов од групата, не ги можам. Нит се стручни лица прво и основно, второ - со рестрикциите во храната претеруваат и ругаат се' што не се согласува со нив. Молим ти се, лечење комплекси над збунети мајки кои допрва се соочуваат со воведување храна кај малечките. Ужас.
Lele i jas taa grupa ne ja mozam. Edna imase prasano dali da stavi malku neskvik,abe luda ja napravija. Sum za zdrava hrana,ama tamu preteruvaat.
И кај нас беше истата ситуација кога бебе беше 4 месеци негде. Прво почна како сува кожа на бутчињата, па на рацете, па почна да црвенее и да чеша. На своја рака купив еуцерин атопик контрол млеко за тело, ама уште толку се влоши. На дерматолог ми препорачаа прво адвантан дури се смири црвенилото, и Биодерма атодерм. Од таа терапија се повлече и не се појави повторно, биодерма мачкав превентивно уште неколку месеци потоа. Докторката кажа дека било атопичен дерматит.
Моите се 8 ипол месеци.На ад млеко се и секој месец по килограм качуваа.Крвна слика ок.Од 6 месеци педијатарот се ни дозволи исхрана освен цитруси,домат и црн патлиџан и месо.1 месец само доручек па потоа на 2 недели воведов ручек,па по 2 недели вечера.Јас рецепти користам од нутри бебе и бебе готвач.Според мене најдобра група е српско- хрватската домаче кашице за бебе.Има доста фајлови за начини на подготовка, замрзнување и пастеризација на храна.
По колку столици имаат вашите 8 м бебиња? Откако воведов вечера и глутенски житарки бебе има по 5 до 6 столици и тоа некогаш мошне тврди. Прв пат почна да и се зацрвува газето. Мачкам веледа и фризи за пеленска ама неш не помагаат. А и како би помогнале кога она кака и среде ноќ.
Не е меродавна. Тоа се две мајки кои решиле на овој начин да прават пари. Ни педијатри, ни нутриционисти.