Нас Антоније ни кажа дека ако планираме да ги користиме овие помагала да сме си нашле нов ортопед. Јас го ставам по малце колку да фатам нешто по дома.
isto bese i kaj mene kupiv frejzderm so cinkoksid i so hipermangan da isplaknes , vlazni maramici da ne koristis samo plaknenje i suvo da e gazeto brisi obavezno
Здраво. Ми треба совет. Малата е 5 ипол месеци. Е сега последнава недела забелезав нешто. Почна десното ноже да го витка навнатре. А десното раче почна да го држи во тупаница. Порано повеке ја користеше десната рака сега почна повеке да ја користи левата. Ме фаќа мн страв најискрено. Имал некој слично искуство? А да и педијатарот и ортопедот велст дека е се ок.
И јас почнав од 7 месеци, го оставам по 10-20 мин, 2 или 3 пати во денот, неможам в раце да го држам тежок е, а да седи несака, плачи...чинело-нечинело...а многу сака, пресреќен е ко ќе го ставам, иди по мене в кујна и се радува дека дошол хахах
Истоооо многу сака и мојава во дубак скока се радува и оди нанапред што многу ме радува Ни ги купија за крштевка и ортопед (Тони Талески) ни рече од 7 месеци може. И јас и мм сме прооделе со дубак исто и братучеткиве мои јас сум За Секој си има свое мислење нели... Само незнаев по колку време сега засега по 15мин па понатака ќе видиме Иначе спас е за да се сработи бар накратко нешто по дома а да не ми е закачена на врат хаха
И моево напред оди, право и јас сум била во дубак од 5,6 месеци а на 9 месеци сум проодела Ниту на некој му велам ставај во дубак, ниту па сакам да ми велат зошто го ставаш, оти кога и да е сите ќе почнат со дубак...еве и другарки гледам што не сакаа дубаци почнале да ги ставаат бебињата
I na mene mi kaza ortoped ne za dzamper i dubak, ama jas gi stavam od 7.5 meseci po malce. Nekogas ne sekoj den, nekogas sekoj po 10-15 min. Moze bi ne e dobro, ama i na mene mi treba odmor od dvajcata i da bidem mirna. Obicno koga pocnuvam so rucek gi stavam. Sinko odi pravo, trca coek, sekade ga biva. A malava ne, taa stoji i skoka i se smee. Za nejze e dzamper ama nemame.
Не сум против дубаци и џампери, гледам дека децава ги сакаат. Јас лично немам намера да купам, прво зошто немаме многу место по дома за дубак да се вози, а второ зошто не сметам дека се неопходни. Само некаква подлога на земја и заштита на ќошевите на мебелот. Ако сака да шета низ дома, ќе научи да лази.
Дубакот не го препорачуваат поради опасност од превртување. Нозете ќе се искриват ако бебето прерано се става, и плус ако тежината му е поголема од просечната. Коските се меки и се оптоваруваат со тежината од торзото и има шанси за искривување. Од друга страна, дубакот е опасен оти лесно може да се преврти детето, ама очигледно на ниедна од вас не и паднало тоа на памет. Ама тука криви се ортопедите што не ви објасниле. Детето кога е во дубак не смее да биде само, мора да биде под надзор. Ако запне на нешто, детето не знае дека не треба да форсира за да ја премине пречката, ќе турка упорно и може да го преврти дубакот, да падне директно на глава. Затоа само на земја е препорачливо да се оставаат бебињата.
Мајки еден совет ако може околу д3 капките од пливит по колку давате и дали ако ви кажале по 2 ики 3 капки нема да има проблем ако му даваш 4 пример
Колку ви кажал педијатар толку. Ако даваш на лажичка се стсва плус една капка бидејќи секогаш останува една на самата лажичка.
Мислам дека не е страшно, малата имаше хипертонија и кога почна вака да го витка ноџето исто десното се испаничив и ја однесов на физијатар рече дека нема ништо и после некое време прекина да го витка, јас и правам и вежби. Рачето кое го држи затворено стимулирај го да го отвора, ставај му тропалки во тоа раче. Сепак за мирна глава макар на матичен. @happygirl јас немам намера да ја ставам во дубак иако имам од синко, ми се чини дека од дубакот ми заоде подоцна и е трапав, според мене најдобро е да се остави да се вертикализира самото кога е спремно, оставање на земја и стимулирање со играчки и игра, многу е поподвижна малата се врти од грб на стомак и обратно, пред три дена почна да седнува од сосема легната и седи стабилно, а ''лазењето'' ако може да се нарече така зошто грбно лази како црвче или со тркалање ќе стигне кај што намислила. И правам дневно по половина час вежби и цело време е на под со батко и си игра таа се молкне по него.
ке помогне кремата и обавезно суво да е газето леле душа изгледа му печи нека цица повеќе давај мора да моча можда и се поти од жешко затоа помалце моча
Па форум е, место за дискусија. Ако пишуваш нешто, не можеш да очекуваш сите со твоето мислење да се сложат. Јас само пишав зошто не препорачуваат дубак ортопедите, и дека нивна грешка е што не кажуваат. Ако ти сакаш твоето да расте во дубак, расти го така, нема проблем. Никој не ти брани. Напишав само за мајките да ја знаат реалната опасност од дубакот, па на крајот на краиштата нивна одлука е дали ќе го стават бебето во дубак или не. И јас имав дубак и за двајцата, само украс беше. На земја сакаа повеќе. Провери урина, оти ако се плаши да моча, може пече, да не има бактерија. Чисто да си мирна. Може разранетото го пече од урината, а може и го пече додека моча. Само не може да каже.