Јас не осудувам. Секоја мајка си знае најдобро за своите деца. Лично јас уште пред да се породам кажав дека дубак, џампер нема да користам и многу сум горда на себе што си достоив на зборот и две деца израснав без помагала. Но пак ќе кажам 15 мин да оставиш дете додека да сработиш нешто, ако нема каде е во ред. Јас ги седнувам в хранилка, в релаксатор или во креветче додека работам нешто. Да имав дубак мислам дека се ќе ми исчукаа дома.
Може ли некој што се разбира околу брунчиња да ми бише во лп. На малата и се појавија незнам од што се.
Мајки ние уште една недела правиме 7 мес,јадеме кашичка од малитр само еден оброк,и млеко пие по 120 мл само,мислам дека е малку,не качува на килажа веќе еден месец
@Iki lepi погоре имав пишано,можеш да воведеш втор оброк. И од сега веќе нема да качуваат на килажа како првите месеци,така да и 100 гр да качи е океј,не се секирај,некогаш и нема ич,веќе се поактивни
На контрола на 6 месеци матичната ми кажа да воведувам веќе трет оброк. За Десетина дена ќе прави 7 месеци п тогаш планирам да почнам. Така да мислам дека можеш секако втор оброк да дадеш.
Пијат ли вашите бебиња вода? Моето е 6м и 3 недели и сеуште не пие вода. Од чашка ако му дадам нешто испие,нешто плукне,ама генерално не сака да пие вода. Од шише само влече и плука,се игра. И од лажичка исто пие многу малку. Му нудам вода после јадење,после 30 мин,не сака,а плаче да цица. И кога ќе му дадам да цица, пие малку и се трга. Бара ли да цица,бидејќи не е дојаден или пак млекото го користи како замена за вода? Бараат ли вашите да цицаат после оброк или не? Како ќе одам на работа ако продолжи вака?
Млекото му ја гаси жедта, затоа цица после јадење. Сите се исти, не е само твоето. Ќе пропие вода не се секирај.
Точно @Annath, НО јас не побарав мислење да ми кажувате (не само ти) дали да користам дали не Наназад се изјаснив дека веќе користам дубак и да ми кажете по колку време да го ставам бебето во него..Тоа ми беше прашањето Требаше да ми одговорат тие што користат на слична возраст по колку време да го користам дубакот, А не да се убацуваат со мислења дали треба или нетреба! Општо зборам не само за оваа тема и прашање општо по темите почна многу да се дискутира што не треба, колку да се најдат у муабет сите а не да одговорат на точно поставеното прашање.. Несакам да навредам никој да се разбереме
Дубакот не е штетен за бебе кое самостојно седи и може да се движи во него. Општо во некои земји е забранет поради тоа што може да падне по скали не дај боже. Одбери му дубак што му одговара и оставиго колку сака нека седи, ти сама процени кога е многу и не слушај ги сите околу, 90% ќе ти кажат дека е штетен, повеќе од 15 мин не, но не се согласувам со тоа. Секако ти си свесна и нема да го оставиш со саати во дубак а и тоа само нема да сака толку долго време, така да, кулирај, ставај во дубак колку ти осеќаш дека треба.
Не пие и моето никако вода. Нудам цело време веќе 2ипол месеци, од шише, чашка, лажичка и досега џабе. Ни голтка, воопшто не пие вода. Вчера и денес му нудам сок на Хип од круша, разреден со вода, и него не го сака. Ниту чај пие. Единствено млекото што го цица му е течност. Затоа се плашам како ќе биде кога ќе тргнам на работа.
И синко не е баш љубител на вода, му давам ама така исто прави, си игра и 2,3 голтки само, а после оброк цица после 1 час од прилика, јас си пробувам повеќе пати во денот, па сега колку сака толку, иначе ништо не пие од шише, дури ни мое молзено млеко, сок несака, чај никогаш не ни пиеше, значи само на доење е покрај оброците Сега го прочитав постот од @happygirl исто сме напишале, и јас се плашам за кога ќе почнам на работа што ќе правиме, а нема шанса да го одбијам.
Исто скроз Лаки, и јас не сакам да го одбијам на 9м, си викам до годинка да цица ако може и ако сака. Или додека се научи да пие од шише/чаша - а ова ми изгледа толку далечно некако. Не ми се трга на работа од таа причина само, како ќе издржи 9 саати само со еден подој, оти за толку ќе имам можност да излегувам само од работа... Ако најдеш некое решение кажувај
Пробувам со чаша ама се засркнува, мислам дека кога ќе бидат гладни ќе си почнат да пијат и од шише, сакале-нејќеле маката ќе ги натера хаха имаме уште месец и нешто белки ќе се научат
Јас му давам од малите водички што се со пупче и малце ќе испие другото се полева. Иначе му ставам еден прст сок од јаболко на хип гп мешам со вода така пие. Е денес снемавме сокче а не сме дома а тука се утепав од барање нема нигде. Сакал нејќел три дена мора да пие вода.
Јас почнав вода да и нудам кога почнавме со дохрана ама не ја сакаше ја плукаше. И видов не видов и давав чајче. Малку по малку се научи и сеа си пие и водичка. Ама од шише. Мислам дека од целата мака кога се роди кога нејќеше да цица е тоа што научи од шише да пие, па сеа неам проблем со тоа, можам и ад да и дадам ептен ако морам. Имам уште 2 месеци дури се вратам на работа, ќе видиме како ќе биде