Моето бебе исто седи во дубак,нашиот ортопед рече може или во статичен или обичен дубак,си оди во дубакот низ цел стан,за да можам нешто да сработам,а дека е штетен не е,сигурно ни една мајка нема да го остави да седи цел ден,а и бебето нема да сака,бебето за една недела прави 7 мес
И моето не сака да пие вода и сок воопшто,на ад е ,само чајче пие ама и тоа му го правам со повеќе вода,го користам на бекутан анасон и камилица
Денес го оставив на под да лежи не бре брате несака, плачи само што го ставив в дубак одма се смеј, почна да шета, ќефој е Ноќеска се разбуди во 12 и до 1 ипол плачеше цело време, дефинитивно забите го мачат, многу тешко ги вади, маки мачиме дека роденден ми е денес ми го честита убаво со плачки повелете на торта
Бекутан давам. Знам сите што мислат за него, ама јас го давав. Пред некој ден ја мачеше стомачето не можеше да се искака, и дадов тој од сладок анасон што се дава за грчеви и и помогна.
Среќен роденден Лаки, да си жива и здрава Оставај го секој ден на меше, не го жали што плаче оти за негово добро го ставаш на земја Ќе се навикне. Анимирај го со играчки пред него, спушти се и ти долу, да не е сам. Моево со месеци рие со главата, никако да се научи да лази Нозете и газот ги крева, и на раце се крева и стои така без проблем, ама не знае да лази уште. А се движи, се влече нон стоп, не стои во место никако. И се превртува 38574 пати во секунда, како некоја вртелешка е.
I jas davav toi, koga bea epten mali i imasr grcevi. Znam i jas sto site mislat, ama jas go davav i pomagase.
@BabyT* Фала ви за честитките морам да го ставам на под, мора да се научи, сега се заинатив и јас, не го жалам оти ништо не му се само се инати и тој
Син ми си пиеше од шише мое млеко,знам дека да сака може да пие вода или пак млеко ако тргнам на работа. Сокчиња не сум пробала да дадам,ама вода дефинитивно не пие од шише. Сум пробала да му дадам и кога е гладен,пред да цица,не сака. Пие од мала чашка,нешто испие,нешто плукне,ама од чаша најмогу пие,иако не е ни приближно количински колку би требало да испие. И не би се нервирала зошто не пие вода,да не ми кажеше педијатар дека мора да го научам да пие вода зошто ако качи тт,само цицање не би му било доволно и ќе дехидрира. Па искрено,ме исплаши. Во врска со лазење,син ми за 10 дена ќе наполни 7 месеци,се врти од грб на страна,некогаш и на стомак ама поретко. На меше не сака да седи,максимум 5 мин и тоа со анимирање,сеуште не седи. Знам дека треба да ојачаат мускулите,за жал ортопедот не ни кажа дека треба да правиме вежби и какви,за побрзо ојачување. Тука пропуштивме,затоа и може малку касниме,инаку е многу живо бебе,баш мислев дека ќе пролази,проседи,станува порано. Го ставам на стомаче,ама закенкува,па го залажувам со играчка,па пак кенка и така повеќе пати во денот. Се надевам ќе има резултати. Освен она опширно објаснување што го даде @FreeMind ,има ли и други некои вежби кои ви ги препорачал ортопед? Нам педијатар ( роднина на мм,не матичен) низ муабет ми кажа да му правам масажа на грб и стапала за да го стимулирам да се крева. Патем, @FreeMind за седнувањето ли те караше матичната, знам те читав дека имаше нешто? Мојот и да сакам да ги ставам да седи(полулегнат) не можам веднаш се лизга,па не ни пробувам. @lackygirl среќен роденден
@lackygirl прво тебе да ти честитам роденден се најубаво и те гушкам најсилно на свет @hello-kitty.90 да, за седењето. Ја оставав да седи на нога при држење и ја потпирав на кревет со перници ( се разбира неколку минути на ден). И тоа и го кажав као: она сака да седи Кога ми се сврте 20 минути без прекин зборуваше, скроз ме искара. Ја зема малата ја седна и ми вика она сака или ти? И ја пушти од висина да и падне на рака. Експлицитно покажување на заблуда. Вежби нема, има само оставање на стомак цел ден. Ете кај @Milaаа991 од нон стоп на земја веќе и се крева да стане. Тоа вежбањето на стомак брзо им иде. За час ќе смени бебе. Али стварно морало да вежба. За нивно добро. Не дека брзаме негде, цел живот и ќе седат и ќе стојат ќе им здосади. Кај мене не плаче, само кемка. И новина е што сега на два саати заспива преку ден уморна. А ноќе у 3 втора вечер станува да си играме.
Ич не се плаши дека може да дехидрира ако недајбоже качи темп. Моево беше два дена со темп 38.6 и само цицаше, па не дехидрира, и тоа во најжешкото се погоди. Матичната рече додека цица си прима вода и течност и се што му треба. Ама јас сум упорна да се научи да пие вода за кога ќе тргнам на работа да му дава жената, вода или АД ако има потреба.
@FreeMind Она веќе чекори и се движи придржувајќи се за мебел. Само оставање на земја и од ден за ден ојачуваат. Побрза е од мене во категорија лазење. Туку јас имам др проблем, пак не сака да јади ништо. Ни овошје, ни житарки, ни зеленчук и месо. Дали до жешкото е или пак заби ја мачат не знам, а таман почна убаво да си јаде.
Браво @Milaаа991 алал да и е на малата каков напредок браво така треба. Вчера во труднички те бодрев денес малава оди. Браво! За јадење не знам што да ти советувам. Ако најдеш чаре пиши. Внук ми од кога е роден не јаде 18 години наполни нема ни 50кг. А висок дечко. Ама ете никад не пројаде. До ден денес мајка ми иде со чинијата да го моли да касне барем пола. Бурек јаде осминка
Фала на сите за честитките И моево деновиве не јади како што јадеше, малку остава, забите многу го мачат, значи мнооогу, цело време кемка еве и денес иста песна незнам како да му помогнам. Пробав со гел да го мачкам дентинокс но џабе беше и баталив.. А за седење си седи многу стабилно, не паѓа, можам да си го оставам комотно секаде сам, се наведнува напред зема играчки се враќа, странично се врти, дури сега почна да се крева на лакти ако е легнат за да стани за да седни, ама легнат труп е
Мајки дали важите се потат по главичката додека цицаат моево ептен особено сега пред спиење највеќе, како бањато станува. Дали треба да се грижам или е нормално