Буби мој кога лежи почна да се исправа за цице да бара,вчера спијам он за лице ме шмука се извадив од памет Да го пофалам еве 6 ден на море и е многу умен и ептен се радува на шаренилата кога петаме навечер а кога го вадиме од вода плаче Ама јас затоа сум капната Утре ми стига помош и два дена има да се излежавам на плажа @lackygirl Среќен роденден и другата година со дада да си славите
Не верувам дека на 9 ќе прооди, ептен е плашлива и мамина маза. Штом се подудри одма плаче и вика мама мам... Не ја ни форсирам ни па ми претставува престиж кога проодела. Да е само здрава и жива и барем малку да јади.... Тоа ми е само важно.
Хаха ме насмеа со шмукањето на лице мојов на цице странично шмука некогаш фала Мони за честитките, блазесиви на море си сте, убав помин Така е, нека се живи и здрави, тоа е најбитно. @Шеќерно ставај тетра на раката, помалку ќе се поти, јас без тетра никогаш не го дојам, ни лете ни зиме
@lackygirl најсреќен нека е, сите желби стварност Малата сеуште нема заби а мислам дека ја мачат месеци наназад набабрени побелени непца, а никако да пробијат. Глода се живо пред неа како термитче е. Туку да си кажам маката, значи непоправлива сум тргнав да давам пасирано и почнав со банана зошто ја обожава почна да прави фаци на гадење ама после некоја лажичка помина. Следно батат варен заедно со телешко и пасиран дадов 10тина лажици не прекина со гадење и се откажав ставив во блендер но повторно се гадеше ајде си реков може од мирисот на месото. Наредно морков, компир и тиквица пасирано 3 лажици со гадење на 4тата се засркна и поврати во млазови. И повторно се вратив на блендер. Дали да одвојувам од храната да нудам по некоја лажичка пасирано па да нахранам дете со блендирано или да чекам да покаже кога е спремна? Исто не сум дала бисквита ниту лепче така во раче да глода ми е страв а сакам да дадам. Знам дека овде е главно во мене проблемот и храбра сум до моментот кога ќе почне да се гади и наткрева, тогаш посегам по блендер
Колкаво беше твоето бебче? Мислам дека е рано за пасирано, јас на моето му дадов палента со кисело млеко така само измешана набрзинка и се давеше не ја сакаше, па и тоа му блендирав. Исто и јас така за некои работи сум храбра додека не видам дека не бива работа полека, има време ке се научат, малецки се уште
Исти се со моево, јас уште блендирам, чекам кога ке му никнат забчиња пасирано да му давам, дека вака го гледам како му давам така директно само голта
Мене матичниот ми кажа да инсистирам на се погуста и не мазна текстура зошто иако нема заби треба да се научи храната да ја проврти низ уста па да голтне, инаку исто лапни голтни, храна засега не ми одбила што давам јаде. Имам негативно искуство со синко со блендирањето можам да кажам дека сега на 3 години почнува да јаде и џвака како што треба, ма да тој се нешто не јаде а е хранет по учебник буквално до 6 месеци ексклузивно доење и доење до година и 8 9 месеци , секоја намирница давана по 3 4 дена да запамти вкус, па знам месо на 8месеци, на 9 жолчка, на 10 риба, на годината белка, не јаде месо ниту риба, ни јајце. Јајце подметнувам во палента или лепчиња пржени со јајца, од месо само плескавица/ќофте, риба ниту да помириса. И цело време велев за второ дете порано воведување на намирници и порано да се учи да џвака, зошто синко мој и ден денес не фаќа манџа да јаде поминува пасирано или во најлош случај блендирано да не гледа што има внатре. Од млечно само кисело млеко и јогурт е во тоа да го затрупаш, а млеко само во бисквити, ни каскавал ни сирење. И главно живее на овошје и тоа преку лето лубеница и праска, на зима јаболко и круша, од зеленчук свежо само краставица.се плашам дека истото ќе ме снајде а нерви покинав веќе со тоа хранење кошмар ми е..
Оооо ти мака си имаш е мене ми е прво дете, знам и јас дека не треба долго време да се дава блендирано, ама полека, се мислам дека уште му е рано, си викам ај забчиња кога ке има )))
Мене педијатарот кога ми даде препорака за храна ми рече пасирана да биде на почеток. Фино пасирана поточно. А нема сеуште ни едно забче. Ама ако ставиш прст во уста ќе приметиш колку се силни непцињата исто како да има заби. И мене ме шмука странично кога спие барајќи ја градата. Па како боли еј
Ние си играме, не спија малиов па и цртани гледаме @Vennera.aa уште му давам и јас блендирано, а има 4 забчиња, повкусно е кога е блендирано, а матичната ми рече уште на почеток да почнам со пасирано, јас пробав ама не јадеше баш, тогаш немаше ни заби, сега немам пробано, ама и јас дека секогаш брзам и во блендер побрзо е и полесно...па незнам што ќе биди натака.
Во ред. Да само како оде пример да ја користам два-три дена и престанувам, ако се појави пак после колку време може пак да а ставам.
Како што ти кажал доктор, така. Иначе мислам дека до пет дена максимум може, после треба пауза. Недела дена или повеќе. Ама ако е нешто што постојано се појавува, да ја најдеш причината и да ја тргнеш, за да не мора да користиш кортико креми.
Бидејќи е во друг град докторката на слика што виде само ми препиша, не ми кажа колку време. Се работи за црвенило од пот кај што се витка рачето.
Рапаво е? Ако е од пот, и обичен крем со цинк оксид ќе заврши работа. А ако е како лишај, следи да не се појави и на други места.