Толкава разлика меѓу доручек и ручек има оти спие пред да руча. Ако не дремне макар и пола саат, нема шанси да ја јаде кашата за ручек оти му се спие, трие очи, кенка во хранилката. И затоа првин преспива па јаде. Ќе пробам вечер, ќе видам како ќе биде. И јас би сакала порано да завршува со оброците, ама некако сам си го створи тој ред и не можам да му го сменам. Оти ако му се спие, нема шанси да седи мирен и да јаде.
леле незнсм веќе што да правам веќе цел месец не спиеме навечер 5 скок сме само шо ќе заспие почнува да удира со нозете горе долу на секунда се врти лево десно цела ноќ нема ич мир и на секој саат цица дали од непцата или стомаче незнам што му е ама не се трпи
Баш како што велиш како желче некое . Некогаш е смешно ама кога ќе викне ноќеска и отворам очи а тој се "испулил" богами ми се плаче. Најчесто му ставав цуцла го враќав на грб си ја гушка покривката и заспива, ама сега почнува да бунтува. Се надевам наскоро ќе се научи како да се врти и да се враќа да легнува на грб.
Сигурно,ептен слични ни се бебињата,а и по 1 месец зе разлика И ние сменивме се по 5 скок. Преку ден спие 2 пати по 15 или 30 мин,таман да подсоберам она што сме растуриле пред спиење,за др.нема време. Навечер почна да заспива покасно,наеднаш смени,ама заспива без нишкање,заспиваме на спална легнати и цица,евентуално 1-2 мин да се доуспие го земам во раце,кога како. Сам ми го смени начинот на заспивање навечер, преку ден сеуште со нишкање во раце заспива. Преку ноќ сеуште се буди, ама спие до мене,цицка одма во уста,па помалку ми е мачно. Ама овие 3 дена прави пауза во спиење,па од 2 до 3,или од 3 до 4 си се игра,па користам прилика да сменам пелена,многу мочка навечер,до сабајлене знам дали би додржала,кога ќе ја извадам цел кг тежи Научи да се накашлува, па по цел ден демек кашла,многу му е интересно. Е некако малку ми јаде,од малите теглички му останува и никако не сака да јаде. И столицата му е тврда,како кај возрасен,секој ден му давам слива и пак потврда столица. Кај вашите како е?
абе нека не спие таков беше и порано секое се будеше за цицање ама ме насекира што удира со нозете и се врти нон стоп изгледа забите го мачат
@TeddyGrey мислам дека ти пишуваше за бебка твоја дека почна да пие вода непосредно пред да тргнеш ти на работа? Да ја споделиш 'тајната' со другарките, како успеа да ја научиш? Цицаше ли тогаш бебка?
Цицаше да, уште цица. А тајната ја знае само госпоѓицава ама не сака да ја каже. Нудев бев упорна, еден ден едноставно пропи. Јас поврзав со жештините тогаш, дека Мај бајаги стопли нагло.
Мене да ми кажете дали бива да му ги спремам оброците одсабајле пред да одам на работа? Еден месец ќе се чуваат со татко му,дур се навикне да му биде спремно јадењето.
Така супер ќе се снајде. Ќе видам како ќе биде но ќе пробам да направам за ручекот да бидам дома. А да му дава ад измеѓу оброците? Он си цица,па да не бара млеко или кога ќе се вратам да цица.
Зависи како е распоредот на оброците. Ама ќе цица пред да одиш. Ќе си јаде измеѓу и после кога ќе се вратиш пак ќе си цицате. Јас не би дала АД. Вметни му кисело или јогурт ако ептен имате луфта, како ужинка.
И мојов до мене спие па со цице одма презаспива, значи буквално само да лапни презаспива, така само ќе тргни ама не голта, ретко цица (ова за ноќе)..само ноќеска за прв пат презаспиваше без цице дури ме зачуди, го нудев не сакаше, ќе видиме вечерва како ќе биди. Дај Боже да се откажи од ноќниве подои да можам и во креветче да го ставам и конечно да поспијам и јас Тоа со кашлањето тука околу 6ти месец го научи од свекрвами почна да повторува по неа, сега веќе се повторува, ама сега сме големи Др ново имаме уште 1 забче горе, 2те единичиња му излегоа, кажува сега уште некој збор, Ајде, Аце (тие си ги кажува нон стоп) сега вели убаво чисто Ајде деде, тете, еве многу е интересен. За коли душа дава, кога е во кола е прерадосен, дома имаме 10 коли, камиони, комбиња, само со нив игра, ги гледа во тркалата како вртат
Синко вчера за првпат ми качи тт, до 38 одеше,бевме пред малку кај матичната ми рече дека му е црвено грлото,во моментот имаше тт 37.6 и ми рече да му давам парацетамол 4,5 мл и ни даде цефаклор сируп. Вчера на 38 давав сируп,дека и ноќе,а и за првпат качи тт,па не ми се ризикуваше да не дадам. Ама сега има 37,6 и е кенкав,а др вели да дадам сируп,а читам дека под 38 не се дава сируп? Ставив чорапчиња со оцет,расоблеков,ама таман ја намали,пак се качува,иако не оди повеќе од 38. На колку време да му мерам ноќе?
Ако дадеш сируп може и на 3 до 4 часа,ако е без сируп секој час.До 38.5 туш со млака вода а од 38.5 сирупче.