Знам дека е мало но не сака никакво ад а и млечни производи многу слабо јаде скоро па ич затоа прашувам
Мајки од понеделник тргнувам по 4 часа на работа. Мојава иако е 9 м како новороденче цица на секое и одбива секаков вид на храна. Дали може мм да и дава кисело млеко како ужина место подојот во 12 часот, а потоа да си продолжиме со нормален тек на хранење (читај цицање)
Затоа и најмногу се нафатив да одам. Да види дека ме нема и да огладни малку за да зајади. Вака знае дека ако не јаде си има цице на лагер. И не дека ми пречи, ама страв ми е за крвната слика. Вчера ме немаше 2 часа, свеки ја чуваше и си ја изела цела каша.
Хепи не пиевода ниту од шише? И јас понудив неколку пати не сакаше а чајче сакаше(од дм тоа чајче). Баш ќе и дадам чајче сака, ќе дадам друго шише со вода препознава и не сака. Почнав да и го разредувам. Во шишенцето ќе ставам чајче и ќе ставам превриена вода ладна. Вчера и денес и давам самовода си пие. Успешно воведено.
Не, па тоа е борбата еве веќе два месеци и кусур. Никако не фаќа шише. Ни со чај, ни со сок, ни со вода. Ниту пак чашка.
Син ми исто не сака шише. Купив од сите кои ги најдов не сака и крај. Се игра со цуцлата, ја гриза. Купив чашка од бејбилав 6+ меѓутоа тоа горе е силиконско па и со тоа се играше, купив друга исто бејбилав ама 9+, таа нема силиконско и му давав од таа. Прво гризаше, јас му сипував по малку и му ја тргав, по неколку пати така. Некое време така теравме. Сега веќе влече сам.
Не знаев каде да прашам ваљда некој ќе пише. Едното окце од кога сме родени и солзи, и и фаќа гурелки. Никогаш не се префрли на другото, секогаш е само едното. На почетокот одговорот на докторите беше дека се тесни каналите на окцето па затоа. Ама ова не престанува да се појавува. Не и се лепи окото, го отвара ама е полно со гурелки. Еднаш стававме тобрекс, помага, ама пак се појавува. Следниот пат ништо не стававме, само плакневме со вода, исто помина, ама пак се појави. Брисеви правевме немаше ништо. Можно ли е и на година уште да и се тесни каналите? Црвенило нема, и секогаш е само десното окце. Сега вади 4ки, па е малце поинтензивно, дури и со вадење заби го поврзав, од што веќе не знам со што. Да ја носам на очно ли? Ноќе не и се праи кога спие. Најчесто е дур е будна и ко на ветер ако ја фати да се појачува. Никогаш не и фати другото око, секогаш е едното исто. Проаѓа само од себе. Ама за 2 недели се појавува секогаш, некогаш за 1 месец. Цела година така. Сте имале ли вакво искуство? Ќе повторам брисеви јас секако сега пак, ама мислам дека да е нешто бактериско ќе фаќаше и другото око.
Носи ја. Веројатно не е отворено каналчето. Другарка го имаше истиот проблем со малата. Чекаа извесен период, не се отвори самото. Го решија ласерски во Систина. Ништо страшно не е . Веднаш пуштаат дома.
На година ипол и ја правеа интервенцијата. Сега е супер. Скоро 3 е. Ама баш вака беше 2 недели ок, па ќе солзи , ќе гурди, додека ставаат терапија се средува, после пак по старо. Консултирај очен најдобро.
И ние имавме таков проблем плус имаше и топче пола окце затворено,рекоа запушен е каналот ,му се појави 2 ден откако се роди и траеше месец и нешто.На 4 часа го чистев окцето со физиолошки и тобрекс капки.Физиолошки во нос и со аспиратор пополека и тоа на 4 часа и 10 дена пиеше Цефалексин сируп.Дренажа на топчето нешто како циста.Му помина, ми рекоа после година дена на очен преглед во државна кај Др.Татеши.Само тој е специјалист за бебиња.
Поради црвено грло ни даде матична Цефаклор сируп да пие бебе,ама не ми спомна да му давам пробиотик,а и јас не прашав. Треба ли да давам додека го пие сирупов? И уште нешто,никако не сака да пие сирупче,пробав со лажичка,со шприц,со мало дозерче,вришти едвај му давам. Може ли да го мешам Цефаклор со млекце и Парацетамол при тт со млеко или не?
Не. Мешање на сируп со друга течност не, подобро чист, со шприц или со ракиска чаша, јас така сум давала. Пробиотик обавезно, најмалку два часа пред или после антибиотик.
Фала,секаде те има Еднаш на ден давам пробиотик,а сирупче 3 пати дневно? И уште нешто. Имам ваја пробиотик,пишува да се искористи 30 дена по отворање,а скоро 2 мес има како е отворен,да дадам или да купувам нов? @monik55 пробај пипни го доле позади ушето, ако го боли ќе плаче или ќе се тегне. И мојот исто си прави,си го тегне левото увце,а не го боли. Или му е интересно или си се чешка.