Гледам доста го препорачуваат Мапез, ние користиме Чико, ок е али мора добро да се размачка инаку остава како плик.
Мајки, следна недела идеме на одмор и имам едно можеби смотано прашање. Нормално дека бебе треба да е постојано на сенка и да не е на плажа во најжешкото. Веќе имам крема за сончање со СПФ 50 што ја мачкам малата кога шетаме сабајле и таа ќе си ја носам со мене. Прашањето ми е колку често ги мачкате бебињата со крема и во колку дебел слој? Јас лично сум црна на тен и во живот не сум се мачкала со крема, само со масло за сончање, и стварно не знам колку треба. Да биде баш како на филмовине, бело по лицето и телото да му е, толку многу се става? Малава си ги јаде и дланките и подлалтиците ги глода од што ја чешаат непцата, ќе изеде пола од кремата ако ставам многу. Некој совет?
И кај мене ги витка и назад на главата се чеша. Исто дланката ја врти и ја гледа. Се осознава сега. Туку денес многу сака да се гали како маче некое цел ден сака да ја гушкам и бакнувам. Иначе баш и не е љубител на гњавење. Сигурно менува некоја фаза. Уште не е испадната од петката. И ноќното досега успешно го минува пу пу да не се подречам сврте малата. @Spidy јас и нарачав комплет блуза и пантолони купаќи со ув 50. Ако си во можност бидејќи одиш во најтоплиот дел од сезоната земи пред тргање. Лицето не заборавај да и го намачкаш и капа со ув заштита. За ставање крема не знам како оди.
Имаме и стои неотпакувана. По непрактично нешто не сум видела. Тешко е за држење, особено за пониски луѓе. Може за некој ептен виско, ама пак е непрактично од аспект на положбата на држење. Ако сакаш ќе ти го подарам.
Дали е можно носето да му течи од заби што ваѓа? 2 недели му течи и се проѕирно бели мрсулчиња, 2 пати го носев кај матичната ништо нема, само со спрејче аквамарис го чистам и влечам со пумпица, но многу има, дури и се разбудува од спиење ако неможи да диши, пробав 2 ноќи со кромид спиевме но ништо не помага, стварно на нерва ми оди. Туку да се пофалам почна да се врти од грб на меше и обратно и само дрнда нешто по цел ден, мн ми е смешен, станува од спиење и почнува Ајде ајде @FreeMind и моево многу се гали со мене душа е ко ќе ме види се смеј одма и рачињата ги пушта кон мене
Последнава недела почна да изведува навечер. Ќе стане во ниедно време и не презаспива цицајќи. Џабе нишкаме со мм, раце ни окапаа, он е свеж ко елен. А нас очите ни паѓаат за спиење. Ете и оваа ноќ, стана во 02ч и дури сега заспа, после 2 саати. Не знам што е ова, не е скок, нема заби, ама многу се нервирам оти не сум наспана. Тешко мене ако продолжи вака да се буди.
Стандард му се дремките преку ден, 3 пати по саат време во просек, некогаш помалку, некогаш повеќе. Преку ден цело време прета, мрда, се врти, пробува да лази, нон стоп е активен. Не верувам дека не е изморен. И ете го сега, стана пред 08ч.
Во овој период т.е. околу осмиот месец почнуваат да менуваат со дремките и ги намалуваат од 3 на 2 па додека се прилагодиш можни се вакви работи. На мојата третата дремка веќе и се спои со ноќното спиење па почна да заспива порано околу 9.30 а станува во 7.30.
А замисли така цело време да си. Ненаспана јас се навикнав, а и немав друг избор тоа е. Моево е такво ноќе станува по 100 пати. Сигурно ќе вади забчиња штом не ти спие. @babydust намали и синко со дремки, сано по пола сат дремнува сега 3 пати во денот, а еднаш спиеше по 2 сати обавезно сега и тоа спиење му е сега пола сат или 1.
Од еднаш ништо не и е Синоќа лаки од 11.53 до 5.15 наутро на цицка на секои пет минути. Дали беше одморена вчера не и се правеше ништо цела вечер на цицка. Вака до сега не било. Рекорд бушење. Нема сеуште ниту еден заб никако да пробијат долните кецови. Како Том и Џери ги лепам очиве денес. А обврски еден тон прв пат седнувам сега кафе да пијам на раат конечно заспа.
Одамна не немаше, додека не сфативме дека има и 6-12 тема Гледам повеќето се префрлени тука и супер си терате и се радувам. Како почнавме со грчеви и слични тематики, а колку брзо пораснавме Ние направивме 6 пред една недела, имаме скоро 9 кила и 4 заби јадеме доручек и ручек, мн сака зеленчук а мрази овошје ( освен крушка кога ќе му измешам со ориз ). Имаме ептен мака со цицањето, со два оброка цица исто како пред да почне со дохрана. Навечер се буди на 30мин.-1саат. Заспивање и навечер и денски само на града. Сакам да направам некаква промена, кичма немам веќе од тоа цицање за утеха, без да е гладен. Да најдам начин да го успивам и презаспивам навечер без цицање.. а прежал ми е. Цуцла и шише шанса нема, се пробав, се купив.. сеа по неколку голтки од чаша само успевам да му давам. Дури се мислам дали да го одбијам скроз, кога ќе почнам по цели смени (12часа) на работа , ќе нема како да се чуваат. Поздрав за сите мајки и бебуфките