И јас од 6 месеци ја купив и одма почнав да го ставам во неа, секој ден, јадење во неа да си знај дека таму треба да јади и си има навика сега, пробај цртани пушти и или пак на тараса седни ја надвор да гледа-ова го правев од прво јас, сега му давам камионче и си игра со него,уште малку 8 месеци
Јас им пуштам песнички на тв и ги ранам. Вака од 10 месеци почнав, а дотогаш јас им пеев им зборував. Ако им дадам да држар нешто в раце никогаш нема да ги нахранам зошто го пикаат веднаш во уста.
Играчите за хранилка ми се спас. Се лепат за хранилката и додека се “бори” со сеа ја да откачи, успат си игра, рацете негови зафатени, играчките не доаѓаат до уста и ранењето завршило набрзина
Каде има вакви играчки. Јас ем мака мачам да и пикнам лажичка, ем се бориме и тргаме со лажичката. И на крај завршуваме двете со каша ишлакани.
Еве ти пример од енци менци ама ги имаш секаде различни варијанти. Битно да имат долу да се залепат и ги лепиш на масичка од хранилката и нека влече колку сака. Преокупран е со неа
И моите нејќеа,и додека ние ручаме и нив ги ставав до нас и така некако се навикнаа.Ама не ги форсирав колку издржат толку.
У 5 денес последна контрола до 11ти месец. Со ова се затвораат првите шест месеци со вакцинација. Малата е 11.5 кг со 72,5 см должина. За месец и една недела само на мајчино млеко качила 900г во шести месец. За разлика од претходните пати каде качуваше и 1.8 кг по месец. Тест за очи и за слух успешно поминати, моторика одлично овој пат оценета ( среќа у муд на движење влезе па се покажа со лазење, со стоење на раце и вртење). Дури и влезе во зона на хиперактивна али не беше спиена па објаснив дека малку така е понервозна затоа не запира. Грло преглед, уши, вагина и половина со стомачна празнина. И заби. Милион прашања овој пат. Дали има редовна столица, да покажеш на картон која боја, дали слуша на секоја страна, дали гуга и вика мама, дали се движи редовно, дали гласно се смее, колку пати станува ноќе ( ја збунив со одговорот, сакав да и раскажам за лаки и хелоу кити дека не е само моето ама да не влечам )) Килажата ако продолжли да намалува на 8от и 9от месец ќе влезе во границите на нормала. Сега излегува од високата точка на килажа за шест месеци. Од препораки кои ги добивме за исхрана се: веднаш месо и риба да се воведе, а за три недели наместо вечера житарици и овошје да и ги ставам за појадок согласно тежината која ја има. Млечните ноќни ги оставија за крај. Напомена дека килажата ќе се регулира сама и дека не смее да губи на килажа во првата година иако е со плус кг. Рече може да стагнира, но не и да намалува. Контрола следна за еден месец за исхраната како и оди. Веќе една недела учи да јаде и вкусови. Денес буквално се исплука. Многу тешко и оди. Али не се откажувам. Од утре втора недела барем 30 грама да почне да јаде. Цица после јадење на 1,5 до 2. А цицањето го пролонгираше на три до четири саати. Некако нагла промена ме плаши. И така
Вака посветена контрола сигурно не сте извршиле во Скопје. На ќерка матичната педијатарка е катастрофа,закажувам во 19:20 , влегуваме кај неа во 20:40 а работното време и е до 20:00. Многу напразно зборува а ништо не кажува,од 4-ти месец ми рече дека можам да почнам со дохрана и јас ја прашав што да дадам прво,ми вика “па што ќе најдеш во фрижидерот,дај се од овошје и зеленчук”,па така за се морам да се консултирам со други мајки,да прашувам по социјални мрежи и форуми. Искрено се надевам дека сте од Скопје,и ако може препорака за педијатарот каде што сте биле.
Не сум, ова е преглед во Германија. Уште од труднички споделувам редовно контролни прегледи за да некој покрај редовните во мкд може да праша и за плус преглед. Или обратно. Така ќе добиеме сите повеќе. Смени ја твојата. Подобро фрижидери да продава. Машала, фала на убавите зборови. Да споделам уште некоја игра додека сум расприкажана: Фрлање од картон се што има надвор: Spoiler Сликање на платно. Може и на блок лист. Од горе целофан да не се размачка: Spoiler Вртење тркалца е најновата забава. Пластикава е од релксаторот извадена. Се што се врти во круг е часовна занимација. Монивцата лево и десно се вртат. Spoiler Играчка која му ја купив на Ози лани и не ја сакаше си најде друштво. Кученцето е на батерии, лафка и се движи напред и назад и очите му светат. Па благодарение на него додека го брка да го фати можам кафе да пијам. Изгледа вака: Spoiler Седната на стомак кај мене со главата потпрена на коленици учевме тапшин тапшин танана и браво. Исто и баланс на лева и десна страна од оваа позиција ја повлекуваш. И за забава на крај како коњче да јава и таман да зајакнам некој мускул и јас Денес исто едно од прашањата беше дали играчката ја фаќа со едната рака и со другата цврсто ја префрла односно ја фаќа добро при префрлање. Секој одговор на овие прашања е детекција на болест.
Баткото мој денес е многу лош и бесен ама навистина,ме препоти цел ден. А јас сум најлошата мајка што може да постои. Ми падна од кревет по втор пат и тоа директ на фаца. Фала му на Бога нема ништо само поплака малце и се смири. За секунда дур се свртам летна. Изгледа забче ќе вади што е ваков а и кај устето како лишајче има. Во дубак више не го ставам додека не средам дома да нема ништо на дофат. Не оди туку трча со дубакот и фаќа се што ќе стигне и фрла,и директ прстите во штекер. Сега спие како јагне а јас се тресам цела од страв.
И тоа сакав и кажавме кога не прашаа да ни купат ама по нивно си купиле. Ќе видам сега што цени се. Вака неможе ептен е немирко јас во тоалет он сите илишта од душата ги истегнал.
Кај нас има вакви педијатри,детално се проверуваат, само не се под фондот.Јас моите ги носам во систина од кога се родени,секој месец , совети,прегледи,вежби,исхрана,кој месец каква играчка па за што е таа се е објаснето како што треба.
@monik55 Стави го во креветче кога имаш нешто работа. Или пак,ние имаме оградица во дневната. Не сака во неа,ама кога имам нешто работа го оставам,внатре е најбезбеден.
Машала бумбарче, јас на мојов мече му викам шишево пред недела дена му го направив и многу беше заинтересиран, го имаме и кучето, исто и кутија вака му ставам и се ваѓа од неа и фрла, имаме и подлога шарена сега и со неа се заигрува. Не лази уште мечето ама е повеќе подвижен сега. 12кг е, стагнира малку последниве 2 месеци. @monik55 в дубак само ако одам по него иначе сам не, секаде лупа и мава, сега го легнувам на под за да сработам нешто.