Знам дека е корисна, но секојдневно едно исто само јаде и ми е мака толку еднолично да се храни. Само готвам друга храна и фрлам и на крај пак палента и кисело.
И ние сме поминале низ вакви периоди. Скроз те разбирам. Не ти останува друго да нудиш и се надеваш дека ќе прифати нешто. Крај краева да внесува нешто корисно. Што и да е...
И кај нас јогуртот е највкусен.Си го сака со палента највише.Мислам дека е заради жешкото.Ќе и пројде. Инаку, да дадам еден предлог на @happygirl за водата.Мојата не пие од никакво шише.Само ги гриза цуцлите и 'рже.Пробав и со чаша авент со тврдо клунче и баш глодалка ја направи.Ама од кога прочитав дека од 8-9 месеци веќе треба да се одвикнуваат од шише, реков, ај ќе пробам чаша.Ја гриза и неа и џабе се што пробав.Инаку со лажичка пие. Кажав претходно дека за јогурт душа дава.Смешав вода со малку јогурт во авентот и нудев едно 10 мин.Таа глода, ли глода.И пивна еднаш и виде дека е убаво и така продолжи да пие.Прв пат беше тоа, да пропие од нешто.Потоа сменив вода.Не беше толку воодушевена, ама барем знаеше да пие.И така. Предлог да му ставиш течност што ќе ја сака, па потоа вода.И пожелно да не е класично бебешко шише туку варијанта на чаша по твој избор.Можеш сок од некое овошје што го сака разреден со многу вода.
На чашка затвора уста скроз, на шише исто, не ја фаќа цуцлата само некогаш си игра со неа. Имам пробано и со сок од лубеница, од праска и круша, од слива и јаболко, и домашен и на Хип, и џабе. Ме фрустрира веќе ова, купив еден куп и шишиња и цуцли сменив, и чашки бебешки/детски, и од стаклена нудам и ништо не проаѓа.
Не се фрустрирај. Сум пишувала тек сега пропи вода. Лани летото само млеко и јадење. Ако види дека те нема, може ќе пропие. Ако не ќе гасне жед кога си дома. Башка и овошјето е вода. Пробај со пластично клунче.
А со лажичка пие?Вода или било што.Дали е до водата или не знае да пие или двете? Јас решив да купам чаша со силиконска цевка па ќе пробам и тоа.
Имам и чашка со пластично клунче, баш една феминка ми ја препорача од ДМ, ама не ја сака и таа. Со лажичка ја плука и водата и било што друго. Само насабајле Д3 капките што му ги давам во лажиче со мое млеко ги пие.
Mila пробај давај и парчиња можи ќе јаде, моево така почна да јади, блендирано не сака веќе, сака да џвака, еве го неколку дена така му давам како за голем чоек
И давам и така, ама слабо знае да носи во уста. Повеќе дроби и толчи со рачињата отколку што јаде. Ако и држам јас откасува парчиња и плука. Ако е нешто меко и водлесто како кајсија и диња го јаде, а бисквита, брокула, банана на пр исплукува. Нема ум веќе што да и давам.
Денес ние ручавме патлижан, жолчка, зденка (прв пат) и лебче, се изеде, му давав со рака, ни бледнирано ни пасирано.
И мојата вака најслатко јаде. Како мало човече си џвака. Кога ќе и натопам лебче со патлиџанче се дави, право македонче вика татко ми - уште лута пиперка и ракиичка и фалело.
Одамна не можам да измолзам мое млеко, за жал. Едвај 10мл и тоа со многу болка од пумпата. Само првиот месец - два имав млеко за молзење, после откако ми се воспостави лактацијата, нема млеко за молзење
Пробај измолзи се баш пред да цица бебе. Пумпата е многу послаба од цицањето на бебето, слободно може да собереш млеко, и после бебе ќе си исцица колку му треба. Не сосема да ги испразниш градите, ама 50тина мл, колку да ја пробаш техникава што ти ја предолжиле ќе можеш.
Барам, неможам да најдам тема за седишта во кола,вртев неколку страници, да не нема таква тема? Не верувам.. Гледам има доста модели, цени од-до. Како да одберам? Предлог? Да е до кај 100е. Ако има тема, нека се префрли мислењето, стварно не најдов.