Па само тоа, го начекав за бебиња и 50ка, мислам дека на бекутан беше иначе пелени и марамици sleepy до сега се океј
Ми треба совет. Малата ја ставам на земја пошто почна да лазе арно ама ќе стигне до крајот на коцките и почнува да ги јаде, јас а тргам она плаче и пак оде до друг крај да јаде. Ефективност за лазење, нула.
Лазе, се наведнува. Пак лази. Супер ефективност за мускулатурата. Извади некоја коцка стави и подалеку во соба. Ќе лази до неа.
Неколку дена нешш страшно ја мачи бебка, а јас нз како да и помогнам. Веројатно се запчињата или некој скок. Дали има на 9 м скок? Си ја избришав апп мислев не ми треба повеќе. Прво престена да јади речиси, припишав на екстремното жешко. После престана да спие ноќе, секоја вечер имаме журки од 2 до 7, но бидејќи тоа е речиси секогаш така, не обрнав внимание. Но денес е мн плачлива и додека ја ранам става прстинњ во уста и плаче или се мава по уши и се нервира. Ја допирам зад увца, не реагира да ја болат. Сака по цела ден и ноќ да цица. Ми спие само во раце, ако ја преместам плаче. И се така во круг. Заби ли се, шо ли го мачи мојот ангел.
@Milaаа991 има скок од 33,5 до 37,5 недела,веројатно сте во тој. Ние сме 7 мес и 10 дена и истово однесување е и кај моето, му излегуваат запчиња. Еден долен кец му излезе,сега пробива и другиот. Воопшто не сака да јаде,не ми дава да му ја протнам лажичката во уста, повремено храната ми ја пие од филџан,ако ја направам потечна,но генерално ич неќе да јаде. Плаче ноќе и плачејќи се буди и заспива повторно. Постојано бара да цица. Се бута во уста,најново ми ја зема маицата па почнува да ја жвака И воопшто не ми давада му ги допирам непцата,порано сам ми ја влечеше раката да се чешка,а сега никако не дава да го допрам на непцето,не отвара уста. Мислам дека и кај вас ќе излегуваат запчиња.
И јас го имам ова супер е плус водоотпорно и не ми лизга на паркет Само јсс го земав од друго место али мислам дека иста цена се имаше три големини
Сега ја проверував и горните и долните двојки се побелени и исцрртни. За кецовите не ни сетив кога и излегоа. Додуша не јадеше и не спиеше ама кај нас е тоа нормално, па не обрнав мн внимание. Ама ова сега не се трпи. Кенкава е постојано и значи да може 24 часа на гради ќе седи. Буквално ако ја тргнам од града плачи и веднаш се буди. И само се чеша баш на позиција на долни 2 ки. И брадата и е цела со мозолчиња и уши чеша, се се тоа симптоми. Ќе чекам ќе видам што ќе испадни.
Температура 39. Други змаци на болест нема. Дадов панадол и ја искапав и раслеков. Сега е 37 со 4. Што можам др да направам? Антипиреа лепенки кај лепите? Знам не е убаво на чело. Не ќе да е од заби олку т.
Мила јас мислам од забите ви е. Имавме слична ситуација, иста температура, ја намали количината на млеко која дневно ја пие, песнички имаше омилени, сега не ги ни сака, замавнува со главата наназад, се фаќа за ушиња, ги влече, ја чешка устата и носето, лошо да ја погледнеш одма плаче, ама вриштење. Јас давав парацетамол 5 пати за 48 часа. Употребив и лепенка, на чело залепив, но не видов јас лично некое подобрување. Моментално го лади местото, челото ладно, а главчето позади и гори. Јас не би употребила не дај Боже и да треба. Туширај, пресоблекувај. Парацетамолот сирупот делуваше одма за 30 минути паѓаше температурата и се потеше. Мајче издржи, многу е тешко и болно за мајката. И следи го бебе. Највеќе качуваат во сон. Ние правевме и кс, се беше во ред. После покачената температура гребка горе запче, но не е пробиено целосно, нервозни сме, едвај заспива бебе и се буди на секој саат.
Еве после 5 часа пак крена 38 со 2 и дадов пак сируп. Да ја истуркаме ноќва и утрово ќе одиме на болница. Ме буни зш за првите запчиња не поминавме вака. Ќе видиме утре што е. Може да биде и грлце или увце. Уффф.... Не да е тешко
Сега еве идиме од кај матичната, проверивме и крвна слика се е ок. Веројатно и паднал имунитетот од тоа што вади заби и има вирусна инфекција. За 2 недели качила само 50 грама па ми даде мулти омега витамински.