Мајки синко15+ се исфрла на рачињата,а на стомачето и градите има ептен малку и ситни се. Го однесовме на педијатар ми рекоа може да е алергија може да е од куче или маче. Ни дадоа сируп за алергија и афлодерм за 7 дена се исчисти 8от пак почна да се исфрлува. Отидовме на кожен таму па ни рекоа од стомачен вирус му е,а немал стомачен вирус ни рекоа да мачкаме крема со цинк ја земав здраве и спреј sos на биодерма. Има ли некоја мајка искуство да ми каже од што би можело да е или некоја друга крема да ми препорача.
Не сум во Германија ама и јас сум сама. Ние во еден нашите во друг град. Тешко е, не викам не, ама ко шо вика @happygirl кога ќе дојдат знаат повеќе да одмагаат. Ќе видиме од окт како ќе биде, мм инсистира бабите да ја чуваат бар со пролет (ако не примат во градинка де, ако не подолго ќе е), па тоа повлекува седење тука подолго. Ќе се мењаат, шо ме чека кој знае. Инаку за второ дете, имаше период се двоумев и јас. Немав тешка бременост ниту пораѓај, иако бев царски не ми беше толку тешко. Ама еден ден се замислив и се осетив тажно да ја оставам сама да расте. Јас имам брат и колку и да сме се тепале и карале како мали, не можам да замислам живот без него. Така да, деф ќе идеме на второ, само да решам кога ќе е време.
И дали стварно после викаат дека мажите се посилен пол?! Ти си за орден. Јас ќе бев ред сзи ред мрсоли, иако нели не знаеш колку си силен додека тоа не ти е единствената опција. На пораѓај д-рот ми рече -ти мислеше ова лесно е?! Да беше лесно мажите ќе раѓаа. Ние имаме мн мака со јадење, лаком е и зеленчук сака премногу, посебно кромид, брокула, морков.. овошје да не види, одма се гади. Се пробав и нема шанси.. Од ова цицање ни јаде ни спие. Лапнува 5 лажички за 5 сек, стрвно и после се тегне за цицка и плаче и треска и толку од јадењето. До 5ти месец преспиваше по цела вечер, и заби кога ни искачаа беше ок, сега за цицка се буди на 45 мин. Најголем поборник бев за цицањето да ни успее а сега се мислам да го откажам веќе. Не гледам друго решение за да почне да јаде и спие за жал.. Со трет оброк кога почнавте?
Татко ми живее во друга град, а на мм се тука во едно село на 10 м од градот, ама одат на работа и не секогаш можат да дојдат кога треба, ете како во саботата кога ми требаше помош. Па полесна опција беше да фатам такси, од свеки да бара превоз и пак да одиме со такси. Мм беше со колата на работа, а свеки не вози. Инаку и мене кога бебе си е здраво и право ми е најубаво сами, мада понекогаш и јас сакам да знам дека некој ќе ја земе бар 1 час и да се наспијам како човек или да прошетам. Ама тоа е луксуз,... Но од др страна ние не можеме една без друга. Еве една недела тргнав на работа по неколку часа и веднаш ми се разболе. И сега си имам грижа на совест.
Второ дете сакам,сакам ќерка многу сакам ќерка ама прво да го израснам ова а и сакам голема разлика. И ние сме без помош,тука се моите да го поматкаат малце,за повише неможат. Да беа они здрави јас ќе немав гајле немаше ни во градинка да го пуштам. За другата страна се имам изјаснато дека не го гледаат често а и за чување никој нит се понудил нит па има потреба. Свекорот знае да помине да го поигра малце на кратко и тоа е тоа. Сегде си го носиме со нас и навечер во кафана кога ќе седнеме е со нас. Сега искочија со татко му јас да средам малце.
Не мора да го одбиеш сосема за да не цица ноќе. Едноставно нема да даваш да цица ноќе и готово. И јас не сакам да дојам уште долго, ама ноќе не дојам од околу 3ипол месеца кога беше, кога почна да спие по 12 саата ноќе. Минатата недела бевме на одмор, па стануваше ноќе и да не плаче таму во смештај и давав да цица. Последниот ден стануваше на 1 саат. Првиот ден дома плачеше за цицање ноќе, вториот ден пак си спие цела ноќ. Едноставно цица повеќе преку ден и не и треба ноќе. Тебе сигурно повеќе време ќе ти треба додека се навикне бебето, и нормално дека е полесно бутни цице кога плаче во ниедно време, ама ако издржиш неколку дена, ќе се навикне. Евентуално нуди вода ако фаќа шише.
Сакав да прашам како планирате да ги одбиете од ноќните подои? Јас за моево стварно не знам како би било, оти ни шише фаќа па да го залажам со вода.
Малата кај мене пие вода, да ја оставиш само со вода ќе биде. И разликува што сака, две шишиња едно млеко едно вода, ги бира. Еднаш во кујна ставам вода во шишенцето, таа ме виде и почна да плаче, да и дадам вода. Ноќни подои никако да скратиме. Еднаш до два пати цица, еднаш ад. И кога ќе се разбуди не сака да презаспие. Што би било навечер кога ќе стане да и дадам малку вода, па цуцла и да презаспие?
Јас пробав вака со вода, но почна прво да липа, пиеше и липаше, а потоа рикна за цице, само мислам дека ми е најголема грешка што јас а презаспивам, ме осеќа и е упорна. Пример спие со татко и и легнувам до нив се буди се врти и ме џапа за блузата ме тегне и почнува да плаче. Ќе биде тешко пошто оде на работа ама морам да го ангажирам маж ми.
Јас спијам во дневна кога имаме вакви периоди. Многу побрзо си се враќа во ред кога не ме осеќа до неа.
Прај второ веднаш, карактер си челичен и двете наеднаш ќе ги пораснеш. Јас мислам дека ноќно време ќе цица до 18 години. Како лепак е на цицка залепена. Изненадувачки вода пие од лажиче. Се разбира шише и цуцла не поминува никако.
Вака кога ве читам....незнам. Браво! Ви давам рака. Незнам како успевате и ми е срам да се пожалам дека сум уморна. Јас и маж ми не работиме, плус помош од баби, од кои едната на располагање ни е 24/7, другата работи 5-6 часа И пак сум уморна и не сум спремна за второ. И јас ептен сум му посветена. Го немам оставено до сега никогаш. Во 9 месеци дали 2-3 пати имам излезено набрзина на 1 час да завршам нешто. Шетање заедно, одмори заедно....иако имам на кого да го оставам во било кое време. Ама ваквите примери како Мила и најверојатно сите што сте во странство се стварно за пофалба
Ај помош... Се мрднав.. Ми рекоа може кашички со житарки ама без глутен, бебето е 8месеци, и мислев дека најдов ефни од хип во кутија ама се гледам и тие имале а јас веќе и дадов да јаде... Има ли воопшто такви без глутен и од кога се даваат овие?
Јас и дадов од овесните снегулки а е 7м, да не а згрешив работата А пред тоа имаше и гриз пробано од тој бебешкиот,ама да не не треба па да јаде?
И моето не пие од шише. Јас постепено на неколку дена му ги одбивав подоите навечер.Кога ќе станеше му давав цуцла го нишкав и презаспиваше со плачки. Уште го заспивам со доење и еднаш накај 4 часот ми станува за цицање, а пред тоа на два саати ми стануваше.
Напорно е.. Што и да фатам глутен имало :/ знаеле порано глутен што е.. Ама више од што се тресеме на се гладно ми е детево
Па педијатарот ми рече сега да почнеме со житатки само без глутен, не знам зошто претпоставувам дека млце покасно почнвме со дохран од пет ипол месеци и така се завлече натака