Житарките се хранливи, содржат се што му е потребно на организмот. Плус ги држат сите. Бебе на 8м може да јаде се од житарки. Како инаку ќе му се задоволат потребите.
Јас глутен дадов на 7+. Кога сме веќе кај житарките, давам просо, ориз, пченка, пченица и овес. Купив амарант и киноа ама не знам дали ќе му ги дадам. Друго што давате?
Само што дојдобме од одмор завчера. Лепенка 10 дена, последниот ден на 1 саат стануваше. Ни одмор видов, жива уморна се вратив. Право легнување во дневна. Првата вечер стана 2 пати, втората ниеднаш. Одма ја враќам во ред, ама дома си е дома. Само категорично нема спиење со мене во кревет. На одмор немав избор, па попуштив. Иначе ноќе нема цицање и крај. И мене еднаш да ми се најде овој лош инат што го терам цел живот : D
Вие многу сте храбри сами што одите на одмор. Алал да ви е. Јас мама ќе си ја носам, во септември ќе идеме. Се надевам од климата ќе спие навечер, иначе заеби и одмор и се дома ќе се вратиме. Да знаеш дека не секој го може ова ти што го правиш. Барем си одморила од одморот
Маж ми викаше да земеме една баба со нас. И онака ги гледам секој ден, не ми требаат и на одмор. Здравје догодина може да ја пратам во село со баба и на една недела. Мајка ми мене ме оставила, исто како сега што е сега мојава, на 7 месеца, и си отишла 10 дена во Охрид. Брат ми исто. Е така да можев, најјако ќе беше. Ама нејсе, помина. Битно имаме слики од бебе на плажа.
Ама што и правиш кога ќе стане за цицање? И јас би сакала да ја одвикнам мојава од ноќни подои, ама плаче дури не добие цице . Исто беше и со син ми, додека не го одбив на 16 месеци, се будеше за доење како новороденче.
Можеш да дадеш. Иако јас не преферирам. Не се од нашето поднебје. Хељд на Хипп млечна е, ја сака моето ,мешам со банана за вечера.
Имам пишувано во некоја тема претходно, се водам по одреден метод на тренинг на спиење. Ја оставам да плаче. До одредена возраст има техники за смирување, после тоа е комплетно без никакви интервенции од страна на родителот. Плаче одредено време и презаспива сама, и си спие до сабајле.
Majki moze da mi dadete dnevna ishrana za 11 mesecno bebe Na primer so shto pocnuvate,zavrsuvate I plus uste si cica mlekce
Ако го слушаш твојот педијатар детето на школо ќе ти тргни и уште ќе нема пробано одредени работи. 8+ сте немате воведено ниту житарки, ниту јајце, ниту млечни... а и месо вчера воведовте што би се рекло. Дај малку олабави мајка, не е голема филозофија исхраната, давај му на детето да јаде, не може само овошје и зеленчук да го држат сит, шеќери не му требаат му требаат протеини и масти.
Некој искуство слично..плаче во сон од време на време, не се буди секогаш, некогаш продолжува да спие ама така си плаче/кенка и тоа почесто на 10-15мин... И само што ќе легнам се штрекам и станувам..... Не ми правела до сега вака затоа, денес малце главчето си го удри како седеше се клацкаше и падна наназад и плачеше многу душиче колку се жални кога плачат така а не можат да се пожалат, да не претерувам и јас сигурно не и е од тоа
И официјално после 2 часа пискање до заоѓање се појавија 2 нови заби. По која логика и редослед 2 ки горни, без претходно да излезат единици не знам. Битно овие заби маста ми ја извадија. А за малку ќе дадев антибиотик, црвено грло, како па да не.
Јас контра го фатив глутенот. Додека јас читам кај има или нема прв го дадов за да не се замарам понатаму
И на мојава дуда први двојките горе и излегоа. Ама мнг брзо дојдоа и кецовите. Сите 4 малтене искочија заедно. Со лесно.
На моја дуда отцртани и беа долните 2 ки и глава сечев дека тие први ќе излезат. Изгледа и неа и растат одеднаш повеќе заби, затоа толку температури, не јадење, не спиење и плачење синоќа. Првите не ги ни сетивме, ама овие ми наплатија и за нив.
И јас мислам дека нови заби ќе ваѓа синко, устата само стегната ја држи и по цел ден само си кемка, значи не престанува, само прај Мммм мммм мммм ноќиве ви ги имам раскажано веќе познато ви е и првите и другите за сите ваков беше...многу е напорен, душа ми извади...
Абе за првите не спиеше, ама не плачеше, си играше. Додуша она од 4 м не спие, па не сетив мн мн нешш. Ама сега пискање исто како грчеви кога имаше. И дадов панадол и ја намачкав со крем за непца и даде Господ поспа 3 часа. Па после пак 2 часа пискање па пак 2 часа сон. Не да сум уморна...