Можеш, зошто да не, баш добро дело ќе направиш и ќе помогнеш Ништо нема да му биде на бебуш, мајчино млеко е
@happygirl нормално дека да. Колку деца порано растеле со wet nurses, башка и во поразвиени земји во болниците се стремат на новороденчињата да даваат донирано мајчино млеко од лактариуми наместо АД. Така да не гледам причина да не би излегла во пресрет. Одговорив и во доење, еве тука и подетално. Баш супер што си се понудила и што би излегла во пресрет. Не гледам никакво табу во ова.
Му дадов на бебчо да цица, беше многу гладен. Другарка ми ми кажа дека после пола саат си заспал. Се надевам ќе имаат мирна ноќ, па од утре сабајле ќе си цица пак од мајка му. Фала на сите
Мајки а на мене сабајлево ми се закачил крлеж, додека чекав ред во болница падна, ме прегледаа рекоа не останало ништо, на инфективна ми дадоа антибиотик превентивно. Сега не знам смеам ли да го дојам малиот на три оброка е ама и сака да цица. Имам замрзнато млеко може да му давам ама не знам како да постапам. Плс хелп
Амоксиклав ти дадоа? Со повеќето антибиотици може да се дои. Јас имам пиено и амоксиклав и алмацин и доев.
Амоксицилин ми дадоа, ми кажаа со тој антибиотик смеам да дојам. Мене ми е ради крлежот да не има некој проблем доењето
Фала ти многу, овде мојата матична ми рече два три дена да не му давам да цица, се јавив во Систина ми рекоа дека може слободно
Моето на 4 месеци го доеше брачеда ми, требаше да се молзи бидејќи има прематурче и јас и го ставив мојов и тој смок прав ја исцица цела
Добро вечер мајки, сезнајки. Одамна не бев активна поради обврски на работа, но би сакала да се посоветувам со некој. Бебо мој е 11+, од 8+ започнав на работа и е со дадилка. Сега за сега добар е, дадилката е доста педантна, му готви, го шета, го пресоблекува, храни. Но, јас не знам што активности му прави, дали му пее, му збори, му чита и сл. И не знам што поточно прават/треба да знаат бебињата на оваа возраст. Не можев да најдам друга тема, па ако не ви е тешко споделете. Што прават вашите бебуши.. Плескаат ли со рачиња на браво? Мавтаат на чао? Покажуваат ли со прст? Зборат? И слични работи... Фала однапред.
Веќе би требало да вика браво, да дава пољупче, да кажува чао, па и првите зборови треба веќе да почнат.... Со прсте моето подоцна почна да покажува,ама гледам дека на таа возраст има дечиња што покажуваат. Секое дете е различно
Добро вечер мамички конечно заспа малиот господин ме измачи еден час со постојано плачење ниту цицање помага ниту ништо уште не може да се смири иако е заспан кажете ми дали има некој скок во развој или запчиња се во прашање инаку 7+ сме а немаме ниту еден заб.Некако ми е чудно ова само навечер се случува преку ден си е супер
И мене ми е малата 7+, и има чат-пат такви денови, кенкава само после 9 навечер, не плаче, повеќе лута е. Така до 9 сабајле. Во 9 ќе стане, ново бебе. И супер си е цел ден. Последниот пат дури се мислев да и дадам сирупче за болка, да не и се забите. Обично е само една ноќ во прашање, ама со оглед на тоа што редовно спие цела ноќ, вакви дешавки се драматична промена од секојдневието. Ама бидејки во истиов период почнува да лази, мислам дека е пак скок во развој, учи нови работи. На околу 4-5 месеца кога имаше ваков период, научи да се превртува.