И јас тоа се мислев што треба да знаат одприлика.. Да, јас давав биогаја и регулираше, може не одма ама следниот ден полнеше пелена
Што да правам малава чкрипи навечер со забите и неќе да спие од тоа, гриза цуцлата за заби што е ама џабе..
@mama*rose @Spidy И ние сме 7+ и три дена навечер се дере во сонот изгледа е некоја фаза, до душа и жлебињата и се бели ама па првите две заби ги извади без проблем.
BabyT*,Spidy Се надевам дека е некој скок во развој зашто сега се разбуди и како ништо да не било весел е гуга меѓутоа навечер сме друга приказна едвај се смирува.А и денес сме на свадба па ваљда нема да биде таков
Се е собрано. Заби+развој+храна и многу работи и се појасни од претходно. Кај мене некна пред спиење пола саат плачеше од ништо буквално. Се пробав и не и погодив. И на крај се откажав. Дојде мм ја сврте на стомак и во моментот заспа. И онака остануваш со фаца као “жошто ова мене ми се случува!”. И преку ден не е мирна. Многу тешко заспива нон стоп се движи и врти кругови. Како на норма да е. Импресионирана е од себе си, друго објаснување немам.
Мајки пишувам овде како поискусни доилки со стаж. На една града имам голем број на запишени млечни жлезди. Градата ми е мека ама не тече млеко и се чувствува како да е полна. Го ставам бебе цело време ама неке да влече во празно нормално, два до три пати и тоа е. Масирам, се туширам па измолзувам ама никако да ги разбијам. Некој совет од вас? Фала ви
Мојата скоро 10, помала е, но плеска со рачиња за тапшини, покажува со прст кон предметите што ги сака и мавта за чао. Вика мама, баба, тате, деде, дете, тете, ете, ајде. И точно на секој му се обраѓа.
Да, се дава. Мораш да масираш, под туш, под пареа, да се ослободат каналите, да не дојде до мастит. И облози со ациди борици можеш да ставаш.
Исто.. И му викам на маж ми, ме скрена малата, ех вика како да не и после му покажа убаво. Значи неподнослива е, само кенка, плаче, сака во раци, па не сака, сака да си играе, па не сака. Трпение - спасение Не била само мојата така, цела екипа на мајки со крај на нерви
Дај му грозје, ќе видиш како ќе се испразни И мојов плачко така прави скоро секоја вечер пред заспивање, плачи за ништо, а и денски исто многу често, еве баш сега заспиваше, цицаше па плачеше, па пак цицаше, па едвај заспа Истиве зборчиња и синко ги кажува, (ајде, деде, тете, тате, тато, баб, баба, мама, мам, ете, ејјј, еве ) но не знае кој е кој уште, не се обраќа, сам си зборува знае ако го прашаш кај е топката, се врти кон неа, исто и за џипот и за багерот омилени играчки му се тие 3 (после тепалото за муви, далинското, телефони, лажици.......)
Уф и ние сме за никаде. Само вришти и пишти. Ноќе се буди на пола саат,пишти во спиење,сака да спие во раце,ме скрена. Две запчиња убаво се гледаат,мислам дека сега долните двојки се спремаат да излезат. Се намачивме со овие заби.
Што и да е дали заби или скок во развој нека помине што побргу па да си ја фатиме рутината што ја тераме зошто вака ќе се мрднам
Не си ја истренирала добро да каже мама Јас ја отепав со 'мама' Сегс кажува и баба, дада, тата по цел ден брмчи
На обравчињата како рапаво приметувам вечерва, тоа е сигурно од храната како реакција. Се повлекува само или го мачкате со нешто?