Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Nie eve sme pak so tecna stolica dva dena a denes i povrajkajne,gore nepceto i e mnogu nabrano mislam deka se zabcijnata ama ova sto denes dosta povrajka malce me zagrizuva :| (inaku retko povrajka od jadejne ili mleko ama denes okolu 3pati )
    Vas koga vi izleguva zabcijnata malite povrajka ili??
    Malce se grizam pa nekoj da spodeli mislejne,inaku imame dve dole zapcijna a sega se spremat gore.
     
  2. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    1.135
    Не сакам да те плашам ... проливот е симптом за забче ама повраќањето не е. За жал може да е некој вирус, би ти рекла да ја однесеш на лекар за да си мирна ...
     
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Веќе пишував претходно за тоа дека ќерка ми откако наполни 7 месеци почна да не спие, да е раздразлива, нервозна, постојано нерасположена, проследено со ждригање и повраќање. На крајот, после еден ипол месец лутање, заклучокот е јасен - реакција на лактоза. Ни еден доктор не ми даде конкретен одговор или стручен совет за кој можам да речам дека бил на место. Сите размислуваа на глутенска алергија или „задоцнети грчеви„, а дури добив и некои иронични одговори кои страшно ме иритираа, бидејќи јас го знам своето дете па не е во ред некој да ми каже дека си умислувам дека постои проблем.
    Помина една недела откако го средивме нашиот проблем, па се надевам дека ќе помогнам на уште некоја мајка. Дијанозата и решението ги најдов сама, случајно, на еден американски сајт.
    Реакција на лактоза. Овај проблем го имаат дури 40% од децата кои се на ад или кравјо млеко. Симптомите се јасни: тврда столица, не многу мочкање, немирен сон, раздразливост, ждригање и повраќање. Ова се симптоми кои покажуваат алергија на лактоза а додека пак се во поблага варијанта, тогаш станува збор само за осетливост на истата. Најчесто алергијата се однесува на млеко кое е примено во чиста, течна состојба, а не и на она кое го користиме за спремање на цврст оброк.
    Малечката моја конечно се врати во нормала. Нема неспиени ноќи или нервоза. Малку се измачивме со избегнување на млекото бидејќи не заспиваше ама после два-три дена се среди се. Пред секое заспивање пиеме чајче од Бекутан за добра ноќ. Ги имаме редовните три оброци и плус две ужинки кои се состојат од чисто овошје.
    Мамички, за било кој проблем барајте на интернет. Бидејќи нашите доктори и не се толку спремни за некои ситници, кои не се опасни по живот ама сепак знаат да направат голема збрка.
     
    На marchi-cool, leona83, l-a-d-y-di и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    1.135
    Баш ми е мило што сте подобри!!! Иако ми е жал што се соочивте со ваков проблем.

    Со лесно во иднина. И да, тоа е тој мајчински инстикт кој ниеден доктор не може да го побие.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    леле мајки јас ќе пукнам веќе, физички сум исцрпена за спиење а почнувам и психички да попуштам, малиот мој последнава недела дена е тотално сменет како да не е тоа дете. Порано си цицаше сега и се тегне на цицка несака да цица и се бута во неа како никогаш да не видел, и ќе цицне малку па плаче па пак така и никако седење мора да шетам за да го дојдам и тогаш едвај цица смирено. Навечер ми се будеше на 1-2саата ама ќе си цицне и продолжува да спие а сега ќе се разбуди со вриштење плаче и едвај го смирувам, несака да цица се превртува на спална и плаче па станувам го нишам во раце низ цела куќа и незнам до кога вака. Дали е скок во развој, дали се заби незнам ама знам дека не се издржува давајте утеха од искуство до кога вака ќе потрае ли уште многу
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.084
    Допаѓања:
    328.622
    Пол:
    Женски
    Мила па појдите на лекар.Зошто да се мачите и ти и бебето? Можеби го боли нешто но неможе да каже.
     
  7. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    бевме пред 2дена на редовна месечна контрола и кажав на педијатерката ми рече дека е сосема нормално дете било ќе сменило уште многу пати, го прегледа рече дека е добар
     
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Ах, за педијатрите се е нормално. Ти дадоа ли барем некој совет како полесно да ја поминеш таа нормална фаза?
     
  9. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    ништо посебно, за непцата гел да го мачкам, да спие на поладно да не му е од жешко, совети кои ги добивам од мајка ми и цело време ги применувам. Се си мислам да го однесеме кај друг на преглед може ќе ни даде поконкретни совети како да постапам а не како мојата што ми ги кажа работите што и јас ги знаев
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.084
    Допаѓања:
    328.622
    Пол:
    Женски
    Еднаш ја носам керка ми со мн висока Т и високи леукоцити кај тогашната педијатарка .И она ми тврди се е од забите не е ништо давај само витамин Ц.
    Јас од таму појдов во Свети Лазар каде констатираа бронхит .Ете колку се стручни лекарите.Барајте второ мислење кога се сомневате во првото
     
    На mila25ve му/ѝ се допаѓа ова.
  11. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Супер:) баш ми е мило, а ти реков дека може е алергија или нетолеранција. А фактот дека сама си открила кажува за стручноста на докторите.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    1.135
    Јас досега три докторки сменив ради тоа. На крај излегува децата упропастени од што само штанцаат пациенти, а не те слушаат што имаш да кажеш.

    Овде на форум минимум три рековме нетолеранција е а они ја убедуваа дека не може да си го трпи детето.
    Наново се нервирам со секој еден ваков пример.
     
    На anina и joy1 им се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Проблемот со нашите педијатри е во тоа што чекаат се црно на бело. Не пратија прво да проверам серумско жжелезо и CRP. Па брисеви на нос и грло. Па ректален брис и копрокултура. Па алерго тестови. Се беше чисто. Не укажуваше на ништо. Сите каде бев си ги креваа рамената под оправдување дека ако има било каков проблем или нетолеранција, ќе има дијареа а не запек. Нема да напредува во килажа и сл. Значи сите доктори одат по книга и никој не излегува надвор од таа граница. И јас читав на интернет и се е така како што кажуваа тие. Но ова е 21 век. Постојат е - библиотеки. Ама нашите не се замараат за тоа што истражувал некој доктор во Њу Јорк бидејки кај нас децата не умираат од тоа.(facepalm) Ако не е опасно по живот не ги интересира. Дури и си земаат за право да се потсмеваат ако те видат по трет пат за истата работа. Па превртуваат очи и на крај ти кажуваат „Мајка така растат деца, што си мислеше ти?„ или „Ах вие младите многу филмови гледате„:envy:
    Е наредниот пат кога ќе одам на советувалиште на истата докторка ќе и кажам „Е докторке има и писмени докторки, што си мислеше ти?„
     
    На Nova и l-a-d-y-di им се допаѓа ова.
  14. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    1.135
    Јас дури мислам дека алерго тестовите на таа возраст се залудни затоа што не се релевантни.

    @joy1 грешам?
     
  15. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Прават тест за алергија на млеко. Тој и уште два - три се прават и на бебиња.
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.084
    Допаѓања:
    328.622
    Пол:
    Женски
    обично ретко кај бебе ке покаже алергија преку тест на било што.Ако на пр покаже алергија на казеин тоа значи дека бебето е мн мн алергично на него иако на резултатот ке пишува низок степен на алергија.Затоа и се препорачува тек после три годишна возраст да се тестираат.
    ЈАс сум на одд за белодробни и градни заболувања и кај нас испод 5 години не примаме деца за алерго тестови,нив ги пракаме на педијатрија :)
    Правиме прик тест со грепкање на кожа.Се става мало количество од алергенот и се чека реакција на кожата.Лично не го препорачувам тоа за мало дете бидејки може панично да изреагира.Подобро е преку вадење на крв.Колку ке биде точен тестот не би можела да кажам за тоа нека говорат статистиките.
    Анина вие сега сте алергични на млеко?Не сум во тек..внимавај ако исфрлиш млеко и млечни производи ке губи и мн калциум.Ке мора да го внесувате преку нешто др обавезно.
     
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Немаме алергија туку осетливост на млеко во течна состојба. Кисело млеко и урда давам.
     
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не би требало да претставува проблем тоа што ги исфрливме 500мл млеко.
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.084
    Допаѓања:
    328.622
    Пол:
    Женски
    Нема.Мојата млеко не пие воопшто,не пијам ни јас.Надокнадуваме со млечни производи,преку спанак,зелка,кромид и јаткасти плодови :)
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    1.135
    @anina форсирај кисело млеко и млада урда ако може да најдеш во нејзе има најмногу калциум.
     
    На leona83 и anina им се допаѓа ова.