И ние за 10тина дена 7 ќе полниме, манипулира со сите само за да добие нешто. Ако нешто и спречиш, се затресува со рацете и нозете и намуртена фаца (мислиш којзнае колку е нервозна). Вчера јас ја заспивам, татко и ја бакнува, она со раката го трга. Проба пак мм, она пак го трга го одвраќа. Мора се да е по нејзино. Се фаќа, се фрла. Те гледа во очи, фрла на земја играчка, ја караш. Зема друга, фрла и се смее. На плажа почна да ме одмолзува, млеко шприца на сите страни. А за каките? @FreeMind Тоа не се повеќе каки мама, тоа се гомненици. Откако почна со дохрана јас незнам од каде ги ваде тиа г***а.
Како... На плажа за жива глава не спие. Бела дојдов на одмор, побела ќе се вратам. Таман ќе заспие во транспортерот(во колата), ќе се симниме некаде да прошетаме и се буди. Ме радува што сака нови рсботи, луѓе, кај сите оди, и зборуваат на грчки она се смее гуга. Нема некој што не ја задена, што не и зборуваше Само игра со играчки, се бања, праве глу глу(се напи вода). Ама пливање, смешна е. Многу вода има испиено откако сме на море. Многу е жедна. Ако не фаќат шише, тешко вас. Кога ќе рикне за јадење или вода во колат или на сред џамбо и правам ад. Плаче за во морето, штом ја внесам се смее. На плажа ја доам, ад, и и носам од јадењето што и го спремам дома (телешко/пилешко, ориз, компир, кромид, пиперка,, морков-комбинации) и си крка. Водата ја огладнува брзо. Навечер имаме мака со заспивање, прекапана е и неможе да заспие па плачки имаме многу. Додека да ја спремиш за на плажа ти требаат часови а гарант ќе заборавиш нешто. Почна да вика мама (посебно изразено кога и треба нешто). Не смееш да одиш во вц, не смееш да се бањаш. Еднодтсвно, не смее да те изгуби од видик.
Накратко ти пишала @LoveHope Ние многу слично. Одиме на појадок кај 8ч па на плажа, она е станата, појадува каши готови, со нас додека појадуваме. На плажа со сите се задева, писка,се тегне, фаќа песок да го јади. Во водата, жаба, прета, се смее, извади ја надвор плачки Преспива на плажата, тоа и е најубаво, под сенка накај 10ч до 11ч, пак се бањаме и до 12ч назад. Еве сега прави втора дремка, кога ќе стане ручаме (пак готова каша со зеленчук /месо) и кај 5ч пак на плажа до кај 7ипол и излеваме на вечера. 5ден сме овде немаме како што треба вечерано, се се тегне, плаче, па еден јаде набрзина друг шета и обратно и сиктер во соба Е тука почнуваат драмите на пискање до бесвест едно 45мин и така се успива, па вечерта уште 4-5 пати писка Се траќа ако ја легне некој на кревет, се траќа ако и земат нешто, во главно си е весела и насмеана и на секој пола час има вакви драми Дека ќе одмориш, тешко. Како онаа сликата 'мајка не оди на одмор, туку оди да го чува детето во друга држава' . Баш така. Но има преубави моменти кои нема да ги памте ама тука се мама и тато со штракање слики на секоја секунда
Кај нас чудо се случи на одмор, 4 дена бевме во Охрид. @FreeMind сите 3 ноќи заспиваше одма кон 9 и пол 10ч, стануваше само еднаш во 5ч и потоа во 8ч. Ова само таму си дојдовме дома само првата вечер вака спиеше и после по старо Иначе мн сакаше во вода, но само до газето го мрцкав, бидејќи е ладно Охрид за бебе, во жешкото дома од 1 натаму, па кон 18ч в град одевме и така.. се на се јас на одмор се одморив навистина бидејќи спиев прв пат во 8 месеци по 6-7 саати без прекин, не бев мн на сонце и тоа било одмор бидејќи сонцето уморува и такаа.... в година Грција секако, здравје
Мојава пак на одмор сега, станува почесто за цицање и од дома, на секои два часа. Дури и секое будење и е со плачење. Не знам дали има врска со нова околина или тоа што за еден ден влага во 5ти скок, којзнае. А иначе ужива во вода и си спие убаво преку ден и на плажа.
Моево исто како мене е сите така велат, а свекрва ми мн се нервира засега нема ниту една црта на татко му освен тежината
Зошто па да се нервира свекрвати. Хаххах Мојава па копија на свеки е. Дури и куса е како неа и со сини очи и покрај шо ние сме кафени. Сите се смеат да сме си роделе друго бебе ова на баба и било.
Добри сме. Не ми е дома затоа. Она прво негираше дека е на неа. Демек на татко и личела. Па ќе сменела... Да не сум се лутела јас... Сега веќе си признава, ама пак вика ќе смени де. Не се лутам јас, нека е само здрава и жива. Само ми е мака што ќе е ниска.. Хахха
Хаха е мене дома ми е, долу се тие, но со нас е девер ми, исто како заедно да сме шо знам се нервира дека не е на нив
Mojava vcera napravi 8 meseci vika babaaa baba prvo zavika pa.posle mama,dada,nana i ceee i prajme taaa deee hahahahh
Да пишам импресии од прв ден на работа Бебе било мирно си јадело не плачел ама затоа не спиел 4 ца неможеле да го успијат,кога се вратив сите беа како на маратон да трчале. Јас како изгубена бев еден куп смешни грешки направив на кој се смеам самата.
https://www.facebook.com/314219798632980/posts/2366976830023923/ Ovie gi ima i tableti shumechi vo apteka i pisuva deka se i za doencinja, jas gi piev i delibaat
Стави повеќе вода, јас имам правено со 1 мало лажиче во ѓезве за кафе што бери 3 кафиња, полно со вода и вари 10-15 мин кога ќе видиш дека се згуснува водата е готово и само процеди