И мене ме интересира.. Сеа пробав да и дадам со шишенце не го сакаше   а ќе мора да почне да пие зошто само така се успива
Мајки совет, бебе имаше стомачен вирус со оклу 6-7 столици во денот ептен течни и "рафално" излегување, со претекување од памперсот (извинете на описот). И крвната слика потврди дека е вирус. Докторот ми кажа дека ќе помине за два дена, ама еве не поминува или јас мислам така? Бебе има по 4-5 столици во денот, како што ги опишав погоре. Само кога ќе јаде кашичка наутро, таа столица и е кашеста накај водена и со боја на кашата, а другите се жолто зеленкасти и течни. Е сега бидејќи беба претходно какаше еднаш на два дена и речиси тврда столица, можно ли е вирусот да е поминат а таа да смени и да си кака по речиси секој оброк. Инаку беба ми е ослабена, и се стопија образите. Од терапија линекс капки само. Синчето на другарката од кого го закачи вирусот имал и темп и повраќање, а и уште го држи вирусот веќе 5-6дена, правеле и к.слика, дошло до тоа да и дадат течност за рехидратација.
Зависи кој како реагира. Електролити за бебе не ти дадоа? Ќе помине али следи ја да не дехидрира. Ставај на почесто на града.
Мајки бебе уште малку полни 9м и 8.5 кг, имам транспортер што и е прилично тесен и неудобен и некако не ми баш стабилен т.е лесно се узлизгува од каишите и имам седиште +12м за над 9кг.. Кое да го користам за патување 5+часа?
Малата ми е долга и слаба. Нема 9кг ама е подолга од транспортерот што го користиме секој ден во кола. Кога тргнавме на одмор пред 2 недели ја ставивме во седиште за над 9кг, и многу поудобно и беше, само беше наместено на најлегнатата позиција. Пак беше поисправена споредбено од транспортерот, ама убаво стегнати каиши и нема гајле.
Ми дадоа и електролити ама еднаш на 2 дена, зошто 250мл се и не може да ги испие во 1 ден. Место да сопира проливчето мислам дека е почесто но количински помалку. Докторот вика тоа е, линекс, електролити, течности вода и да цица. Ми кажа исто и оризова вода и вода во која се варел морков можам да и дадам. Плус на се, свекрва ми кашла, нос и тече, амоксиклав пие, се молам да не префати бебе. Во вторник одиме на одмор, би требало да помине вирусов до тогаш.
Колку време трае фазата на кемкање, плачење и (не)спиење на цицка пред да избие заб? Никако забов да излезе недела дена е ваква ништо не и се прави само плаче, се лигави и не спие речиси ич. И нон стоп е на града.
Mojata kerkicka taka pravi okolu mesec dena i uste nemame zab. Se nerviram i taa se maci, ama sto da pravime. A na batkoko izleze bez nisto, samo vidovme koga se pojavi.
Hahaha sekogas iskreno Mojata od treti mesec ima nabubreni dolni desni i sega se beli, a uste nemame zabce. Sega sme 9,5
Индивидуално е, и за секој заб е различно.Кај нас долните 2 заедно излегоа по 3 дена кемкање и гризење,ама горниве по месец дена.Некој ден е подобра,некој ден е скисата и тоа трае и трае и трае.... Таман ќе речеш,еј супер, излегоа и оп, дежа ву.Да не те разочарувам ама нема крај ова со забиве.Па тек кога ке почне да те гризе за цицка....оф оф.
Мене малата ми се изналигави на околу 5 месеца, заби немаше, по некое време престана. Сега на 7ипол месеца еве ја пак утоп на вратот. Ни има заби, ни изгледа ко да ќе има скоро. А стиска со непцата, мислиш ќе ти го скине прстот како запнува. Битно џвака. Мрда со вилицата како козичка кога јаде трева.
Исто и кај нас долните 2 заедно, па одмор 1 недела па пак плачки па др 2 долу, па одмор некоја недела па пак плачки па горните единици......до бескрај ова со забиве, само се повторува истиот процес и само вртиме во круг.
До 3 години. За првиот заб така беше од 2 месеци до 8 месеци кога на 8+ изби првото забче (може не била цело време таква ради тоа прво запче). И така секој месец по некој заб... Малата моментално е 2г и 4м и и фали само уште една петка. Иста е како бебе да не речам бетер. Имам надеж (немам ама ај) дека ќе се смири кога ќе избие и последниот заб.
Таман излегоа горните 2 ки и се смири малку, ете ги сега испупчени горните единици. За среќа засега не е мн плачлива, но денес цел ден не преспа повеќе од 15 м, а заспа дури во 12. Дали има врска ова со забите нз. Се тешам дека е до нив. И дека не јаде зарад нив. Уствари јаде к. млеко и павлака. Павлака и давам по малце, ама имам чувство дека ќе ме утепа некој ден и ќе изеде цела чаша. Толку што ја сака, а јас ич не сакам да јаде тоа, ама поарно нешто од нишш. Вчера ми украде од рака пржен компир и цел го изеде со сласт. Плачеше и ми викаше ам ам за уште. Ај и дадов уште 2, абе и мене ќе ме изедеше. Ај денес и направив печени со путер, абе прсти да излизиш и само 2 касна. Изгледа тоа што не и даваме и е стрв. Или до солта е. Чудно дете. Последна надеж имав за хипп болоњезе и ноќна со какао и ништо. Од болоњезето изеде пола, а од таа со какао 1 лажиче само. Едвај чекам да излезат забите и оваа фазава со к млеко да и помини. Ме теши само тоа што откако излегоа 2ките почна да јаде неблендирано, па си велам ќе почне повеќе да јаде сега кога ќе и излезат повеќе заби. Можеби вака и се досадува.
Да се преселам ако е до три @Milaаа991 ти добро си поминала со пола тегла болоњезе кај мене само две лажички и одма како нагони за блуење доби и ја тргнав на страна.